Институт за биологија,ПМФ,УКИМ/ Institut za biologija

  • Home
  • Macedonia
  • Skopje
  • Институт за биологија,ПМФ,УКИМ/ Institut za biologija

Институт за биологија,ПМФ,УКИМ/ Institut za biologija Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Институт за биологија,ПМФ,УКИМ/ Institut za biologija, Education, Arhimedova 3, Skopje.

Оглас за Летна пракса во Пивара Скопје - програма Coke SummershipCoke Summership е наменет за студенти кои се во последн...
03/06/2026

Оглас за Летна пракса во Пивара Скопје - програма Coke Summership

Coke Summership е наменет за студенти кои се во последна година од своите додипломски студии или се на магистерски студии, на кој било Универзитет во земјата. Програмата ти нуди целосно бизнис искуство кое ќе ти помогне да ја започнеш твојата професионална приказна на вистински начин.

Повеќе инфо:

COKE SUMMERSHIP 2026Летото е совршен момент да направиш чекор кон кариера што те инспирира , а Coke Summership е токму местото каде што тоа почнува.Биди дел од  програма каде што ќ...

На 19.05.2026 год. на Институтот за биологија се одржа јавна одбрана на докторскиот труд со наслов „Видово разнообразие ...
01/06/2026

На 19.05.2026 год. на Институтот за биологија се одржа јавна одбрана на докторскиот труд со наслов „Видово разнообразие и екологија на макромицети во иглолисните заедници на Шар Планина“ од од кандидатката м-р Хасиме Јашари, вработена како наставник по биологија во ОУ „Симче Настовски“, Тетово.

Трудот е изработен под менторство на проф. д-р Катерина Русевска, а оценет од комисијата во следниот состав:

д-р Катерина Русевска, редовен професор на ПМФ – Скопје;

д-р Митко Караделев, редовен професор на ПМФ – Скопје;

д-р Славчо Христовски, редовен професор на ПМФ – Скопје

д-р Митко Костадиновски, редовен професор на ПМФ – Скопје

д-р Кирил Сотировски, редовен професор на Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“ (ХЕФ).

Докторскиот труд беше успешно одбранет, при што кандидатката се стекна со титулата доктор на биолошки науки – екологија.
На Хасиме ѝ честитаме за одлично сработениот и успешно одбранет труд, со желби за понатамошни успеси во развојот на микологијата и нејзино промовирање кај идните генерации.

21/05/2026
Теренска настава во рамките на предметот Безрбетници за студентите од студиска програма екологија и животна средина.Оваа...
08/05/2026

Теренска настава во рамките на предметот Безрбетници за студентите од студиска програма екологија и животна средина.

Оваа недела во рамки на предметот Безрбетници се реализираше првата еднодневна теренска настава за студентите од студиската програма по екологија и животна средина.
🐚🦐🪰🐛🪱🐌🦋

На теренската настава студентите од прва година (II семестар) имаа можност стекнатите знаења на предавањата и вежбите по овој предмет да ги применат и во природа.

Теренската настава е од особено значење за студентите на нашиот Институт. Преку работа на терен, тие стекнуваат практични вештини за набљудување и препознавање на видови и живеалишта.

Овој вид на настава ја поттикнува критичката мисла, истражувачкиот дух и способноста за решавање на конкретни еколошки проблеми.

🟣ОДБРАНА НА МАГИСТЕРСКИ ТРУД🟣На Институтот за биологија се одржа јавна одбрана на магистерскиот труд со наслов „Примена ...
08/05/2026

🟣ОДБРАНА НА МАГИСТЕРСКИ ТРУД🟣

На Институтот за биологија се одржа јавна одбрана на магистерскиот труд со наслов „Примена на кариотипизација и
ерејна компаративна геномска хибридизација при дијагностика на педијатриски пациенти со задоцнет развој, интелектуална засегнатост и дисморфичност“, од кандидатот Драгица Нестороска Тушевска, дипломиран молекуларен биолог, вработена во Лабораторија за ин витро фертилизација при
Центарот за плодност „Њуборн Клиник“, Скопје.

Трудот е изработен под менторство на проф. д-р Гордана Димеска, а оценет од комисијата во следниот состав:

д-р Гордана Димеска, редовен професор на ПМФ, Скопје;
д-р Славица Јосифовска, вонреден професор на ПМФ, Скопје;
д-р Елена Шукарова-Ангеловска, редовен професор на Медицински факултет, Скопје.

На Драгица и честитаме за одлично сработениот и успешно одбранет магистерски труд, со желба за уште поголеми достигнувања и успеси во својата научна област.

