15/03/2026
SAVE THE DATE - 16 April | VI International Controlling Conference 2026
🚀 Како компаниите можат да останат продуктивни и конкурентни во ерата на податоци и вештачка интелигенција?
Ова прашање ќе биде во фокусот на панел дискусијата на VI International Controlling Conference, која ќе се одржи на 16 април 2026 во DoubleTree by Hilton, Скопје во организација на Kontroling Biznis Centar
Панелот, на тема
„Поттикнување на одржлива продуктивност: Бизнис трансформација во ерата на податоци и вештачка интелигенција“, ќе донесе различни перспективи од лидери од банкарството, финтек индустријата, бизнис консалтингот и професионалните организации.
🎤 Панел дискусијата е поддржана од ISOS (Институт на сметководители и овластени сметководители).
Нашите панелисти:
Zorica Popovska, експерт за лидерство, организациски развој и коучинг, основач и сопственик на Sensum - Training & Coaching/ Сенсум - Тренинг и Коучинг.
Bojan Stojanoski член на Управниот одбор на NLB Banka Skopje, со богато искуство во банкарскиот сектор и управување со комплексни бизнис процеси.
Toni Jankovski FinTech Product & Development Leader во Diners Club Macedonia, посветен на развој на иновативни дигитални финансиски решенија.
Aleksandar Ivanovski член на Управниот одбор на ISOS, активен поддржувач на развојот на финансиската и сметководствената професија.
💡 Заедно ќе разговараат за тоа како лидерството, податоците, технологијата и вештачката интелигенција го трансформираат начинот на кој компаниите носат одлуки, ја зголемуваат продуктивноста и создаваат долгорочна вредност.
📅 16 април 2026
📍 DoubleTree by Hilton, Скопје
📩 Пријава: [email protected]; www.controlling.mk
📞 +389 71 334 845