12/12/2025
Денеска го одбележавме завршниот настан од проектот „Рециклиран филамент за 3Д принтање“!
Го претставивме првиот македонски рециклиран филамент за 3Д принтање, иновативен производ направен од отпадна пластика – доказ дека од она што го сметаме за отпад може да се создаде нова вредност. ♻️
Проектот го реализираше ИНО ФАБ ЛАБ, лабораторијата за прототипирање на Технолошко-металурчкиот факултет во Скопје во рамки на програмата EICEE – Екосистем за еко-иновации и циркуларна економија на Западен Балкан, кофинансирана од Европската Унија** и Владата на Црна Гора**.
На настанот го претставивме целиот пат: од првата идеја, преку месеци експериментирање и развој, до финалниот функционален прототип. Иницијативата покажува дека рециклирањето може да стане двигател на нови технологии и одржливи материјали со примена во индустријата, образованието и креативните сектори.
Проф. д-р Игор Јорданов, координатор на проектот, истакна:
„Целта беше да докажеме дека пластичниот отпад може да стане нов ресурс. Денес го имаме првиот рециклиран филамент за 3Д принтање – производ кој покажува дека иновацијата и одржливоста можат да одат рака под рака.“
Тој упати и голема благодарност до младите истражувачи АнаМарија Цановска, Мила Ќурчинска и Емилија Ицковска, како и до партнерите Пакомак и Нетцетера за нивната поддршка и доверба.
🌱 🙏 Благодариме на сите кои беа дел од овој процес и кои веруваат во иновација, рециклирање и циркуларна економија!