Општинско Основно Училиште Лазо Трповски,
Карпош, Скоп
Лазо Трповски (Д’мбени, Костурско, 1901 година - Хејбели, Кожанско, 11 април 1943) — знаменит македонски комунист од Егејска Македонија, еден од организаторите на народно-ослободителната борба на македонското население во Егејска Македонија.
Рани години
Лазо Трповски е роден како прво дете на Насо Трповски, чие семејство дало многу револуционери, активни учесници во револуционерното движење во Еге
јска Македонија и Грција.
Првата светска војна го затекнала како момче на петнаесетина години. Не е познато кога точно станал активен член на Комунистичката партија на Грција, но често пати го предизвикувал вниманието на полицијата поради своите отворени истапи против експлоатацијата на работниците. Јавно ги жигосувал спогодбите меѓу грчката и бугарската влада за размена на населението од 1919 до 1924 година со кои македонското население од Егејска Македонија било искоренувано од својата земја.
Надвор од Македонија
Во 1928 година на Лазо Трповски му се заканувало апсење и судење од воен суд поради неговата политичка дејност, така што тој бил принуден да замине од Грција и емигрирал во Канада. Таму, во текот на следните четири години, покрај секојдневната работа за обезбедување на својата егзистенција, активно учествувал во синдикалниот и политичкиот живот на Канада. Се зачленил во Комунистичката партија на Канада, а делувал и во напредните македонски емигрантски организации (МАНС) и други. Притоа, посебно се истакнувал во разобличувањето на ванчомихајловистичките елементи. Луѓето на Ванчо Михајлов во Канада го сметале за опасен човек, го следеле насекаде и на крајот го предале на канадските власти. Канадската полиција, исползувајќи еден политички инцидент во 1932 година, го уапсила Трповски за кого подоцна било донесено решение да биде екстрадиран во Грција. Но, бидејќи во Грција, Трповски го очекувал затвор и интернација заради ставот за самоопределување на Македонците како одделна нација, екстрадицијата во Грција не била поволна опција за него. Сепак, на канадските комунисти им успеало на патот од Канада за Лондон да го ослободат Трповски и тој, наместо за Грција, заминал за Советскиот Сојуз. Во Москва останал три години и учествувал во Високата партиска школа.
Пред да биде депортиран од Канада, Трповски, преку партиски канали, испратил писмо до своите канадски другарите во кое напишал: „Дали ќе останам жив, не е толку важно. Јас нема да бидам ни првиот, ни последниот што ќе го жртвува својот живот во борбата. Жалам само за едно - што не можам да бидам меѓу вас да ги искорениме агентите на фашизмот и врховизмот од редовите на иселениците. Убеден сум дека Вие, моите другари, ќе по продолжите и ќе го завршите тоа дело...“
Затвор и интернација
Во 1935 година, преку партиски канали, Трповски бил префрлен во Грција. Веднаш се вклучил во партиските активности, како и во активностите на ВМРО (Обединета). Тој бил познат по своите способности за прикривање, така што често патувал низ селата, претставувајќи се како нечиј роднина, пријател или тровец. Неколкупати успешно ги одбегнал полициските заседи, но на 17 јануари 1939 година бил опколен во куќата на еден негов пријател во селото Сливени и уапсен. По долго мачење во визбите на безбедноста во Костур, бил изведен пред судот, заедно со уште неколку комунисти. Осуден е на строг затвор од шест месеци на островот Егина и на уште три години интернација во злогласната крепост Акронавплија, на Пелопонез.
Учество во НОБ
Капитулацијата и првите денови од окупацијата на Грција од германско-италијанските и бугарските војски, Трповски ги дочекал како затвореник. Меѓутоа, со еден вешт потег на еден од затворениците - дедо Неделко Попнеделков од Солун, успеале да избегаат 27 комунисти (Македонци и Грци), меѓу кои и Лазо Трповски.
По ослободување од затворот, Трповски бил испратен во Егејска Македонија, каде што бил одреден за инструктор на Покраинскиот комитет на КПГ за Македонија. Во тоа својство, тој неуморно ги обиколувал Костурската, Леринската, Воденската и Солунската околија и успеал да ги обнови партиските организации речиси во целата Западна и Централна Егејска Македонија. На еден партиски состанок, одржан во април 1942 година, го изнесол ставт дека партизанската група што требала да се формира во Костурско не треба да излегува со грчки, туку со македонски симболи.
Во пролетта 1943 година Трповски формирал посебен македонски одред со командирот Паскал Михаиловски и комесарот Аргир Валсамов, со задача да агитира сред заведените од окупаторот Македонци за живо разоружување, а во случај ваквата агитација да остане бесплодна, македонскиот одред да биде тој што ќе ги нападне и обезоружи контрачетниците.
Лазо Трповски не доживеал да го види разгорот на НОБ. На одење за Солун, надвор од селото Хејбели (Имера), Кожанско, Лазо заедно со други шестмина, меѓу кои двајца членови на Покраинскиот комитет, на 11 април 1943 година паднале во заседа на националистите од колаборационистичката организација ЕКА и биле масакрирани на дивјачки начин.
