Ако иднината ти прати порака, што ќе одговориш?
Се гледаме во ПТТ!!!
СУГС "Владо Тасевски"-ПТТ
Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from СУГС "Владо Тасевски"-ПТТ, High School, 3 Македонска бригада ББ, Skopje.
21/05/2026
🎓✨ Денешниот Отворен ден помина во одлична атмосфера, исполнет со насмевки, дружење и многу нови искуства!
Им благодариме на сите деветтоодделенци, родители и гости што беа дел од нашиот ден и имаа можност да се запознаат со нашите струки, кабинети, професори и практична настава. 🛠️⚡🚗
Преку презентации, демонстрации и разговори, заедно ја почувствувавме енергијата и духот на нашето училиште. 💙
📸 Во продолжение дел од атмосферата од денешниот Отворен ден!
21/05/2026
20/05/2026
Драги матуранти,
Честитки за успешно завршеното средно образование! Горди сме на вашиот труд, упорност и успеси!! Ви посакуваме многу среќа, храброст и успех на секој следен чекор. Верувајте во себе и следете ги вашите соништа!!! 🎊🍀📚🎓🤗
18/05/2026
📢 Почитувани деветтоодделенци и родители,
🎓 Со големо задоволство Ве покануваме на Отворениот ден на нашето училиште кој ќе се одржи на 📅 21.5.2026 година (четврток), од 🕚 11:00 до 🕜 13:30 часот.
🏫 Повелете да се запознаете со нашите струки, профили, професори и ученици;
🔍 да го разгледате нашето училиште и
✨ да дознаете зошто токму нашето училиште е вистински избор за вашата иднина.
🤝 Ве очекуваме!
14/05/2026
По повод 11 МАЈ ДЕН НА СООБРАЌАЈНАТА КУЛТУРА во нашето училиште се одржа трибина од страна на Активот по сообраќај на тема: КУЛТУРАТА ВО СООБРАЌАЈОТ СПАСУВА ЖИВОТИ!
Да бидеме одговорни кон општеството, да ја негуваме сообраќајната култура!
Културното однесување во сообраќајот значи трпение, почитување на другите и свесност дека сите сакаме безбедно да стигнеме до нашата цел. Кога ги почитуваме правилата, не се штитиме само себеси, туку и животите на другите луѓе.
Да бидеме пример за одговорно однесување, бидејќи сообраќајната култура навистина спасува животи! Поминувајте на пешачки премин.
Чувајте се!
Почитувајте го ЖИВОТОТ ЕДЕН Е!
Проф. Драгиша Секулоски
14/05/2026
Во просториите на СУГС "Владо Тасевски" се одржа дисеминација на ЕРАЗМУС+ проектот за мобилност на ученици во Севиља, Шпанија. Учениците беа на учење преку работа во европски компании и се стекнаа со вештини и знаења од својата струка. Покрај тоа, посетија значајни културно-историски знаменитости и го почувствуваа животот на младите во едно европско општеството.
13/05/2026
Горди сме што во нашето училиште се одржа значаен настан за промоција на програмата за обука на V степен Специјалист за мехатроника за камиони и тешки товарни возила, проект финансиран од Sida - Styrelsen för Internationellt Utvecklingssamarbete -Шведска агенција за меѓународен развој и соработка, а го имплементира Helvetas Schweiz во соработка со Volvo Trucks
Нашата заедничка цел е да создадеме стручен кадар подготвен за реалните потреби на пазарот на трудот, струка која денес е меѓу најбараните и најперспективните.
12/05/2026
🎉 Горди сме на успехот на нашиот ученик на Националниот натпревар за вештини!
🥈 Дамјан Ѓуриќ III-3
📚 Електротехничар за компјутерска техника и автоматика
освои високо второ место со своето знаење, труд и посветеност.
👩🏫👨🏫 Ментори:
Марија Стамболиева
Сениха Мандал
Дејан Антоновски
Честитки за Дамјан и неговите ментори за одличниот успех и достојното претставување на училиштето! 👏
#Успех #Гордост #НационаленНатпревар
25/12/2025
📍 Струмица | 17–19.12.2025
Со голема гордост ја споделуваме веста дека учениците од
СУГС „Владо Тасевски“ – Скопје
учествуваа на Првиот саем на социјални иновации, во рамки на UPSHIFT програмата, организиран од LEAD Македонија.
🔋 Тимот „Екоскутер“ ја претстави иновативната идеја
„Соларен полнач за електрични тротинети“.
👥 Тимот го сочинуваат учениците:
Матеј Илијоски, Кристијан Груевски, Марко Дојчиновски, Никола Петрушевски и Ален Стојчевски,
под водство на одговорниот наставник Дејан Антоновски,
со менторска поддршка од м-р Весна Живаљевиќ.
👏 Горди сме на нашите ученици и нивниот претприемачки и иновативен дух!
#СУГСВладоТасевски #СоцијалниИновации #Екоскутер #МладиИноватори #ОдржливРазвој
Click here to claim your Sponsored Listing.
Location
Category
Contact the school
Telephone
Address
3 Македонска бригада ББ
Skopje
1000
Opening Hours
| Monday | 07:30 - 19:15 |
| Tuesday | 07:30 - 19:15 |
| Wednesday | 07:30 - 19:15 |
| Thursday | 07:30 - 19:15 |
| Friday | 07:30 - 19:15 |