ООУ "Вера Циривири - Трена" Скопје

ООУ "Вера Циривири - Трена" Скопје Општинско Основно Училиште Вера Циривири – Трена Скопје
Седиште: ул. „Руѓер Бошковиќ“ бр. 9, Карпош, 1000 Скопје

Ученичката Донка Китанова, VIII-б одд., под менторство на наставничката по македонски јазик Ана Кралевска со својата пое...
19/06/2026

Ученичката Донка Китанова, VIII-б одд., под менторство на наставничката по македонски јазик Ана Кралевска со својата поетска творба освои прва награда на манифестацијата 47. Фестивал за детско поетско творештво „Детски лирски треперења“ која се одржува од 18 - 20 јуни 2026 година во Детското одморалиште „ДЕТСКА РАДОСТ“ во Охрид. 📝🇲🇰🦅🌊🏰🏆✨

Честитки Донка! 🎉🥇👏🎈

Горди сме на постигнувањата на нашите ученици и нивните ментори. 🏫👨‍🏫👩‍🏫🎓🌟

https://veraciriviritrena.edu.mk/natprevari/prva-nagrada-na-detski-lirski-treperenja/

Гордост за ООУ „Вера Циривири-Трена“! Дарјан Мирчевски ја претставува Македонија на Јуниорската Балканска Математичка Ол...
18/06/2026

Гордост за ООУ „Вера Циривири-Трена“! Дарјан Мирчевски ја претставува Македонија на Јуниорската Балканска Математичка Олимпијада! 🧮🇲🇰

​Нашиот извонреден математичар Дарјан Мирчевски од IX-б одделение е дел од официјалната шестчлена македонска репрезентација која овие денови ја претставува нашата држава на престижната Јуниорска Балканска Математичка Олимпијада (ЈБМО 2026). Овој голем меѓународен натпревар се одржува од 15 до 20 јуни 2026 година во Бузау, Романија 🇷🇴.

​Овој историски успех е круна 👑 на неговите блескави настапи во изминатиот период – најпрво со освоеното високо 5-то место на Јуниорската Македонска Математичка Олимпијада (ЈММО), а потоа и со потврдата на неговото знаење на Изборниот тест на ПМФ, каде се пласираше на 5-тото место во државата и го запечати своето место во елитниот олимписки тим.

​Ваквиот резултат е директен плод на неговата деноноќна посветеност, упорност, исклучителен логички капацитет и вистинска љубов кон математиката 🧠.

Да се избори место меѓу најдобрите млади математичари во целата држава е вистинско признание за неговиот долгогодишен труд, како и за стручната поддршка од неговиот ментор 🎓.

​Дарјан, целиот колектив и учениците од ООУ „Вера Циривири-Трена“ ти посакуваат многу успех, остар ум, сигурност и одлични резултати во Бузау! Веруваме во твоето знаење и од срце навиваме за тебе! 🍀👏🚀

https://veraciriviritrena.edu.mk/natprevari/darjan-mircevski-ja-pretstavuva-makedonija-na-jbmo/

Еден поинаков ден со дел од учениците од VI, VII и VIII одделени од ОOУ „Вера Циривири Трена“ предводени од наставничкит...
16/06/2026

Еден поинаков ден со дел од учениците од VI, VII и VIII одделени од ОOУ „Вера Циривири Трена“ предводени од наставничките Даниела Стојчева по повод Денот на музеите одбележаа едукативна посета на Даут-Пашин Амам.
Преку едукативна игра учениците имаа можност да пронајдат зборови во ,,Лавиринтот на уметноста 3" и со тоа да ги научат и ги збогатат своите знаења за културното наследство и бројните познати, значајни дела на големите македонски уметници. Каде заслужно го освоија 3то и 5то место во натпревар со повеќе ученици од различни училишта од Скопје.
Еден поинаков час исполнет со возбуда, разиграност, натпревар и прекрасна атмосфера ги однесоа учениците до едно ново ниво на сознание, љубопитност и љубов кон уметноста и културата. 📚🎨🖼️❤️

https://veraciriviritrena.edu.mk/aktivnosti/edukativna-poseta-na-daut-pasin-amam/

Во духот на вредностите што ги промовира јазичната манифестација и натпревар „Читај, размислувај, пишувај“ – љубовта кон...
16/06/2026

Во духот на вредностите што ги промовира јазичната манифестација и натпревар „Читај, размислувај, пишувај“ – љубовта кон читањето, јазичната писменост, критичкото размислување и креативното изразување – со особена гордост го истакнуваме успехот на нашата ученичка Камелија од 5б одделение. 📖🧠✍️❤️✨

Таа втора година по ред учествува на оваа манифестација, организирана од Фондацијата „Ѓорѓи Марјановиќ“, и освои трето место во категоријата од 3. до 5. одделение. 🥈🥉🏆📜

Свеченото доделување на наградите се одржа на 12.06.2026 година во просториите на Правниот факултет. 🗓️🏛️👔👏

Нејзината посветеност, истрајност и љубов кон македонскиот јазик се потврда дека вложениот труд и знаење секогаш наоѓаат пат до успехот. 🇲🇰📚💪🚀🌟

https://veraciriviritrena.edu.mk/natprevari/citaj-razmisluvaj-pisuvaj/

Првенец на генерација 2017-2026Со особена чест и гордост ја споделуваме веста дека за првенец на генерацијата беше избра...
10/06/2026

