ООУ „Коле Неделковски" - Центар, Скопје

ООУ „Коле Неделковски" - Центар, Скопје

Share

Основното училиште „Коле Неделковски“,својот воспитно-образовен процес го започнува учебната 1957/58г

02/06/2026

Мало изненадување од IV в одделение... Запишете го датумот и се гледаме на нашата завршна приредба! 🤫✨

01/06/2026

Учениците од II-а и II-в одделение, во придружба на чичко Ивица, поранешен сообраќаен полицаец, ја посетија раскрсницата и се запознаа со правилата за безбедно учество во сообраќајот. Преку практично набљудување и разговор ги збогатија своите знаења за сообраќајните знаци и правилното однесување во сообраќајот. 👮‍♂️🚶‍♀️🚶‍♂️

Благодарност до чичко Ивица за издвоеното време и корисните совети! 😊👏

Photos from ООУ „Коле Неделковски" - Центар, Скопје's post 27/05/2026

🥖🏭 Денес учениците од IIIб одделение ја посетија пекарата Специјал. 👩‍🍳👨‍🍳
Се запознаа со машините кои се вклучени во процесот на правење леб 🍞 и разновидни пецива 🥐🥨.
Со голем интерес и радост учествуваа во обликување на вкусни ѓевречиња 🥯.
На крај од посетата имаа можност да ги пробаат вкусните производи од пекарата 🍞.
Среќни и со многу убави впечатоци се вратија во училишните клупи.
👏 Голема благодарност до вработените од пекарата Специјал за топлото гостопримство и убавото искуство што им го овозможија на нашите ученици .

27/05/2026

Со голема радост ја споделуваме веста дека го освоивме третото место на конкурсот и натпреварот ,,Учиме да рециклираме - заедно креираме " организиран од Општина Центар🥉

✅️ Ова признание е доказ дека креативноста и одговорноста кон животната средина одат рака под рака.
👏Благодарност до сите ученици, наставници и родители кои придонесоа со идеи, труд и поддршка.
Продолжуваме да рециклираме, да создаваме и да инспирираме!🌍♻️

Photos from ООУ „Коле Неделковски" - Центар, Скопје's post 27/05/2026

Денес учениците од четвртите одделенија присуствуваа на едукативно предавање на тема „Правилна орална хигиена“. 🦷✨🪥
Преку интересно и поучно предавање дознаа повеќе за правилната грижа за забите и важноста од одржување на оралната хигиена.
Со внимание и интерес го проследија предавањето и стекнаа корисни совети за секојдневна грижа за своето здравје.

Photos from ООУ „Коле Неделковски" - Центар, Скопје's post 23/05/2026

📚 По повод празникот на Св. Кирил и Методиј, учениците од Vв одделение ги подготвија овие творби со љубов и почит.
👏 Им оддаваме почит и благодарност на нашите учители!

Photos from ООУ „Коле Неделковски" - Центар, Скопје's post 22/05/2026

📚✨ Во пресрет на 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј, нашите најмлади ученици од прво одделение со голема љубов, креативност и детска искреност твореа инспирирани од делото на светите браќа. ✨📚
Преку цртежи, букви, пораки и шарени изработки, првачињата ја покажаа својата почит кон творците на словенската писменост и значењето на азбуката како најголемо богатство на еден народ. 🖍️📖
Со детска насмевка и вредни рачиња, тие уште еднаш нè потсетија колку е важно да го чуваме и негуваме мајчиниот јазик, писменоста и културното наследство. ❤️
👏 Горди сме на нашите мали ученици и нивната прекрасна креативност!
Среќен 24 Мај – Ден на Св. Кирил и Методиј 📚✨

Photos from ООУ „Коле Неделковски" - Центар, Скопје's post 21/05/2026

📚🌿 Настава во природа 2026 🌿📚
Во периодот од 11.05 до 14.05.2026 година, учениците од Va, Vб и Vв одделение, заедно со своите наставнички, реализираа незаборавна настава во природа исполнета со дружење, учење и прекрасни моменти.
Учениците имаа можност да посетат многу значајни културно-историски и природни знаменитости:
🕌 Шарена Џамија
🌊 Вруток
⛰️ Маврово
⛪ Св. Јован Бигорски , женскиот манастир Рајчица
🌅 Дебарско Езеро
🏰 Самоилова тврдина
🎭 Антички театар
⛪ Св. Климент Охридски
Плаошник,Канео,Св.Софија
💧 Билјанини Извори
🛶 Залив на Коските
🙏 Свети Наум
🌉 Струга и 🌿 Вевчани.
Преку ваквите активности учениците стекнаа нови знаења, развиваа другарство и создадоа спомени кои долго ќе ги паметат.
Сите си поминаа прекрасно, исполнети со радост, смеа и позитивна енергија. 💚

Photos from ООУ „Коле Неделковски" - Центар, Скопје's post 21/05/2026

🏦 Денес учениците од Ia одделение беа во едукативна посета на Централна кооперативна банка.

Во рамки на содржината по општество „Професии на луѓето“, учениците имаа можност одблиску да се запознаат со професијата банкар и да научат како функционира една банка.

Со големо внимание и љубопитност дознаа како функционира банкоматот, која е улогата на вработените во банката, како се организира секојдневната работа и кои безбедносни правила се применуваат.

Преку оваа поучна и интересна посета, учениците согледаа дека професијата банкар бара одговорност, љубезност, доверба и знаење, а воедно научија дека секоја професија е важна и достапна за сите. 👩‍💼👨‍💼💳💰

Им благодариме на вработените за топлиот пречек, трпението и прекрасното искуство кое им го овозможија на нашите најмлади ученици. ✅️

Photos from ООУ „Коле Неделковски" - Центар, Скопје's post 21/05/2026

Во книжарницата „Матица“ учениците од четвртите одделенија имаа средба со писателот Стојан Тарапуза. 📚✨
Тој им го доближи светот на литературата преку лектирата „Сон на тркала“.
Со голем интерес слушаа, поставуваа прашања и активно учествуваа во разговорот. 🙋‍♀️🙋‍♂️
Оваа средба претставуваше поинаков и инспиративен начин на обработка на лектирата, кој остава силна мотивација за љубов кон читањето и книгата. ❤️📖

Want your school to be the top-listed School/college in Skopje?

Click here to claim your Sponsored Listing.

Location

Category

Telephone

Website

Address


Улица "Антоние Грубишиќ" бр. 8, Скопје
Skopje
1000