08/05/2026
⚡️ Science@FEIT спонзор
👉 Цементарница УСЈЕ АД Скопје е производител на цемент и на други градежни материјали. Како членка на Групацијата ТИТАН, работи според најдобрите светски практики водејќи грижа за потребите на општеството и одржливиот развој преку одговорност и интегритет.УСЈЕ е основана во 1955 година и денес е една од најголемите домашни компании со значаен придонес во развојот на земјата. Вработува околу 240 вработени, a преку соработката со локални добавувачи и изведувачи овозможува создавање нови работни места. ементарница УСЈЕ создава вредност преку трансформација на суровините во основниот градежен производ – цементот, служејќи ѝ на општествената потреба за квалитетно, безбедно и трајно домување и инфраструктура. Цементарница УСЈЕ е посветена кон одржливост и има за цел да одговори на глобалните предизвици за одржливост во рамките на Целите за одржлив развој на Обединетите нации 2030. Цементарница УСЈЕ е членка на Глобалниот договор на ОН од 2008 година.
Да го направиме светот околу нас безбедно, одржливо и пријатно место за живеење.Нашата цел го нагласува нашиот потенцијал за општествена корист и подобрување на индивидуалните животи, и ја отелотворува суштината на нашата мисија. Во Титан, нашата мисија е да обезбедиме иновативни градежни материјали, решенија и услуги кои се неопходни за безбедни и одржливи домови, објекти и инфраструктура која им овозможува на луѓето да уживаат во животот.
💭 Те чекаме
🗓️ 9 и 10 мај
📍 Hotel Scardus, Попова Шапка