02/09/2026
На 31 август 2026 година, на Економскиот факултет - Скопје се одржа завршниот настан во рамки на проектот Co-creation through experiments for inclusive economy (COEXE), посветен на презентација и споделување на резултатите од спроведеното истражување, како и на дигиталната алатка Experiment Designer, развиена како еден од клучните резултати од проектните активности.
Настанот беше отворен со поздравно обраќање на Деканот на Економскиот факултет - Скопје, проф. д-р Мијалче Санта, по што свое обраќање имаше и раководителот на проектот, проф. д-р Предраг Трпески.
Во рамки на програмата, проф. д-р Мијалче Санта ја презентираше дигиталната алатка Experiment Designer, додека проф. д-р Даниела Бојаџиева ги презентираше клучните наоди од истражувањето спроведено во рамки на проектот.
🎓 Посебен дел од настанот беше посветен на доделување награди на учесници во истражувањето, како признание за нивното учество и придонес во реализацијата на истражувачките активности во рамки на COEXE.
Проектот COEXE го реализираше Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје како координатор, во партнерство со Универзитетот во Сплит, Универзитетот во Ниш и Универзитетот во Валенсија, обезбедувајќи меѓународна академска соработка, истражување и развој на иновативни дигитални решенија.
COEXE покажа дека методологијата на експерименталното истражување може да бидат моќна алатка за истражување, тестирање идеи и ко-креирање иновативни решенија, а меѓународната академска соработка - важен двигател во создавањето поинклузивна економија.