Фондација „Небрегово“ • Foundation "Nebregovo"

Фондација „Небрегово“ • Foundation "Nebregovo"

Share

Фоднацијата за македонски јазик „Небрегово“ е формир

04/09/2024

Shout out to my newest followers! Excited to have you onboard! Olgica Paspalovska, Мариче Стојанова, Ilija Krbaleski

Photos from Фондација „Небрегово“ • Foundation "Nebregovo"'s post 22/10/2021

Отворени денови на ИМЈ • Спомен дом „Блаже КОНЕСКИ“ - НЕБРЕГОВО
датум: 22.10.2021 год.
•••••••••••••••••••••••••••••••••••••••••••••••••••••
Телеграма - обраќање во име на СТАМАТОСКИ фамилијата
До д-р Елена Јованова Грујовска, Директор на ИМЈ

Почитувана Директорке,

Уште еднаш Ви се заблагодарувам за љубезната покана да бидам дел од Отворените денови на ИМЈ. Навистина голема чест и задоволство е да се биде дел од една ваква прекрасна и мнпогу значајна манифестација.
За жал околностите со пандемијава не ми дозволуваат да бидам дел и од настанот во Небрегово. Ќе ме извините. Јасно, за сите следни активности ви стојам на располагање и со задоволство ќе ви се приклучувам и бидам дел од нив

Но, секако, од мое име, а и во име на целата фамилија СТАМАТОСКИ еве краток поздрав:
*** *** *** *** ***

Почитувани,

Поздравувајќи го овој прекрасен собир и се што е во рамките на Отворените денови на ИМЈ дозволете ми од мое име, како и во името на целата фамилија СТАМАТОСКИ, а секако и како активна алка во функционирањето на Фондацијата „Небрегово“, да ви изразам огромна благодараност за изразената почит кон татко ми, нТрајко СТАМАТОСКИ и неговото дело. Практично, опус кој заокружува повеќедецински непрегор за се она што значи етаблирање на македонскиот јазик. Беше активен до последниот ден, а верувам дека со идеите и бистриот ум, да не беше сурово оттргнат од сите нас со пеколниот Ковид, ќе беше дел и од оваа прекрасна манифестација.
Особено значајно за него е да се истакне блискоста, професионална и привата, со Академик КОНЕСКИ уште од факултетските денови, а со кого бевме први комшии уште од почетокот на 60-те па се до заминувањето од овој свет.
Исто така, со гордост и посебен пиетет е врзан за ова место, за се она што беше постојано во неговиот ум и врзано за иницирање и реализрање на овој спомен дом. Впрочем, како најактивен двигател и Претседател на Фондацијата „НЕБРЕГОВО“, се обнови овој спомен дом и се реализираа бројни проекти.
Делата на нашите великани Мисирков, Конески и сите други, а по нив и татко ми и сите негови современици, како и сите вие кои го продолжувате тој пат, остануваат завет за сите нас и генерациите кои следат.
Продолжуваме по нивните патеки.

Со почит,

фамилија СТАМАТОСКИ

Огнен СТАМАТОСКИ

Фондација „НЕБРЕГОВО“
Капештец 11
1000 Скопје
070-204066
Stamatoski

Want your school to be the top-listed School/college in Skopje?

Click here to claim your Sponsored Listing.

Location

Address


Skopje