Првенец на генерација 2017-2026

Со особена чест и гордост ја споделуваме веста дека за првенец на генерацијата беше избрана нашата ученичка Aлександра Димитрова, која со својот труд, посветеност, одговорност и бројни успеси остави значаен белег во нашето училиште. Нејзината истрајност, знаење и активно учество во училишниот живот претставуваат вистински пример за сите ученици. 👏🎓

Воедно, сакаме да упатиме искрени пофалби и до останатите кандидати кои аплицираа за ова признание. Секој од нив се истакна со одлични резултати, таленти, успеси и активно учество во различни области. Вашиот труд, залагање и достигнувања се вредни за почит и претставуваат гордост за нашето училиште. 🌟

Им посакуваме многу успех, среќа и нови достигнувања на сите наши ученици во понатамошното образование и животен пат! 💙

Со особена чест и гордост ја споделуваме веста дека за првенец на генерацијата беше избрана нашата ученичка Aлександра Димитрова, која со својот труд, посветеност, ...

📍 Учениците од VI одделение поминаа прекрасни денови исполнети со дружење, забава и нови искуства за време на својата ек...
10/06/2026

📍 Учениците од VI одделение поминаа прекрасни денови исполнети со дружење, забава и нови искуства за време на својата екскурзија. Насмевките, позитивната атмосфера и убавите спомени што ги создадоа ќе останат долго во нивното сеќавање. Им посакуваме уште многу вакви незаборавни моменти и успешни заеднички дружења! 😊🚌✨
На оваа екскурзија ги придружуваа нивните класни раководители: Матилда Бајкова, Радмила Неделковска и Елена Велевска.

https://veraciriviritrena.edu.mk/aktivnosti/vi-oddelenie-ekskurzija/

Изборни предмети „Театарот уметност на емоции“ 🎭✨🎭Во рамки на изборниот предмет „Театар уметност на емоции“, учениците о...
08/06/2026

Изборни предмети „Театарот уметност на емоции“ 🎭✨🎭

Во рамки на изборниот предмет „Театар уметност на емоции“, учениците од 5б одд. ја изведоа својата проектна задача, едукативната претстава „Кралица на водите“ од Татјана Гогова во комплетна поставка од целото одделение. Покажувајќи го своето знаење и љубовта кон уметноста тие се претставија пред публика (нивните родители и блиски). Костимографијата, сценографија, музиката, маркетингот, беше извонредно претставен. Ова е доказ дека ваквите изборни предмети се од голема полза за развивање, креативност, и љубов кон уметноста. На крајот сите добија заслужени дипломи за изведбата и родителите имаа можност да ја видат и изложбата која ја подготвија учениците. 👑🌊🎭🎨🎶📜👨‍👩‍👧‍👦👏🌟

Одговорен наставник: м-р Матилда Бајкова 👩‍🏫💐✨

https://veraciriviritrena.edu.mk/aktivnosti/izborni-predmeti-teatarot-umetnost-na-emocii/

На државниот натпревар по хемија учениците од ООУ ,,Вера Циривири - Трена" постигнаа одлични резултати: 🧪🔬⚗️✨ученикот Ди...
08/06/2026

На државниот натпревар по хемија учениците од ООУ ,,Вера Циривири - Трена" постигнаа одлични резултати: 🧪🔬⚗️✨

ученикот Димитар Спасов 7/б одд освои прва награда 🥇🏆
ученичката Софија Бошњак 7/а освои трета награда 🥉🏅

Честитки до учениците и менторот Валентина Пешевска 👏👩‍🏫💐🎉🌟

https://veraciriviritrena.edu.mk/natprevari/drzaven-natprevar-po-hemija/

🏆 Државен натпревар по Биологија 🏆На 30 мај 2026 година, на Природно-математичкиот факултет се одржа државниот натпревар...
06/06/2026

🏆 Државен натпревар по Биологија 🏆

На 30 мај 2026 година, на Природно-математичкиот факултет се одржа државниот натпревар по Биологија, на кој учениците од ООУ „Вера Циривири – Трена“ повторно ги потврдија своите знаења, труд и посветеност. 🧬🔬🏫✨

VII одделение 🎒🌱

Дарјан Докузовски - II награда 🥈

Јана Ставревска - Пофалница 📜

Матеј Маневски - Учество 🤝

VIII одделение 🎒🌿

Тамара Нестороска - II награда 🥈

IX одделение 🎒🌳

Александра Димитрова - II награда 🥈

Дариа Ева Вон Дер Форст - II награда 🥈

Ангела Стојаноска - II награда 🥈

Овие успеси се резултат на континуирана работа, љубопитност и истрајност во изучувањето на биологијата. 📈🧠💡

Им честитаме на сите ученици за одличните резултати и достојното претставување на нашето училиште, како и на нивниот ментор, наставник - советник Дивна Карапанчева, за вложениот труд и поддршка. 👏👩‍🏫💐🏆

Ви посакуваме уште многу успеси, нови предизвици и достигнувања! 🚀🌟🍀🏅

https://veraciriviritrena.edu.mk/natprevari/drzaven-natprevar-po-biologija-30-05-2026/

Address

Улица „Руѓер Бошковиќ“ бр. 9, Карпош –, Скопје
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 08:00 - 17:00
Tuesday 08:00 - 17:00
Wednesday 08:00 - 17:00
Thursday 08:00 - 17:00
Friday 08:00 - 17:00

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when ООУ "Вера Циривири - Трена" Скопје posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The School

Send a message to ООУ "Вера Циривири - Трена" Скопје:

Shortcuts

Share

Category