Членови од Институтот за биологија во соработка со Македонското еколошко друштво МЕД ги презентираа студиските програми ...
07/05/2026

Членови од Институтот за биологија во соработка со Македонското еколошко друштво МЕД ги презентираа студиските програми пред матурантите од СОУ „Цар Самоил“ во Ресен.
Фокусот на оваа посета беше ставен на нашите две студиски програми Екологија и животна средина и Биологија (наставен кадар за средно образование).
Почнувајќи од учебната 2026/2027 година Македонското еколошко друштво ќе ги стипендира студентите од преспанскиот регион кои ќе студираат на овие две насоки.
Целта на овие стипендии е да се доближи екологијата како наука, да се зголеми бројот на кадар кој ќе ја истражува и заштитува природата, особено во преспанскиот регион и да ги мотивира матурантите да студираат на една од овие две дефицитарни студиски програми.

https://makfax.com.mk/makedonija/makedonskoto-ekoloshko-drushtvo-ke-gi-stipendira-prespanskite-maturanti-koi-ke-zapishat-studii-po-ekologija-biologija-shumarski-ili-zemjodelski-nauki/?fbclid=IwZXh0bgNhZW0CMTEAc3J0YwZhcHBfaWQQMjIyMDM5MTc4ODIwMDg5MgABHvv3VbgW54qVDcd-SRhPGt2-CZfTnpvuMhVyfUwjKHo5e-AzFTYMsFnYpfmR_aem_IcGL--aFEMu2i3TEoUJ4wQ

Се гордееме со нашите студенти. Радослав Стојчевски е еден од нашите многу успешни студенти, млад и амбициозен човек кој...
06/05/2026

Се гордееме со нашите студенти.
Радослав Стојчевски е еден од нашите многу успешни студенти, млад и амбициозен човек кој постигнува големи успеси во полето на науката во светски рамки.

Радослав Стојчевски од Дојран е поранешен студент на Институтот за биологија при ПМФ, а од 2023 година е помлад професор по медицина (Assistant Professor) на Медицинскиот факу....

ПОВИК ЗА ПРАКТИКАНСТВОРеплек, во рамки на Програмата за практиканство, објавува Повик за пријавување за летна практична ...
06/05/2026

ПОВИК ЗА ПРАКТИКАНСТВО

Реплек, во рамки на Програмата за практиканство, објавува Повик за пријавување за летна практична обука со можност за вработување.

Програмата вклучува од еден до три месеци практикантска работа, учење од професионалци – експерти во областа, учење на процесите и вклучување во секојдневните активности во работењето.

Пријава до: 11.05.2026

Подетални информации може да најдете на следниот линк 👇

Повик за практикантство

Денес (29.04.2026 год.) се навршуваат 100 години од раѓањето на академик Кирил Мицевски. Основоположник и еден од постав...
29/04/2026

Денес (29.04.2026 год.) се навршуваат 100 години од раѓањето на академик Кирил Мицевски.

Основоположник и еден од поставувачите на темелите на современите флористички и вегетациски истражувања од страна на македонски ботаничари.

Во своето 50-годишно работно искуство како ботаничар ги посетил речиси сите планини, долини и клисури на територијата на Македонија, при што оставил неизмерно нациoнално богатство од голем број хербаризирани растителни примероци сместени во Македонскиот национален хербариум на Институтот за биологија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Неговите долгогодишни истражувања на флората и вегетацијата резултирале со објавување на 120 светски признати научни трудови, 45 видови нови за науката, нов вегетациски ред за науката, 7 нови сојузи и 24 асоцијации.

Животот и делото на акад. Кирил Мицевски остануваат да сјаат како едни од најблескавите светла на Институтот за биологија. Ова негово дело континуирано продолжува да се надоградува преку активната работа на неговиот директен ученик акад. Владо Матевски и неговите соработници, професори и асистенти од Одделението за Систематика и филогенија на виши растенија и фитогеографија со фитоценологија.

По повод стогодишнината од раѓањето на академик проф. д-р Кирил Мицевски (29.4.1926-6.2.2002) Основна преокупација во научноистражувачката дејност на академик Кирил Мицевс...

На 27.04.2026 г. студентите од студиската програма по Екологија и заштита на животната средина имаа можност да бидат дел...
28/04/2026

На 27.04.2026 г. студентите од студиската програма по Екологија и заштита на животната средина имаа можност да бидат дел од научната работилница посветена на диверзитетот на полжавите, која се одржа во Природно-научниот музеј - Скопје. Преку оваа едукативна активност, студентите непосредно се запознаа со разновидноста, морфолошките особености и значењето на овие организми, збогатувајќи ги своите практични и теоретски знаења.

Оваа работилница претставува уште еден успешен резултат од долгогодишната и плодна соработка помеѓу Природно-научниот музеј - Скопје и Институтот за биологија при ПМФ, која континуирано придонесува за унапредување на наставниот процес и научното образование.

За студентите, ваквите искуства се од особена важност, бидејќи им овозможуваат практична примена на знаењата стекнати на предметот „Безрбетници“, но и поттикнуваат поголем интерес за истражување и разбирање на биолошката разновидност.

Address

Arhimedova 3
Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Институт за биологија,ПМФ,УКИМ/ Institut za biologija posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The School

Send a message to Институт за биологија,ПМФ,УКИМ/ Institut za biologija:

Shortcuts

Share

Category