04/06/2026
✨ ОДРЖАНА УНИВЕРЗИТЕТСКА ТРКА И ФРКА 2026
🏃♂️🏃♀️Универзитетската трка и фрка по трет пат се одржа на терените на Факултет за безбедност - Скопје. Оваа година голем беше бројот на студенти и административен кадар од Универзитетот „Св.Климент Охридски“ – Битола кои зедоа учество, а најбројни беа студентите и вработените од Факултетот за безбедност – Скопје.
На трката учество земаа и вработените и кадетите од Центарот за обука при МВР.
ℹ Традиционално, трката се реализира под знамето на Алијансата, КОЛОРС, во соработка со Кираџиев Тренинг Системи кои се задолжени за регуларноста пред и за време на одржување на трката, како и за загревање на натпреварувачите.
🥇🥈🥉 Во категорија мажи првото место го освои Петар Угриновски, втор беше Томислав Трајковски, а на третото место се пласира Александар Ѓергев. Кај женските натпреварувачи, најдобра беше Теодора Станкова, на второто место се пласира Зорица Петковска, а третото место го освои Мартина Богдановска.
🧠💪 Пред трката за сите учесници се реализираше работилница на тема „Физичка активност и ментално здравје: активно тело – смирен ум“, која беше под водство на проф. д-р Драгана Батиќ.
🎉 Настанот што се одржа на 3 јуни 2026 година ја потврди сѐ поголемата масовност и интерес за оваа спортска манифестација. Покрај студентите, од оваа година активно се вклучува и неакадемскиот кадар, што дополнително придонесува за нејзиниот развој и препознатливост. Токму тоа е и целта на настанот – да обедини што поголем број учесници и љубители на спортот, со надеж дека во наредните изданија манифестацијата ќе продолжи да расте и ќе прерасне во меѓународен тркачки фестивал.
Универзитет „Св. Климент Охридски“ - Битола
Центар за обука - МВР
#укло #уклостуденти