КРВОПИС - KRVOPIS

КРВОПИС - KRVOPIS Борбата на Македонскиот народ за своја држава е напишана со неговата крв!
- КРВОПИС -

Ставовите искажани во коментари се на ваша сопствена одговорност.

Комунистичкиот диктатор Тодор Живков им рекол дека МАКЕДОНЦИТЕ не се спомнати во средновековните извори и толку им треба...
19/08/2026

Комунистичкиот диктатор Тодор Живков им рекол дека МАКЕДОНЦИТЕ не се спомнати во средновековните извори и толку им треба на примитивците - полесно им е да веруваат во лагите на Људмила и Тодор Живкови отколку да отворат книга и сами да си прочитаат.

Ви претставуваме реиздание на делото од 1891 година (печатено во Париз), на средновековниот хронолог Ефрем, кој на почетокот на XIV век (1313 година) напишал Хроники, во кои го опишува завземањето на Солун од страна на Норманите, за време на владеењето на Андроники I Комнен (1185 година).

Па, така не читаме нити за Грци, нити за некакви си Бугари во Солун во 1185 година, туку за МАКЕДОНЦИ:

"Леле, леле,завземен е градот Солун, велам метрополата (главниот град) на МАКЕДОНЦИТЕ!"




#солуненаш

МАКЕДОНСКАТА АРМИЈА Е ЕДИНСТВЕНАТА СВЕТЛА ТОЧКА ВО ОВИЕ МРАЧНИ ГОДИНИ. ДА СИ НИ ВЕЧНА АРМИЈО МАКЕДОНСКА!!!18 август – Де...
18/08/2026

МАКЕДОНСКАТА АРМИЈА Е ЕДИНСТВЕНАТА СВЕТЛА ТОЧКА ВО ОВИЕ МРАЧНИ ГОДИНИ.
ДА СИ НИ ВЕЧНА АРМИЈО МАКЕДОНСКА!!!
18 август – Денот на Македонската армија.

‼️УБИЕН НА 20 ГОДИНИ!‼️Мирко Ќирков Костески (Роден во 1924 во село Премка — 1944 во Македонски Брод) — македонски парти...
18/08/2026

‼️УБИЕН НА 20 ГОДИНИ!‼️
Мирко Ќирков Костески
(Роден во 1924 во село Премка — 1944 во Македонски Брод) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.

Бил определен за борба против фашистичкиот окупатор, во текот на 1943 година, тој започнал активно да работи за потребите на народно ослободителното движење. Извршувајќи една таква задача, во пролетта 1944 година бил фатен од бугарските окупатори и однесен во Битола каде бил осуден на смрт.
Смртната казна била извршена во јули 1944 година во Македонски Брод.

НЕ ЗА БУГАРИ ВО УСТАВ!
СТОП ЗА ВАЗАЛИТЕ НА РУМЕН РАДЕВ!
УБИЈЦИТЕ НЕ СЕ КОНСТИТУТИВЕН НАРОД!

КНИГА - Очерк македонского литературного языка 1948–1949Самуил Бернштејн(1911 - 1997) -  руски лингвист, славист, македо...
17/08/2026

КНИГА - Очерк македонского литературного языка 1948–1949
Самуил Бернштејн(1911 - 1997) - руски лингвист, славист, македонист.
Еден од првите слависти што (во првото издание на Големата советска енциклопедија, 1938) го одбележа постоењето на македонскиот јазик како посебен член на словенското јазично семејство. Во Одескиот архив (1934) имал најдено единствениот примерок на дел од коректурите од необјавеното списание „Вардар” на Крсте Петков Мисирков . Објавил две статии за тоа списание. Во 1938 година, во една своја статија објавена во Големата светска енциклопедија, првпат се осврнал на македонскиот јазик, како посебен словенски јазик. Тоа било првиот случај да се зборува за во една значајна публикација за посебноста на македонскиот јазик. Непосредно по завршувањето на Втората светска војна, неговиот интерес за македонскиот јазик се зголемил, а особено со неговото проучување на Крсте Петков Мисирков. Во 1946 почнал да ја пишува граматиката на македонскиот јазик. Неговиот придонес за изучувањето на македонскиот јазик се зголемил и со тоа што под негово менторство биле изработени првите докторски дисертации од таа област. Бил еден од најголемите слависти на 20 век и многу се занимавал со македонскиот јазик.

