09/02/2026
Реконструкцијата на домовите „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски-Питу“ почна во октомври 2024 година, а според најавите, се очекува, комплетно реновирани, вратите за студентите да ги отворат во септември 2026 година. Прочитајте како ќе изгледаат 👇
Електронски врати на влезовите, дел од собите со сопствени тоалети, а ќе има и менза, пекарница и слаткарница - вака ќе изгледаат студентс
Двата државни студентски дома што се реновираат - „Кузман Јосифовски-Питу“ и „Стив Наумов“ во Скопје не само што ќе бидат најмодерни на овие простори и енергетск....
10/01/2026
Студентскиот дом „Стив Наумов“ ќе ја дочека следната академска година целосно подготвен да ги пречека своите студенти, со подобрени услови за живеење, учење и секојдневен престој.
За многу млади луѓе, студентскиот дом е повеќе од сместување, тоа е првиот чекор кон самостојност, место каде се создаваат нови пријателства, се споделуваат искуства и се градат навики што траат цел живот. Затоа, обезбедувањето функционални, безбедни и пријатни услови е од суштинско значење за квалитетот на студентскиот живот.
Со континуирани подобрувања и вложувања, домот „Стив Наумов“ создава средина која ги поддржува образованието, личниот развој и секојдневните потреби на студентите - подготвена за нови почетоци и нови генерации!
Дознајте повеќе за проектот на:
🔗 www.dormfor10.mk
23/12/2025
Реконструирани спортските игралишта во СД „Гоце Делчев“ – Скопје ⚽️🏀
Министерот за спорт Борко Ристовски денеска, заедно со градоначалникот на општина Карпош Сотир Лукровски и Директорот на ДСД Скопје-Скопје Александар Каровски официјално ги пуштија во употреба реконструираните спортски игралишта во рамки на Студентскиот дом „Гоце Делчев“.
Проектот е реализиран со поддршка на Министерството за спорт, како одговор на барањата и потребите на студентите. Извршена е целосна санација и реконструкција на просторот за спорт и рекреација, при што се уредени современи игралишта за фудбал и кошарка со полипропиленска подлога, согласно важечките стандарди.
Со оваа инвестиција значително се подобруваат условите за спортски активности и рекреација на студентите, поттикнувајќи здрав начин на живот, физичка активност и квалитетно студентско секојдневие.
Државниот студентски дом Скопје – Скопје и понатаму ќе продолжи да работи на унапредување на условите за живот и развој на студентите.
09/12/2025
Потпишан Меморандум за соработка со Воена академија „Генерал Михаило Апостолски“
Воена академија „Генерал Михаило Апостолски“ – придружна членка на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип и Државниот студентски дом – Скопје потпишаа Меморандум за соработка, со кој се воспоставува рамка за унапредување на заедничките активности и развојни иницијативи од обостран интерес.
Овој Меморандум претставува значаен чекор кон продлабочување на институционалната соработка, поддршка на студентската заедница и унапредување на условите за образование и професионален развој.
13/10/2025
Список на студенти кои имаат поднесени приговори за сместување за во ДСД Пелагонија и ДСД Томе Стефановски- Сениќ
13/10/2025
Резултати по поднесени приговори од 01.10 до 07.10.2025 година
29/09/2025
📢 Известување
Бруцошите кои се примени во студентскиот дом Гоце Делчев, при вселувањето во домот треба да ги имаат следните документи:
- Комплет документи за вселување (се подигаат од блок Б со уплатница на 500,00 ден уплатена во банка или пошта).
- Копија од иэвод од матична книга на родени
- Копија од индекс
- 2 фотографии
📑 Со уредно пополнети документи и приложени уплатници за станарина за 10/25 година и надомест за одржување и амортизација, студентот оди кај комисијата за вселување во блокот кој го избрал 🏢
• Цена на документи- 500.00 денари.
• Станарина эа 10/25 година- 3645,00 денари.
• Надомест за одржување и амортизација- 1200,00 денари.
▪️Студентите кои се ослободени од плаќање на партиципација и студентите кои со себе ќе имаат уверение за родител бранител во оригинал или копија заверена на нотар треба да направат уплата само за документи и надомест за одржување и амортизација .
📃Уплата на документи, станарина и на надоместот за одржување и амортизација се врши на ПП50 образец
Назив на примач: Државен студентски дом„Скопје“Скопје
Банка на примач: НБРСМ
100000000063095
Жиро.сметка: 160011089878813
Приходна шифра: 723114 и програма 60
📌 Приговори од бруцошите ќе се примаат од 01.10.2025 до 07.10.2025 во блок Б во Гоце Делчев.
🗓 Вселувањето почнува на 30.09.2025 и ќе трае до 10.10.2025 година .
29/09/2025
Резултати по поднесени приговори за сместување
29/09/2025
Резултати по поднесени приговори за ослободување