28/07/2025
& Духчето Ели!❤️
•Креативни работилници од 3-6 год
•Згрижување на деца од 6-10 год
•Летни и зимски кампови
•Најразлични активности
Булевар АСНОМ бр.58
28/07/2025
& Духчето Ели!❤️
12/07/2025
✨ Денеска со дечињата од ПОЛИ направивме едно вистинско патување низ времето. Ја посетивме автентичната етно-локација Македонско Село во Скопје!
Разгледувавме традиционални селски куќи од различни краеви на Македонија и учевме како живееле нашите предци, од архитектурата, до деталите во секојдневието. 🏡
Децата со љубопитност ги истражуваа сите агли и со очи полни восхит ги слушаа приказните што секој ѕид ги раскажува.
Овој ден ни покажа колку е важно да ја негуваме културната традиција и да ги пренесуваме тие вредности на најмалите ❤️
skopje
05/07/2025
Ден исполнет со насмевки и нови доживувања! 🐾🌞
Дечињата од ПОЛИ го посетија ЗОО Скопје и имаа незаборавна авантура! Заедно ги запознававме животните, учевме интересни факти и уживавме во секој момент поминат во природа.
✨Learning beyond the classroom is where the real magic happens!✨
Овие мали истражувачи со љубопитни очи и големи срца повторно докажаа дека учењето е најзабавно кога е надвор од училница! 💚🌿
04/07/2025
Ден исполнет со смеа, нови доживувања и галопирачка среќа! 🐴✨
Нашите дечиња уживаа во еднодневната екскурзија со јавање коњи, еден незаборавен момент исполнет со љубов кон животните и природата.
Голема благодарност до коњичкиот клуб КК Илинден за гостопримството, трпението и прекрасното искуство кое го овозможија! 💛
#ДетскоКатчеПоли #ЕкскурзијаСоСрце #ЈавањеКоњи #ККИлинден
04/07/2025
Секое дете заслужува ваков ден. Ви благодариме КК Илинден! 🐴🤍
03/07/2025
Учебната година во ПОЛИ заврши, но авантурите не завршуваат тука! 💛🎓
По година полна со учење, игри и пријателства, продолжуваме со Летниот камп – место каде секој ден е нова приказна! 🌞
Со уште повеќе креативни активности, дружба и насмевки, летото во ПОЛИ ќе биде незаборавно!
#ЗавршетокСоНовПочеток #ЛетоВоПОЛИ
03/07/2025
Easter activities part 2 ✌🏻
Горди сме на секоја мала рака што создаде голема магија! 💛🌷
#ПОЛИвелигден #МалиЧудесииСоГолемиСрца
03/07/2025
Шарени јајца, среќни лица и слатки велигденски креации! 🐣💛
Во ПОЛИ го прославивме Велигден со многу бои, смеа и љубов!
#ВелигденВоПОЛИ #КреативниЧудесии
03/07/2025
Кој вели дека здравата исхрана не е забавна?
Во нашето детско катче дечињата научија зошто зеленчукот е важен и направија своја прва салата! 🥗💚
Мали чекори кон големи навики!
03/07/2025
Боички во рачиња, насмевки на лиценца и соништа во срценца 💫
Деновите се полни со шарени цртежи, игри во паркот, игри од фантазија и детска среќа!
Затоа што секоја активност е чекор до поголема самодоверба и развој! 🎨🧸🌳
03/07/2025
Во ПОЛИ не учиме само… туку и славиме! 🥳
Нашето едукативно катче станува вистинска бајка кога некое дете слави роденден, со смеа, другарчиња и радост!
🎈 Играме, учиме и славиме заедно! 💛
| Monday | 08:00 - 16:00 |
| Tuesday | 08:00 - 16:00 |
| Wednesday | 08:00 - 16:00 |
| Thursday | 08:00 - 16:00 |
| Friday | 08:00 - 16:00 |