Бил автор на околу 400 научни трудови, вклучително и 18 книги. Член на МАНУ надвор од работниот состав (избран на 25 декември 1969 година).

Селото Горно Котори беше НАСИЛНО преименувано од грчката влада во Ano Indrusa. Се наоѓа околу 11 километри југоисточно о...
17/08/2026

Селото Горно Котори беше НАСИЛНО преименувано од грчката влада во Ano Indrusa. Се наоѓа околу 11 километри југоисточно од Лерин. Се наоѓа на појугозападната страна од Пелагониската долина, северно од Црквенска шума. Селото е ориентирано по оската исток-запад. Се наоѓа на 21 степен 29 минути географска должина и 40 степени 42 минути географска ширина. Надморската височина е 885 метри. Површината е 8 квадратни километри.

Селото се граничи со: на северозапад со селото Долно Котори и на исток со селото Негован, на запад со селото Лаген и на југ со селото Бел Камен.

Селото беше поделено на Горна и Долна маала.

Пред почетокот на Граѓанската војна во Грција во 1945 година, во селото живееја околу 550 жители, кои беа од Македонско потекло. Жителите претежно се занимаваа со одгледување добиток, земјоделство и со дрва.

Во периодот 1946-49 година, жителите активно учествувале во организирањето на НОФ и вооружените сили на ДАГ со повеќе од 70 активни борци. 24 борци ги дале своите животи. Тие беа:

1. Ванев Гоце Васил-Гинин
2. Ваневски В. Пандил
3. Динев В. Лазо
4. Динев Анастас Пандил
5. Долев Трајан Пандил
6. Јотев Коци Насто
7. Јотев Ристо Трајан
8. Нумчев Г. Коста
9. Нумчев Г. Мити
10. Нумчев Г. Трајан
11. Петревска С. Василка
12. Попмилков Мити Коци
13. Попмилков Мити Ристо
14. Попмилков П. Трајан
15. Стоичева Ристо Флора
16. Шопов Васил Иљо
17. Шулев Р. Танас
18. Шулев Д. Ѓорѓи
19. Шулев В. Ставре
20. Шулев Ване Стоиче
21. Шулев Лазо Стево
22. Шулев П. Алексо
23. Шулевски В. Готово
24. Шулевски Мице Тодор

Податоците за паднатите се добиени од Тане Лазар Намов од село Долно Котори.
Од загинатите кои ги дадоа своите млади животи, 22 беа мажи и 2 жени.

По Граѓанската војна во Грција и по големата емиграција и присилното иселување од Горно Котори, бројот на жители се намали. Ова може да се види од официјалниот попис од 1991 година во Грција, според кој бројот на жители во Горно Котори изнесувал 326.

НАШИТЕ ДРАГИ ПРИЈАТЕЛИ ПРЕД 34 ГОДИНИIt expresses its readiness to recognise that republic within its existing borders a...
16/08/2026

НАШИТЕ ДРАГИ ПРИЈАТЕЛИ ПРЕД 34 ГОДИНИ

It expresses its readiness to recognise that republic within its existing borders according to their Declaration on 16 December 1991 under a name which does not include the term Macedonia

Лисабонска декларација – популарен назив на Декларацијата на Европскиот совет на ЕЗ за поранешна Југославија (27. Ⅵ 1992), во која се изразува подготвеност за признавање на „ПЈРМ” во рамките на нејзините постојни граници, во согласност со Декларацијата од 16. Ⅻ 1991 г., под име што не го содржи поимот Македонија.

