15/07/2026
Со голема чест и искрена благодарност го започнувам новиот мандат како директор на ООУ „Григор Прличев“.
Упатувам искрена благодарност до градоначалникот за укажаната доверба и поддршката да продолжам да го водам нашето училиште. Оваа доверба за мене претставува голема одговорност, но и силен мотив да продолжиме да создаваме современо, безбедно и инспиративно место за учење и развој на секое дете.
Благодарност и до наставниците, стручната служба, административниот и техничкиот персонал, учениците и родителите за досегашната соработка, посветеност и заедничките успеси. Верувам дека и во наредниот период, со заеднички сили, ќе реализираме нови идеи и проекти во интерес на нашите ученици и локалната заедница.
Продолжуваме заедно – со визија, одговорност и љубов кон образованието.
Ви благодарам за довербата!