22/05/2025
Драги наши идни Каревци, во среда на 28.05.2025 г. во 18:30 часот, во училишниот двор на СУГС гимн.,,Никола Карев" се организира Отворен ден за вас и вашите родители.
Ќе ни претставува особена чест да нè посетите за да дознаете повеќе за предметите кои се изучуваат во нашата гимназија и да се запознаете со дел од наставниот кадар.
Ве очекуваме.
Карев во ❤️
09/05/2025
И оваа година на државниот натпревар по италијански јазик нашите ученици постигнаа одлични резултати и ги освоија следниве места:
Прва година - ментор проф. Александра Шапе-Курета
Ева Петрушевска🥇место
Втора година:
Клара Колева 🥇место - ментор проф. Кристина Нушевска
Анастасија Костовска 🥈 место - ментор проф. Кристина Нушевска
Калина Калчоски 🥉 место - ментор проф. Александра Шапе-Курета
Трета година - ментор проф. Кристина Нушевска
Ена Велеска 🥇 место
Ивана Митова 🥉место
Викторија Ѓорѓиеска 4 место
Четврта година:
Мона Ристова 🥈 место - ментор проф. Кристина Нушевска
Катерина Димовска 🥉 место - ментор проф. Александра Шапе-Курета
Христина Крстевска 4 место - ментор проф. Кристина Нушевска
🥇🥈🥉
🇮🇹
30/04/2025
По повод промоцијата на романот Солзотворец од Ерин Дум (Fabbricante di lacrime), во превод на Радица Никодиноска, учениците од четврта година учествуваа во посебна проектна активност посветена на книжевноста и преводот. На настанот беа прочитани одломки од книгата и на италијански и на македонски јазик, при што учениците го покажаа своето познавање на јазикот и љубовта кон читањето. Книгата, полна со емоции и човечки судбини, стана повод за дискусија за теми блиски на младите - пријателство, загуба, љубов и личен раст. Со оваа активност учениците имаа можност да го продлабочат својот интерес за современата италијанска литература, да вежбаат изразно читање и да се запознаат со уметноста на преведувањето. Настанот помина во топла атмосфера, исполнета со емоции, размислувања и креативност, како вистинско книжевно патување низ зборовите на Ерин Дум.
21/11/2024
Прекрасна вечер, исполнета со многу музика и вкусна италијанска храна!
Голема благодарност до професорките Aleksandra Kureta и Кристина Нушевска и учениците од 1-8 за целокупната организација и подготовка на италијанската храна по повод Неделата на 🇮🇹 кујна во светот!
Искрени честитки и до мандолинскиот оркестар "Скопје" кој со својата музика придонесе оваа вечер да биде магична!
Среќен 80 роденден СУГС гимназија ,,Никола Карев“ - Скопје
#80годиниКаревНашаДНК
29/10/2024
Изразуваме огромна БЛАГОДАРНОСТ до маркетинг агенцијата ЕФЕКТИВА која во соработка со печатницата СОФИЈА од Богданци, во рамките на активностите предвидени за одбележување на Неделата на италијанскиот јазик во светот, донираа македонско-италијански речници за сите ученици од нашата гимназија кои го изучуваат италијанскиот јазик.
Grazie mille!
Карев во 💚🤍❤️
27/05/2024
Vi aspettiamo numerosi 👇👇👇
Идни Каревци, ве очекуваме на Отворениот ден на нашата гимназија!
Со вашата посета ќе имате можност да се запознаете со дел од наставниот кадар и да дознаете повеќе за предметите кои се изучуваат во нашата гимназија. Во 19 часот ќе ги слушнете и ќе уживате во музичките изведби на нашите училишни бендови! 🎶
🗓️ 29.5.2024 г.(среда)
⏰ 18:00 часот,
📍 Во училишниот двор на СУГС гимназија ,,Никола Карев“ - Скопје
17/05/2024
Прекрасен ден за нашите ученички кои денес на државниот натпревар по италијански јазик постигнаа одлични резултати!
Во категоријата втор странски јазик:
Катерина Димовска од трета година 🥇 место
Ева Маргаритова од трета година 🥈 место
Ена Велеска од втора година 🥈 место
Клара Колева од прва година 🥈место
Во категоријата трет странски јазик:
Дарја Петрушевска од четврта година 🥈 место
Секогаш горди на вас 💚🤍❤️