04/06/2026
ООУ ,,Христијан Тодоровски Карпош" - Скопје
Општинско основно училиште „Христијан Тодоровски КАРПОШ“ - Скопје
04/06/2026
02/06/2026
🌳Нашиот еко-двор
Заеднички проект на учениците, вработените и родителите.
23/05/2026
📚Денес на часот по македонски јазик имавме чест и задоволство да ја запознаеме писателката Јадранка Клисарова. Нејзината посета беше многу интересна, поучна и инспиративна за сите ученици. Таа ни раскажуваше за љубовта кон пишувањето, за книгите и за тоа како се создаваат приказните.
Со големо внимание ги слушавме нејзините совети, искуства и интересни случки од нејзината работа како писател. Имавме можност и да поставуваме прашања, на кои таа со задоволство ни одговараше.
Средбата помина во прекрасна атмосфера исполнета со насмевки, разговори и љубов кон литературата. Ваквите посети нè мотивираат повеќе да читаме, да твориме и уште повеќе да го сакаме македонскиот јазик и литература.
22/05/2026
🧪🏆 Со особено задоволство ги објавуваме резултатите од државниот натпревар по хемија, кој се одржа на 15 мај 2026 година на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Нашите ученици повторно покажаа знаење, посветеност и љубов кон науката, претставувајќи го нашето училиште во одлично светло и освојувајќи бројни награди! 🌟
🥇 Особено сме горди на ученикот Алексеј Заљесов од 7 одделение, кој беше еден од неколкумината ученици во државата што ги освоија сите можни бодови на натпреварот и се пласираше на високото трето место во државата! 👏🔬
🎖️ Им честитаме на сите ученици за вложениот труд, знаење и достојното претставување на училиштето. Вашиот успех е доказ дека љубопитноста, упорноста и љубовта кон науката секогаш носат резултати. Продолжете храбро, ентузијастички и со кренати глави по патот на знаењето затоа што науката е моќ што го менува светот! 💙⚗️
22/05/2026
Уште еден голем успех за нашето училиште,
Со огромна радост,гордост и чест ја споделуваме прекрасната вест дека нашиот колектив стана побогат за уште едно врвно професионално признание.
Одделенскиот наставник-ментор Владанка Д Миче според објавената ранг-листа на Министерството за образование и наука официјално се стекна со највисокото кариерно звање „наставник советник“.Ова звање не е само административно признание,туку претставува круна на долгогодишниот труд,неуморната посветеност,креативност и љубовта со која Владанка Д Миче секојдневно им пристапува на учениците и на наставниот процес.
Наставник не е само професија,туку една голема мисија.Владанка Д Миче со својот пример покажува како се сака и како се унапредува таа мисија.
Твојот успех е и наш успех...
18/05/2026
Меѓународен проект-Ретки се
Одд. наставник- Мирјана Петкова IIIа
18/05/2026
Нашите џудо медалисти
💪 Силен тим од наши најмлади џудисти на СУПЕРЏУДО Скопје (деца од 6-10 години) на 10. мај 2026 година учествуваше на „Меѓународниот натпревар во џудо за деца“ во Аминдео, Р. Грција.
Нашите најмлади борци покажаа големо срце, храброст, мотивираност и борбеност натпреварувајќи се со натпреварувачи од Грузија, Ерменија, Грција, Турција, Полска и Република Македонија, во исклучително силна конкуренција.
🏆 Од вкупно 20 натпреварувачи на СУПЕРЏУДО Скопје, освоени се 17 медали. За многумина од нив ова беше прво натпреварувачко искуство – исполнето со возбуда, трема и нови предизвици, но и огромна желба за успех.
Посебно сме горди на нашиот ученик Марко Марковски од II-а одделение , кој на своето прво натпреварување успеа да освои бронзен медал 🏅 Со голема храброст, борбеност и спортски дух, Марко покажа одличен настап и се закити со медал.
Click here to claim your Sponsored Listing.
Location
Category
Contact the school
Website
Address
Орце Николов бр. 161
Skopje
1000