https://www.consilium.europa.eu/media/20510/1992_june_-_lisbon__eng_.pdf?utm_source=chatgpt.com

https://aei.pitt.edu/1420/1/Lisbon_june_1992.pdf?utm_source=chatgpt.com

ПОСТОВ Е ЗА ПРЕДАВНИЦИТЕ ШТО ПЛУКААТ ПО МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ!!!Еве ви официјален документ за тоа толку омразено македонско...
16/08/2026

ПОСТОВ Е ЗА ПРЕДАВНИЦИТЕ ШТО ПЛУКААТ ПО МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ!!!

Еве ви официјален документ за тоа толку омразено македонско знаме.

Некогаш било државно знаме, а сега е дел од нашата историја исто како Илинден и АСНОМ!!!

Последен трет дел од сведоштвата на пиринскиот Македонец  Станко Георгиев Илиев (роден на 26 август 1938 г. во с. Бања, ...
15/08/2026

Последен трет дел од сведоштвата на пиринскиот Македонец Станко Георгиев Илиев (роден на 26 август 1938 г. во с. Бања, Разлошко, во окупираниот дел на Пиринска Македонија).

"Уште како ученици во Банско насекаде, каде што ќе најдевме удобно место за пишување, пишувавме повици. Пишувавме по ѕидовите „Македонија на Македонците“, „Македонци, горе главите“...
Ни беше пријатно потоа да ги видиме одново замачкувани со вар. Дури и по клозетите пишувавме... Бевме конспиративни и не нѐ фатија. Не внимавав што зборувам, но некако се извлеков. Не учествувавме во организација. Бевме група соученици. Иван Харизанов, Иван Солаков и Иван Бергов.

Кога склучив граѓански брак во 1963 година, државниот службеник ми рече дека не може да ме пише Македонец, затоа што е забрането, но реков дека нема да се пишам поинаку, и конечно тој се согласи. И сега во уверението ми пишува Македонец!"

ТРЕТ ДЕЛ (3/3)

📸 Уверение за брак помеѓу Станко и Цветана - двацјата запишани како МАКЕДОНЦИ!

Станко Георгиев Илиев, роден на 26 август 1938 година во селото Бања, Разлошко, во окупираниот дел на Пиринска Македониј...
14/08/2026

Станко Георгиев Илиев,
роден на 26 август 1938 година во селото Бања, Разлошко, во окупираниот дел на Пиринска Македонија.

"Секаде во касарната велев дека сум Македонец, но немаше никаква омраза поради тоа. Бев радио-телеграфист. И мојот повик беше „мак“ – од Македонец.
Во 1959 година се демобилизирав од касарната и во мојата отчетна книшка ми пишува Македонец. Македонец пишуваше и на првите пасоши.

Внук ми ме праша сега од каде сум Македонец, па му реков – затоа што дедо ми и татко ми се Македонци, па и моите деца, та така и татко ти е Македонец, затоа, викам и ти си Македонец."

ВТОР ДЕЛ
(2/3)

ЕВЕ ПРИМЕР ЗА СИТЕ МАКЕДОНЦИМладиот тракторист Александар Чепиговски  од село Ивањевци ВЛЕГОЛ СО ТРАКТОР ВО ОГНОТ И ПОМО...
14/08/2026

ЕВЕ ПРИМЕР ЗА СИТЕ МАКЕДОНЦИ

Младиот тракторист Александар Чепиговски од село Ивањевци

ВЛЕГОЛ СО ТРАКТОР ВО ОГНОТ И ПОМОГНАЛ ДА СЕ СПАСИ СЕЛОТО ЛОЗНАНИ

Александар покажал исклучителна храброст и пожртвуваност во борбата со пожарот што го зафати подрачјето кај село Лознани, Битолско.

Address

Dimitar Pandilov 2a
Skopje
1000

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when КРВОПИС - KRVOPIS posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share