21/10/2019
„Себството гледа сè, но од ништо не е гледано. Дава светлина на интелектот и егото, но не е просветлено од нив. Го опфаќа универзумот и со својата светлина целиот овој бесчувствителен универзум е осветлен, но универзумот не го обзема себството дури ни во најмала мерка.
Тоа внатрешно Јас, како врховен дух, вечен, постојано зрачен, полн со бесконечно блаженство, единечно, неделиво, цело и живо, сјае во сите како свесноста што сведочи.
Тоа Себство во својот сјај, сјаејќи во шуплината на срцето како суптилен, распространет но не-манифестиран етер, го осветлува овој универзум како сонцето. Тоа е свесно за модификациите на умот и егото, за постапките на телото, органите за чувство, како и животот-здивот. Тоа ја завзема нивната форма исто како и оганот на загреана топка железо; сепак, тоа не претрпува никакви промени во процесот.
Ова Себство не е ниту родено, ниту умира, ниту расте или пак распаѓа, ниту претрпува никакви промени. Кога тенџерето е скршено просторот во него не е, и слично, кога телото умира, Себството во него останува вечно.
Тоа е чисто знаење. Го осветлува битието и не-битието слично и е без атрибути. Тоа е сведок на умот во будењето, сонот и состојбите со длабок сон “.
- Шри Шанкарачарија од Вивекакудамани и Дриг Дриша Вивека