Ботаничка градина

Ботаничка градина Ботаничката градина се наоѓа во рамките на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Таа има едукативна, научна и рекреативна функција.

01/09/2026
18/06/2026
26/05/2026

Како изгледа светот низ очите на еден ботаничар? 🌿🔍

На оваа интерактивна работилница децата ќе хербаризираат и истражуваат разновидни растенија како вистински мали научници, а преку стереоскопски микроскоп ќе ги откриваат најинтересните детали од листови, цветови и растителни структури. Работилницата ја води Ангела Шаровиќ Иванова, едукатор во Ботаничката градина при ПМФ – Скопје.

📍 II кат (кај одделот за храна)
🎟️ Бесплатно учество со пријавување за термин од 12 или 14 часот.
⚠️ Ограничен број на места со пријавување преку линк:
https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSc1m0SAyxwoL1V0qp8c6fZpIDrerLa216Oh2vGtDKntdtmgeQ/viewform?pli=1

Се гледаме!

Во Ботаничка градина, преку Мрежата за искуствено учење, имавме прекрасно дружење и со учениците од ООУ „Маршал Тито“ од...
07/05/2026

Во Ботаничка градина, преку Мрежата за искуствено учење, имавме прекрасно дружење и со учениците од ООУ „Маршал Тито“ од с. Муртино. 🌱

Преку игра, истражување и заеднички активности, учениците дознаа повеќе за размножувањето на растенијата и ја открија магијата на природата на забавен и интерактивен начин. 🌿😊

#искуственоучење #ботаничкаградина #УчимеПрекуИгра #Растенија #Едукација #мрежазаискуственоучење #миу

Преку различни игри навлеговме во светот на растенијата🌿 со малите ботаничари од ООУ "Коле Неделковски" од Центар. Оваа ...
06/05/2026

Преку различни игри навлеговме во светот на растенијата🌿 со малите ботаничари од ООУ "Коле Неделковски" од Центар. Оваа работилница беше спроведена во рамките на мрежата за искуствено учење🧪🧑‍🔬🌱
#миу #младиботаничари #искуственоучење #уницеф

06/05/2026

🌿 Приказни за опстанок - Македонската флора под лупа
🖈 12 мај │ 12 часот │ Zoom

🌿 Македонија претставува жешка точка на биодиверзитет. На релативно мала површина од 25.713 km² растат повеќе од 3700 различни видови на растенија (вклучувајќи ги и мововите). Ова значи дека имаме многу примери за начините на кои растенијата може да се адаптираат и распространуваат.

🌿 Дел од најспецифичните приказни за опстанок ќе бидат дел од следното онлајн предавање во рамките на нашата Мрежа за искуствено учење, кое ќе даде одговор и на вакви прашања:

• Дали во Македонија постојат инсективорни растенија?
• Дали сите растенија вршат фотосинтеза?
• Како животната средина влијае врз морфологијата и прилагодувањето на растенијата?
• Може ли, на пример, да виреат растенија на почва „богата“ со тешки метали?
• Што е тоа коеволуција?
• Како растенијата можат да ни „кажат“ нешто за состојбата на животната средина?

➤ Предавањето ќе го одржи Цветанка Стојчевска од Ботаничка градина при Природно-математичкиот факултет – Скопје.
➤ Наставници и наставнички, ако сакате вашите ученици да го проследат предавањето, пријавете се на https://bit.ly/4n87Ma7

#МИУ #мрежазаискуственоучење

UNICEF
Embassy of Sweden in Skopje

27/04/2026

🌿 Термините за МИУ во мај и јуни се објавени!

Погледнете дел од магијата што ја создаваат нашите мали ботаничари 🔬🌱
Преку истражување и набљудување, децата учат, откриваат и се воодушевуваат од светот околу нив.

Видеото е создадено заедно со учениците од ООУ „Васил Главинов“, во рамките на Мрежата за искуствено учење.

#МИУ #ИскуственоУчење #МладиБотаничари

🌱 На 8 април, учениците од IX-4 од ООУ „Васил Главинов“ – Велес, заедно со претставници од ЗГ ПОПИ, реализираа работилни...
17/04/2026

🌱 На 8 април, учениците од IX-4 од ООУ „Васил Главинов“ – Велес, заедно со претставници од ЗГ ПОПИ, реализираа работилница во рамките на мрежата за искуствено учење.

Преку едукативна игра со загатки и мисии, учениците го истражуваа светот на растителното царство 🌿 и на забавен начин учеа за неговото значење. Како дел од активностите, тие изработија и кратки видеа кои ќе ги споделуваме дополнително 🎥

💚 Веруваме дека ваквите активности се клучни за развивање на свеста кај најмладите за заштита на растенијата и природата.

#ИскуственоУчење #ЗаштитаНаПриродата #Едукација #Млади
#миу #уницеф

01/04/2026
🌿 Едукативна авантура во светот на растенијата! 🌱Со учениците од ООУ „Крсте Петков Мисирков“ од с. Бистрица, Битола успе...
27/03/2026

🌿 Едукативна авантура во светот на растенијата! 🌱

Со учениците од ООУ „Крсте Петков Мисирков“ од с. Бистрица, Битола успешно ја реализиравме интерактивната игра „РАЗМНОЖУВАЊЕ КАЈ РАСТЕНИЈАТА“ 🌼

🔎 Дел I – Истражување во Ботаничката градина
Учениците преку движење и тимска работа ги истражуваа просториите на градината (стакленик, објект за ендемични, реликтни и ретки растенија, како и делот за зачински, лековити и ароматични растенија).
✔️ Решаваа загатки поврзани со главните групи растенија (мовови, папрати, голосемени и скриеносемени)
✔️ Пронаоѓаа дополнителни скриени загатки за освојување екстра поени 🎯

🔬 Дел II – Лабораториска работа
Во лабораторија, учениците работеа како вистински млади научници:
✔️ Решаваа 4 мисии преку набљудување со стереоскоп
✔️ Изработуваа микроскопски препарати
✔️ Истражуваа за морфологијата на различни групи на растенија 🌸

🎨 На крај, секој тим ја презентираше својата мисија на креативен начин – преку цртежи, усно излагање, фотографии и видеа.

👏 Преку игра, истражување и практична работа, учениците стекнаа нови знаења и љубов кон природата!
#миу #мрежазаискуственоучење #ботаничкаградина

Address

Archimedova 3
Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Ботаничка градина posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The School

Send a message to Ботаничка градина:

Shortcuts

Share