17/10/2021
👇🏻👇🏻👇🏻
📖 Во вторник, на 19 октомври, со почеток во 18 часот, ќе започне промоцијата на двојазичната сликовница „Какво е времето таму горе? / Wie ist das Wetter da oben?“ во авторство на Леона Стојковска и Јулијана Росоклија, а во издание на „Чудна шума“.
Промоцијата ќе се одржи пред Училница на Мал Плочник зад Соборниот храм, а ќе се дружиме со дванаесетгодишната Леона Стојковска, авторка на сликовницата и илустраторката на сликовницата Јулијана Росоклија.
🌤 На почетокот, за „Какво е времето таму горе“ ќе разговараат Леона, Јуле и Билјана С. Црвенковска од „Чудна шума“.
🎈 Кога девојче ќе смисли приказна со интересни ликови, преку која ќе им го приближи и ќе им го направи забавно учењето на германскиот јазик на нејзините врсници (а и помали другарчиња), резултатот е „Какво е времето таму горе? / Wie ist das Wetter da oben?“.
🐁 🦒 Сликовницата е полна со интересни, хумористични ситуации во кои главните ликови – едно глувче и една жирафа, разговараат со кратки дијалози (прашање – одговор, на германски и на македонски) – кои децата лесно ќе ги запомнат и со тоа ќе ги научат не само германските зборови, туку и цели фрази и реченици.
📚 Повеќе за книгата: https://cudnasuma.com/2021/08/09/kakvo-e-vremeto-tamu-gore/
🎨 ✍️ По разговорот ќе следува и работилница за креативно пишување за деца предводена од Црвенковска, на која децата ќе научат како се создава сликовница, а со помош на Јуле, истата ќе биде илустрирана.
🎫 🏃♀️🏃 За да се пријавите на еднодневната работилница, потребно е да ја пополните онлајн регистрацијата за учество - https://bit.ly/3mvl1TBucilnica
Настанот е од отворен карактер, но обезбедете си го вашето место со брзо пријавување. Бројот на деца за работилницата е ограничен.
😷 Настанот ќе се одржи според сите протоколи и актуелни мерки за заштита од Ковид-19, според кои ќе може да се присуствува само со сертификат за извршена вакцинација, односно применa најмалку една доза вакцина или сертификат за прележан Ковид-19 во изминатите 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.