Обележја
Во септември 1943 година, неколку месеци по неговата смрт, во Костурско бил формиран партизанскиот одред составен од Македонци, кој во чест на Лазо Трповски бил именуван според неговото име. Исто така, во спомен на неговите херојства, тој е опеан во народната песна „Песна за Лазо Трповски“.
Денес, повеќе улици во македонските градови и едно основно училиште во скопската населба Карпош 3 го носат името на Лазо Трповски.
Песна за Лазо Трповски
Денес Трповски се проштава
со планина и долини.
Стани, Трповски, од гроба,
ај стани, стани, другар, ти!
Де остави твои другари,
по осои неприбрани.
Стани, Трповски, од гроба,
ај стани, стани, другар, ти!
Твојта снага не угасна,
твојто име порасна.
Стани, Трповски, од гроба,
ај стани, стани, другар, ти!
12/06/2026
Државен натпревар по Природни науки
На државниот натпревар по Природни науки за ученици од 6 одделение, трета година по ред имаме најдобри резултати.
Нашата ученичка Искра Миташевска постигна одлични резултати.
🏅 Ја освои I награда🏅
Оваа награда Искра Миташевска ја постигна под менторство на проф. Даниела Радевска проф. по Биологија и Хемија.во ООУ,, Лазо Трповски ,, Карпош
И честитаме за нејзиниот труд, знаење и посветеност, и и посакуваме уште многу успеси во иднина! 👏📚🌟
Горди на успехот на нашите ученици!
На Државниот натпревар по Природни науки за ученици од 5 одделение, нашите ученици постигнаа одлични резултати.
🏅 Филип Димитривски освои II награда, при што за само еден бод му недостигаше да ја освои I награда.
🏅 Илина Ефремов освои III награда и достојно го претстави нашето училиште на државно ниво.
Им честитаме на Филип и Илина за нивниот труд, знаење и посветеност, и им посакуваме уште многу успеси во иднина! 👏📚🌟
Конечни резултати од државен натпревар по македонски јазик 2025/2026 година
VI одделение📚
II НАГРАДА (83-79)🥈🥈🥈
Тамара Милошева, ООУ „Лазо Трповски“ – Скопје, ментор: Љупка Чешмеџиевска
III НАГРАДА (78-74)🥉🥉🥉
Искра Миташевска, ООУ „Лазо Трповски“ – Скопје, ментор: Љупка Чешмеџиевска
VII одделение📖
III НАГРАДА (81-77)🥉🥉🥉
Викторија Талеска, ООУ „Лазо Трповски“ – Скопје; ментор: Љупка Чешмеџиевска
Им благодарам на моите ученички за нивниот труд, посветеност, ангажираност, трпеливост и истрајност во текот на целиот процес.
Горда сум на вас прекрасни деца, горда сум што го претставивте најдостоинствено своето училиште!
Државен натпревар по македонски јазик
Конечни резултати од државен натпревар по македонски јазик 2025/2026 година VI одделение📚 II НАГРАДА (83-79)🥈🥈🥈 Тамара Милошева, ООУ „Лазо Трповски“ – Скопје, ментор: ....
09/06/2026
Државен натпревар по Физика
Нашите млади истражувачи повторно покажаа дека физиката им е во прв план! На Државниот натпревар по Физика, нашите ученици постигнаа извонреден успех и освоија:
🏆 3 ПРВИ НАГРАДИ
Михаил Ангелов VII
Ата Аго VII
Павел Чавкоски IX
🥉 1 ТРЕТА НАГРАДА
Јаков Рувчевски VIII
📜 1 ПОФАЛНИЦА
Лука Новков пофалница
Честитки до нашите генијалци кои покажаа како со упорност, логика и многу труд се стигнува до државниот врв. Секоја чест за посветеноста на учениците и на нивниот ментор Мирјана Патаракоска коај неуморно ги водеше низ сите научни предизвици. Горди сме на сите вас! 🚀🔬📐
Државен натпревар по Физика
Нашите млади истражувачи повторно покажаа дека физиката им е во прв план! На Државниот натпревар по Физика, нашите ученици постигнаа извонреден успех и освоија: 🏆 ...
