30/05/2026
🌱 Од ESG принципи до Нула отпад – заедно ја градиме зелената иднина на HORECA!
На 23 мај 2026 година, во рамките на проектот „Green Future of HORECA“, ja реализиравме првата интерактивна и инспиративна работилница посветена на промоција на креираните материјали. Учесниците имаа можност да се запознаат со ESG концептот (Environmental, Social, Governance), европските трендови и начини за интегрирање на одржливите практики во секојдневното работење, образованието и обуките.
Посебен акцент беше ставен на Едукативниот Водич за ESG, преку кој учесниците работеа во групи и кокреираа. Работилницата покажа дека одржливоста не е само стратегија, туку и практичен пристап кој може веднаш да се примени.
🍽️ Вистинско освежување беше практичната сесија „Zero Waste Cooking Experience“ водена од познатиот блогер, ТВ водител и креатор на Cooking with Branko, Бранко Попоски. Преку демонстрација и интеракција со учесниците меѓу кои и гости од Италија, Словачка и Естонија, тој покажа како креативноста во кујната може да придонесе за намалување на отпадот, поодговорно користење на ресурсите и поголема одржливост во гастрономијата. Учесниците активно се вклучија во подготовката и дегустацијата на јадења создадени според принципите на готвењето со нула отпад.
✨ Работилницата уште еднаш потврди дека комбинацијата на знаење, практично искуство и соработка е клучот за создавање на поодржлива и поодговорна HORECA индустрија.
Благодарност до сите учесници за активното учество, инспиративните идеи и посветеноста кон создавање на позелена иднина! 💚