02/06/2026
🌍🤝 Од 27ми до 29ти мај 2026 година во Белград, Република Србија се одржа меѓународниот семинар „Building Bridges for Accredited Schools“, посветен на поврзувањето на eTwinning и Erasmus+ програмите и меѓународната соработка меѓу училиштата.
👩🏫👨🏫 На семинарот учествуваа 46 претставници од 10 европски држави, кои преку работилници и размена на добри практики стекнаа нови знаења, идеи и партнерства.
🇲🇰 Националната агенција за европски образовни програми и мобилност од Македонија беше претставена со четири учесници. Во рамки на семинарот, м-р Александра Ѓорѓиевска, наставник од ООУ “Ацо Шопов”-Скопје, презентираше успешни примери од eTwinning и Erasmus+ проектите.
✨ Семинарот овозможи професионален развој, вмрежување и создавање нови идеи за идни европски проекти.
28/05/2026
📢 Почитувани eTвинери,
Ве известуваме дека, како и секоја година, ознаките за eTвининг училиште ќе се доделуваат во септември. 🏫✨
За сите понатамошни информации и детали ќе бидете благовремено известени.
Со почит,
Тимот на eTвининг
25/05/2026
📢 Ве покануваме на eTвининг вебинар под наслов “Квалитет без граници: Инспиративни eТвининг проекти“
Трет вебинар од меѓународниот циклус кој ги поврзува eTвинерите од Словенија, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Македонија и Хрватска. 🇸🇮🇧🇦🇷🇸🇲🇪🇲🇰🇭🇷
📅 Датум: Среда, 27 мај 2026
⏰ Време: 14:00 – 15:00 часот
💻 Платформа: Microsoft Teams
👩🏫 На вебинарот ќе презентираат:
🔹 М-р Емилија Стојановска – eTвининг амбасадор (Македонија)
🔹 Сузана Ќелешоска – наставник ментор (Македонија)
🎤 Разговорот ќе го водат:
🔸 Д-р Наташа Љубич Клемше (Хрватска)
🔸 Томислав Павловиќ (Хрватска)
✅ Ќе слушнете конкретни примери на успешни eTвининг проекти, размена на искуства и совети за квалитетни проектни активности кои водат кон национална ознака за квалитет.
🌟 Инспирирај се, поврзи се, создавај без граници!
🔗 Линк за приклучување: https://teams.microsoft.com/meet/384658643950352?p=li2SaCyQWyetEfCRSG
#БезГраници
19/05/2026
📣 Отворен јавен повик!
еТвининг одделението при Националната агенција за европски образовни програми и мобилност објавува јавен повик за избор на 25 учесници за еТвининг дводневен семинар за носачи на одлуки на тема:
🔹 „Примена на СЕЛФИ (SELFIE) за унапредување на дигиталното образование во училиштата“
📅 25–26 јуни 2026 година
📍 Велес, Република Северна Македонија
Семинарот е наменет за директори на образовни установи, како и за претставници од МОН и БРО, со цел унапредување на дигиталното образование и запознавање со можностите што ги нуди алатката SELFIE на Европската комисија.
📌 За повеќе информации и пријавување, посетете го следниот линк: https://www.na.org.mk/News/NewsDetails/386
🔗 линк за пријавување : https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSfTwFgjRy3gx8cXUsP53y2xCRsZviIC7-pII_iHSUzRr0xRfg/viewform
📩 Доколку ви се потребни дополнителни појаснувања во врска со семинарот, контактирајте не на:
[email protected]
ЈАВЕН ПОВИК за објавување на повик за избор на 25 (дваесет и пет) учесници, на еТвининг дводневен семинар за носачи на одлуки на тема „Прим
Врз основа на Решение бр.20-335/2од 18.05.2026година, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност објавува
12/05/2026
📢 Почитувани,
Со големо задоволство ве покануваме на eTwinning онлајн тематскиот настан:
✨ „Инспиративни наставнички идеи по повод eTwinning Day 9 мај“ ✨
По повод eTwinning Day, заедно ќе прославиме инспиративни наставнички приказни, креативни идеи и успешно реализирани eTwinning активности 🌍📚
Наши наставници ќе споделат иновативни практики од својата работа, искуства, предизвици и успешни приказни од училницата, со цел меѓусебна инспирација и унапредување на наставниот процес преку европска соработка 🤝💡
eTwinning ни овозможува да учиме, соработуваме и создаваме без граници, а овој настан е уште една можност да ја прославиме заедницата на идеи и професионален развој 🇪🇺✨
📅 Датум: 14.05.2026
⏰ Време: 19:00 часот
💻 Локација: Microsoft Teams :https://teams.live.com/dl/launcher/launcher.html?url=%2F_%23%2Fmeet%2F9354186598616%3Fp%3DWrJ8LpEf2GPqaCkzxO%26anon%3Dtrue&type=meet&deeplinkId=fdcda72a-0508-4c36-a132-6c750d72ed20&directDl=true&msLaunch=true&enableMobilePage=true&suppressPrompt=true
Ве очекуваме заедно да ја прославиме креативноста, соработката и инспирацијата во наставата, модерирано од eTwinning амбасадорката Биљана Стојановска 🌟
09/05/2026
Од 7 до 9 мај 2026 година, нашите eTвининг амбасадори учествуваа во Вилнус на меѓународната eTвининг работилница за амбасадори 2026 на тема „Зајакнување на ангажманот и учеството во eTвининг“, заедно со eTвининг амбасадори од цела Европа. 🇪🇺
Три инспиративни денови исполнети со успешни приказни, конкретни стратегии, размена на искуства и силно чувство на заедништво. Посебни честитки до новоизбраниот Комитет на eTвининг амбасадори, кој во текот на годината ќе ги води активностите за меѓусебно учење и ќе придонесува за понатамошен развој и јакнење на заедницата.
Благодарност до сите амбасадори, говорници и учесници кои беа дел од ова значајно дружење, и онлајн и во живо, и придонесоа кон поврзување, соработка и инспирација во eTвининг заедницата. ✨
06/05/2026
📣 Почитувани едукатори,
По повод 9 Мај, eTвининг денот, ве покануваме да ја споделите вашата креативна активност и да бидете дел од една инспиративна приказна на добри практики! ✨
Следната недела ќе се одржи вебинар на кој пријавените едукатори ќе имаат можност да:
🔹 ја претстават својата активност
🔹 разменат искуства и идеи
🔹 инспирираат колеги од други училишта
Доколку има поголем број пријави, ќе се изврши избор на дел од активностите за презентација, а сите пристигнати примери ќе бидат споделени со eTwinning заедницата. 💙
📌 Пријавете се на следниот линк:
Пријава за споделување активност по повод eTwinning денот
Почитувани едукатори, Ве покануваме да ја споделите вашата креативна активност реализирана по повод eTwinning денот и да бидете дел од заедничка инспиративна приказна...