08/06/2026
Пред крајот на учебната година, учениците од петто одделение беа учесници на традиционалната церемонија на менување на државното знаме и посета на Кабинетот на Претседател Гордана Сиљановска - Давкова. 🇲🇰🏢🏛️✨
Церемонијата започна со македонската химна, изведена од Воениот оркестар и придружена од детските гласови. 🎶🎺🥁👧👦
Потоа, учениците имаа можност да ги разгледаат просториите на Кабинетот и да се запознаат со работата на институцијата. 🚪👀🗺️✨
Највозбудливиот дел сепак беше директниот разговор со Претседателката. Разменувајќи прашања и одговори околу претседателската функција и професорската работа, учениците имаа можност да слушнат и неколку досетки и случки од детските и училишните денови на Претседателката. На крајот на учениците уште еднаш им беше напомнато дека знаењето е најголемо богатство и најсигурен сопатник во животот. 💬🧠💡📚🎒👏🌟
Ерик Антон, ученик во 3 одделение и член на џудо клубот „Суперџудо“ од Скопје, под палката на тренерот Александар Димитријоски, во изминатиот период постигна значајни успеси на повеќе интернационални натпревари. 🥋🏆🥇✨
Ерик активно тренира џудо речиси 5 години, а со својата посветеност, дисциплина и труд покажа прекрасни борби и одлични резултати. 💪🧠🔋🥋
Во март 2026 година го освои 3-тото место на Државното првенство, што претставува уште еден голем успех во неговата спортска кариера. 🗓️🥉🏆
На силниот меѓународен турнир „Владан Петровиќ“ во Белград, Република Србија, кој беше од балкански и европски ранг, учество зедоа 46 клубови од целиот Балкан, во исклучително силна конкуренција. Во неговата категорија настапија повеќе од 40 натпреварувачи, а Ерик оствари одличен пласман и достојно го претстави својот клуб и државата. 🇷🇸🇪🇺🥊🔥🇲🇰
Потоа настапи и на интернационалниот турнир „Цар Константин“ во Ниш, Република Србија, каде во многу бројна и тешка конкуренција од 25 натпреварувачи во неговата категорија го освои 5-тото место. 🥋🇷🇸📈🌟
На меѓународниот турнир во Бања Лука освои два медали во две различни категории, покажувајќи извонредна подготвеност, борбеност и спортски дух. 🏅🏅🇧🇦🥋💥
Овој викенд настапи и на интернационалниот турнир „Skopje Open“ во Скопје, каде го освои 3-тото место, уште еднаш потврдувајќи го својот квалитет и посветеност кон спортот. 🗓️🇲🇰🥉🥋🎉
Ова е само дел од неговите резултати во изминатите неколку месеци, а зад себе има многу успеси, медали и признанија и во изминатите години. 🥈🥇🥉📜✨
Со своите резултати достојно го претставува училиштето, клубот и нашата држава. 🏫🏢🇲🇰👏🌟
„Eдна огромна внатрешна дворна површина, некогашна руинирана фонтана без никаква функција, ја претворивме во уникатна отворена училница. Се облековме во работнички мантили, ставивме ракавици и се фативме за работа. Со добра музика во позадина и силна мотивација, пластичните шишиња станаа украси и саксии, даските и гумите се претворија во масички и столчиња, комплетно уредивме катчиња за учење и дружење“ – вели за CRNOBELO.com Рената Поповска, педагог во ООУ „Лазо Трповски“.
🏆И оваа година овие ученици се гордост за нашето училиште ООУ,,Лазо Трповски,,! 🏆
Со голема радост го споделуваме успехот на нашите ученици на Државниот натпревар по Биологија.
9 одд
🥇 1.Славица Јованоска освои I награда,
2.Павел Минчов II награда
3. Дарија Алексовска II награда
4. Каја Трпкоски II награда
8 одд�Максим Станоев II награда�7 одд�Калин Ѓуровски II награда�Викторија Талеска II награда�Михаил Ангелов II награда�Даниел Димов Учество�👏Им честитаме на сите ученици за вложениот труд, знаење и посветеност, како и на нивниот ментор проф .по Биологија Хемија Даниела Радевска за поддршката и успешната работа.
Ви посакуваме уште многу успеси и нови достигнувања! 🌿📚🎉
ООУ,,Лазо Трповски,, Карпош
Твој најдобар пријатеј❤️
Државен натпревар по Биологија
🏆И оваа година овие ученици се гордост за нашето училиште ООУ,,Лазо Трповски,,! 🏆 Со голема радост го споделуваме успехот на нашите ученици на Државниот натпревар ...
04/06/2026
ООУ „Лазо Трповски“ со најубав еко-двор
🍀Во рамки на Програмата за образование на Општина Карпош, по шести пат, се реализираше натпревар меѓу општинските основни училишта за избор на најубав училишен еко-двор.
Оваа активност има за цел да ги мотивира учениците, родителите и наставниците за подигање на свеста и грижата за екологијата и животната средина. 🏡
🥇Првото место го освоија учениците од ООУ „Лазо Трповски“ кои добија награда од 70.000 денари.
🥈Второто место и наградата од 50.000 денари ја поделија ООУ „Петар Поп Арсов“ и ООУ „Димо Хаџи Димов“
🥉Третата награда од 30.000 денари им припадна на учениците од ООУ „Христијан Тодоровски Карпош“
🌿Општина Карпош и понатаму ќе вложува во активности кои ја поттикнуваат еколошката свест и создавањето на подобри услови за учење и развој на учениците.
Учениците од ООУ „Лазо Трповски“ постигнаа голем успех во Берлин, освојувајќи престижна награда на Меѓународниот училишен натпревар за воздушен и вселенски сообраќај 2026! 🏆🚀
Со проектот „Нашето патување на Јупитер“ 🪐, учениците од 4а одделение покажаа дека љубопитноста, знаењето и тимската работа можат да донесат меѓународен успех. 🌍✨
Искрени честитки до учениците и нивните ментори за овој значаен успех, кој е доказ дека кога на младите им се дава можност да учат и истражуваат, тие можат да достигнат врвни резултати! 🎓👏🎈