Факултетско Студентско Собрание на ФИНКИ

  • Home
  • Macedonia
  • Skopje
  • Факултетско Студентско Собрание на ФИНКИ

Факултетско Студентско Собрание на ФИНКИ Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Факултетско Студентско Собрание на ФИНКИ, Campus Building, Rugjer Boshkovikj 16, Skopje.

На ФИНКИ му треба зграда! Министерство за образование и наука/Ministria e Arsimit dhe e Shkencës Влада на Република Севе...
20/03/2024

На ФИНКИ му треба зграда!

Министерство за образование и наука/Ministria e Arsimit dhe e Shkencës
Влада на Република Северна Македонија

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје согласно одлука од деканатската управа организира мирен протест на 21.03.2024 (четврток) со почеток од 12 часот пред зградата на Владата на РСМ.

На протестот пред владата на РСМ, ќе се одржи 25-та редовна седница на Наставно научниот совет на факултетот.

Со цел укажување на власта за потребата од подобрување на условите за студирање на студентите на Факултетот, започнуваме со серија на мирни протести, се до остварување на целта.

Воедно ги повикуваме сите лица кои сакаат да го подржат факултетот во остварување на нашето барање се добредојдени.

Со почит,
Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство

Пријавете се и ве очекуваме!
14/09/2023

Пријавете се и ве очекуваме!

Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во периодот од 18 септември до 29 септември 2023 година, организира подготвителна настава по математика и ...

Доколку сакате да се приклучите на нашата работа, дојдете вечерва!
17/05/2023

Доколку сакате да се приклучите на нашата работа, дојдете вечерва!

03/05/2023

Почитувани студенти, Ве известуваме дека изборите за претседател и членови на ФСС за започнати. Инструкции за гласањето имате добиено на вашиот студентски маил.

26/02/2023

Почитувани колеги,

Би сакале да ве известиме дека оваа година на роденденот на ФИНКИ, а воедно и на доделувањето на дипломите, ќе се доделуваат и награди за најдобри дипломци според одредени категории за кои токму вие треба да гласате.
Доколку сте дипломец или пак знаете некој кој е дипломец, гласајте на овој линк 👉https://courses.finki.ukim.mk/mod/feedback/view.php?id=126558

Категориите за гласање за нај-студент се:
- Кандидат за најорганизатор/ка од дипломираните (некој/а што помагал при организација на настани и активности во склоп на факултетот)
- Кандидат за најнатреварувач/ка од дипломираните (некој/а што учествувал на голем број натпревари како ДИГИТ, Информатијада, КАЛУ...)
- Кандидат за најколегијален/на од дипломираните (некој/а што најмногу помагал на другите колеги)
- Кандидат за амбасадор/ка на ФИНКИ од дипломираните (некој/а што успешно го претставувал факултетот на надворешни настани)

Напомена: Анкетата ќе е достапна до четврток (2-ри март).

Поздрав,
ФСС ФИНКИ

📣 ФСС ФИНКИ објавува повик за понуди за апсолвентската забава на ФИНКИ, 2023 година. 📩 Ги повикуваме сите заинтересирани...
27/12/2022

📣 ФСС ФИНКИ објавува повик за понуди за апсолвентската забава на ФИНКИ, 2023 година.

📩 Ги повикуваме сите заинтересирани ресторани со капацитет за најмалку 300 гости да ни испратат понуди со опции за менија и можни датуми за одржување на забавата на [email protected]. Понудите потоа ќе бидат приложени пред сите апсолвенти за да се изгласа најповолната.

12/11/2022

❗️ ФСС ФИНКИ категорично не се согласува со предложените измени на законот за субвенциониран студентски оброк.

Целта на истиот е да обезбеди средства за сигурна и здрава исхрана на секој студент, без разлика на финансиската состојба на неговото семејство, годината на студии, примањето стипендија или бројот на положени предмети.

Нашиот став е дека законот треба да биде флексибилен во однос на зголемувањето на цените на храната, но кога се работи за тоа на кој студент треба да му следува оброк, одговорот е јасен - на секој студент. ✊

Прочитајте во кои сè фитнес центри можете да добиете студентски попуст! 💪
06/11/2022

Прочитајте во кои сè фитнес центри можете да добиете студентски попуст! 💪

Соопштение за првиот академски час за сите бруцоши! 👇
30/09/2022

Соопштение за првиот академски час за сите бруцоши! 👇

Почитувани студенти, Ве известуваме дека на 03.10.2022 година во 15:00 часот во Филхармонија на Република Северна Македонија ќе се одржи првиот академски час за учебната 2...

🙌🏼 Драги наши идни и сегашни студенти, ФСС ФИНКИ ве поканува на првата досега ✨ориентациска недела✨ која ќе се одржи од ...
20/09/2022

🙌🏼 Драги наши идни и сегашни студенти, ФСС ФИНКИ ве поканува на првата досега ✨ориентациска недела✨ која ќе се одржи од 26ти до 28ми септември во просториите на нашиот технички кампус.

Следете нè за да дознаете какви настани и предавања ви имаме спремено и споделете го настанот со сите бруцоши што ги знаете! 😄

27/07/2022

🔔 Во тек сме на изработка на прирачник за ФИНКИ, со цел да можат наредните генерации на студенти полесно да доаѓаат до потребните информации, но секако би помогнално и на постарите генерации.

🤝Како дел од темите во прирачникот се искуствата и советите од студентите. Ве молиме да одговорите на следниве прашања според вашето искуство. Вашиот придонес може да биде забележан!

🙏Благодариме однапред!

👉

Address

Rugjer Boshkovikj 16
Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Факултетско Студентско Собрание на ФИНКИ posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share