11/05/2026
Вчера, во просториите на Пантеа Центар, се одржа ПРВИОТ МАСТЕР КЛАС посветен на лимфната дренажа во мадеротерапија, тема за која досега речиси и да не се зборувало доволно, а чии резултати отвораат сосема ново ниво на пристап и разбирање во индустријата.
Преку детална теоретска и интензивна практична работа, заедно навлеговме во новите методи, протоколи и пристапи кои покажаа зачудувачки исходи и видливи резултати.
Ова беше едукација и простор каде што се споделуваа искуства, знаења, професионални дилеми и реални прашања од секојдневната работа.
Лицата кои ги гледате се првите професионалци кои ќе ги донесат новите протоколи на работа и новата генерација на резултати во оваа област.
Горди сме што токму тие беа дел од ова прво, ексклузивно издание на овој мастер клас.
Заедно заклучивме едно: во современата индустрија за тело, нега и естетика, ваквите вештини не се луксуз, туку потреба.
Веќе знаете,
Пантеа Центар - Новата генерација на успехот!