26/10/2022
Техника бр.4
Корегулација е процесот во кој родителот или некој возрасен од системот има поддршка кај децата и младите помагаат и го фасцилитираат процесот на регулација на емоциите. На пример, тинејџерот се лути затоа што му е кажано НЕ и демонстративно ја покажува лутината. Родителот моделира регулирање преку корегулација на следниов начин:
- Валидира (знам дека се лутиш поради одлуката што ја донесов)
-Ги добредојдува емоциите (во ред е да се лутиш, очекував дека нема да си среќен со одлуката)
-Поставува граница (можеш да си лут-но не можеш да лупаш, тропаш, кршиш, викаш...)
-Регулира (тоа што можеже да направиме кога сме лути е да си земеме време за да се излуфтираме, да се напиеме вода, да стискаме стрес топка, да скокаш во место.....)
- резолуција на конфликт (а кога двајцата сме регулирани, може да разговараме за одлуката за да избегнеме неубави зборови еден кон друг)
За после 10 години кога се самостојни, независни, во други врски и ситуации-имаат default однесување на кое што се навраќаат за да практикуваат саморегулација.
Родителот не може да понуди корегулација доколку самиот тој е нерегулиран и му е потребно нему корегулација. Родителот може да е регулиран и подготвен за корегулација кога ќе го издвои однесувањето од самото дете и ќе му пристапи на однесувањето-наместо на детето; кога ќе одговори наместо да реагира; кога ќе воочи сопствени тригери кои го вадат од контакт кога тинејџерот изразува незадоволство на одреден начин.
#решавањеконфликт #родителиидеца #саморегулација #моделирајоднесувања #чувства