ПРИВАТНО СРЕДНО УЧИЛИШТЕ МАКСИМИЛИЈАН
со акредитација бр. 11-440/9 од 22.07.2009 год.издадена од Министерството за образование и наука на Р. Македонија
Гимназијата "Максимилијан" е место каде учениците имаат можност да следат настава според највисоките меѓународни стандарди преку паралелно изучување на повеќе странски јазици во пријатна атмосфера во паралелки со мала група од ученици.
Наставна
та програма на Гимназијата "Максимилијан е богата со задолжителни и изборни предмети, кои претставуваат голем предизвик за учениците. Истата се имплементира преку стандардизирани форми и методи на настава кои овозможуваат активно следење на наставно-образовниот процес, активно учество на учениците во текот на наставата.
Ние сме секокаш еден чекор пред другите, бидејќи нашата основна цел е да ги надминеме вашите очекувања.
Посветени сме на континуирано -доживотно учење и секогаш се стремиме да бидеме во чекор со глобалните трендови во образованието.
Визијата на нашето училиште е реализирање на средно образование кое ги задоволува меѓународните стандарди преку почитување на принципите на децентрализација,еднакви образовни можности за сите,квалитет, транспарентност,интегративност и граѓанска одговорност
Концептот на часовите овозможува, секој ученик да може да се пронајде во областа која кај него буди најголем интерес, како и да развие свои ставови и критичко размислување околу конкретните проблематики.
Во склоп на својата програма ПСУ Максимилијан, нуди голем број вонредни активности по завршување на часовите кои секој ученик самостојно ги избира во зависност од своите интереси.
Во текот на учебната година, секое дете има можност да се приклучи на бројни меѓународни натпревари и трибини кои нашето училиште ги нуди.
По завршувањето на средното образование, на учениците им се нуди можност да изберат каде ќе го продолжат своето школување, дали на некој од нашите универзитети или пак во странство.
Училиштето во основа ја гради концепцијата на проодност кон високото образование.
Со особено внимание посветено на Европскиот кредит трансфер систем (ЕКТС), се овозможува непречена мобилност на учениците.
Во таа смисла, наставните планови и програми се структурирани да обезбедат квалитетна подготовка за учениците.
Вертикалната проодност на учениците е загарантирана со полагање на државна матура. Учениците имаат можност да изберат да полагаат училишна или државна матура.
Школарина
2850 евра во денарска противредност-македонска паралелка
3250 евра во денарска противредност- англиска паралелка
Во школарината се вклучени следниve услуги:
редовна настава;
изборни предмети;
семинари и истражувачки проекти на локално ниво;
менторство;
работа во мали групи;
користење на библиотека;
систематски прегледи,ние се грижиме за здравјето на нашите ученици;
Во школарината не се вклучени следниve услуги:
исхрана , патувања, посети, трошоци за виза и училишни екскурзии во и надвор од Македонија; патни трошоци од и до училиштето; дополнителна настава и активности
ПСУ Максимилијан,
www.maximilian.edu.mk
070 283-566