05/06/2026
🏐 Уште еден спортски успех за нашето училиште!
На Плазма Спортските игри, учениците Лука Мишоков и Давор Јовановски од 9б одделение покажаа одлична игра, тимски дух и спортска борбеност во дисциплината одбојка на песок.
Со освоениот пласман тие обезбедија учество на државното натпреварување, каде ќе го претставуваат нашето училиште.
Им честитаме на учениците и на нивната наставничка Елеонора Пешевска и им посакуваме многу успех на државното натпреварување! 👏🏆