Дефектолог.мк - Игра, учење, развој

Дефектолог.мк - Игра, учење, развој

Share

👩‍🏫 Дефектолог со љубов и посветеност
💡 Дневни совети за поттикнување на развојот
💬 Поддршка за родители и мали херои

03/12/2025

❣️

03/12/2025

Дедо Мраз е симбол на празничната магија, црвениот костум, белата брада, подароците и топлината што ја носи. За повеќето деца, средбата со него буди огромно воодушевување, но за некои може да биде и збунувачко или застрашувачко искуство.
И сето тоа е нормално.

Како реагираат децата?
•Некои со насмевка и возбуда
•Некои со недоверба и дистанца
•Некои со страв и плачење

Овие реакции се типични, особено за деца на возраст 1–3 години. Во овој период непознати лица со маски/брада можат да создадат несигурност.

✔️ Не го форсирајте детето да се фотографира
✔️ Дозволете му да се доближи кога само ќе посака
✔️ Читајте повеќе приказни и сликовници за Дедо Мраз дома
✔️ Ако се плаши – прифатете го тоа
✔️ Не форсирајте и не барајте совршена слика на детето со Дедо Мраз.

Довербата и чувството на сигурност се основа на секој развој, емоционален, говорен и социјален.

Празничната магија треба да биде убаво, не стресно искуство за децата!

18/11/2025

Оваа објава е потсетник дека:
✔️ нема „доцнење“ што го дефинира детето
✔️ рутината, играта и пофалбата се моќни алатки
✔️ родителот и дефектологот се тим
✔️ барањето помош е храбар, а не слаб чекор

За секое дете, патот е различен, но никогаш не го оди само.

10/11/2025

Афазијата не го дефинира детето, таа само покажува дека патот до зборовите може да биде поинаков.
Со вистинска поддршка, љубов и терапија, напредокот е можен. 🌿

Photos from Дефектолог.мк - Игра, учење, развој's post 06/11/2025

Поддржете ја фината моторика преку секојдневни активности кои ја градат самодовербата и способноста за учење. 🌿

05/11/2025

🧩 Дисфазијата не значи дека детето не разбира – туку дека му е потребно повеќе време и поддршка за да го изрази она што го знае и чувствува.
💛 Со трпение, љубов и стручна помош, секој мал чекор е голем напредок.

30/10/2025

Сензорните игри му помагаат на детето да го запознае светот преку допир, мирис, звук, вид и вкус. Тие го поттикнуваат развојот на фината моторика, концентрацијата и имагинацијата.

📍 Еве неколку едноставни идеи што можете да ги пробате дома:
1. Игра со ориз во боја 🌈
2. Кутија со зрнести материјали (грав, леќа, тестенини)
3. Играчки скриени во каша или пена за бричење
4. Мека глина или домашен пластелин
5. Вода со банови (играчки што пловат)
6. „Сензорна торба“ полна со гел и ситни предмети
7. Обоени коцки
8. Мирисливи сунѓери (со есенцијални масла)
9. Кутија со природни материјали – камчиња, гранчиња, лисја
10. Преливање вода од чаша во чаша 🫧
11. Игра со балони со различни текстури
12. „Сензорна патека“ на под – со перничиња, крпи, сунѓери

💛 Сензорните игри не бараат скапи материјали, само креативност и малку време.

#СензорнаИгра #РазвојНаДетето #ФинаМоторика #ЕдукацијаПрекуИгра #ДефектологСовет #ДневенСовет

29/10/2025

Секое дете има потреба да се движи, трча, истражува и учи преку игра.
Наместо да го ограничуваме, да му дадеме простор да го открие светот со своето тело и сетила. 🌿

#ДефектологМК #ДневенСовет #АктивноДете #РазвојНаДетето #ДетскиРазвој #МоторичкиВештини #РодителствоСоЉубов #УчимеПрекуИгра #Детство #СоветЗаРодители

28/10/2025

Секое дете има свој ритам. Доволно е да знае дека не мора да биде „најгласно“, за да биде слушнато. 💛

#дефектологмк #детскасрамежливост #емоционаленразвој #советзародители #детскапсихологија #љубовиподдршка #развојнадете #родителствососрдце

27/10/2025

✨ Секое дете има свој ритам и начин на учење.
Не споредувајте — поддржете го!
Со трпение, љубов и охрабрување, секој мал чекор станува голем успех. 💙

#дефектологмк #советзародители #развојнадете #детство #позитивнородителство #емоционаленразвој #детскапсихологија #родителскисовети

23/10/2025

🧩 Социјалните вештини се темел на комуникацијата, пријателството и разбирањето на другите.
Секој мал разговор, заедничка игра или соработка — е чекор кон емпатија и самодоверба. 💛

#детскоразвој #социјалнивештини #детскапсихологија #раноразвој #родителскисовети #едукативно #учимепрекуигра

22/10/2025

Најдоброто што можеме да му го дадеме на детето — е присутен, смирен и емпатичен родител. 💛

#менталноздравје #родителствососрце #детскоразвој #емоционалнаинтелигенција #советзародители #децасреќа #детскапсихологија #позитивнородителство

Want your school to be the top-listed School/college in Skopje?

Click here to claim your Sponsored Listing.

Location

Category

Website

Address


Skopje