05/04/2026
Биди хуман, подари живот!
Денес во Градскиот парк, во рамките на Авицена женска трка, свој штанд имаше Македонскиот дарителски регистар за коскена срцевина. Во прекрасна атмосфера ги запознавме присутните со работата на Регистерот и што значи да си доброволен дарител на матични клетки.
Им благодариме на сите наши подржувачи, пријатели и сите доброволни дарители за големиот интерес во оваа акција!
Биди срцевина, биди херој! 🩸+🩸 =❤️
03/04/2026
Во недела на 05.04.2026 година Ве очекуваме со штанд на Zenska Trka кај фонтана Лотус во Градски парк од 9:30 до 11:00 часот. Може да се информирате за работата на Македонскиот дарителски регистар за коскена срцевина, но и да станете дел од истиот. Ве очекуваме
Биди срцевина, биди херој 🩸+🩸=❤️
18/03/2026
Огромна благодарност на дарителката од Турција која даруваше матични клетки за пациент со акутна леукемија на Клиниката за хематологија. Клетките синоќа безбедно стигнаа со помош на Македонскиот дарителски регистар за коскена срцевина на ЈЗУ Универзитетска Клиника за хематологија. Ова е прв увоз на матични клетки од друга земја за нашите пациенти во 2026, а вкупно се направени 73 увози на матични клетки од 2018 година кога е започната несродната трансплантација во нашата земја.
Дарувањето на матични клетки е несебичен и безбеден чин со кој се спасуваат човечки животи. Секое лице во добро општо здравје и на возраст од 18-45 години може да се зачлени во
Македонскиот дарителски регистар за коскена срцевина (МКДРКС) кој се наоѓа на Институтот за имунобиологија и хумана генетика.
Биди хуман, спаси живот!
05/10/2025
И оваа година бевме дел од Скопскиит маратон со штанд на кој ги информиравме граѓаните за работата на Дарителскиот регистар за коскена срцевина и им благодариме на сите кои ја искористија оваа можност да станат дел од големото семејство на доброволни дарители на матични клетки.
Биди срцевина, биди херој 🩸+🩸=❤️
ЈЗУ Универзитетска Клиника за хематологија
Министерство за здравство / Ministria e Shëndetësisë
14/05/2025
Што е тоа дарителски регистар на матични клетки? Кој може да биде доброволен дарител и како е процедурата на дарување може да чуете во емисијата Фактор здравје со проф. д-р Мери Киријас од Македонскиот дарителски регистар за коскена срцевина.
🩸+🩸=❤️
Фактор здравје - Дарување на матични клетки
Гостување на асс. проф. д-р Мери Киријас, имунолог
14/04/2025
На 13.04. 2025 бевме дел од Авицена женска трка во Скопје. Им благодариме на сите кои го посетија нашиот штанд и на сите кои ја искористија оваа прилика за да се зачленат во Македонскиот дарителски регистар за коскена срцевина.
Биди срцевина, биди херој 🩸+🩸=❤️
05/04/2025
На 13.04.2025 (недела) Македонскиот дарителски регистар за коскена срцевина ќе има свој штанд во рамките на женска трка Авицена, од 09:30 до 11:00 часот кај фонтаната Лотус во Градски парк. Сите заинтересирани може да го посетат нашиот штанд за да се запознаат со работата на Регистарот и да станат доброворен дарител на матични клетки. Заедно со Клиниката за хематологија и студентите по медицина EMSA - Macedonia ReBorn работиме на подигнување на свеста за дарувањето на матични клетки.
www.zenskatrka.mk
Биди срцевина, биди херој! 🩸+🩸=♥️
24/03/2025
Ги очекуваме сите хумани луѓе кои сакаат да станат дел од Македонскиот дарителски регистар за коскена срцевина да дојдат да се зачленат. Со тоа стануваат потенцијални донори на матични клетки за Викторија и сите останати пациенти со хематолошки заболувања.
Зачленувањето е брзо и едноставно и се одвива на Институтот за имунобиологија и хумана генетика, во Клиничкиот центар.
Биди срцевина, биди херој 🩸+🩸=❤️
06/10/2024
Уште една успешна акција за зголемување на бројот на доброволни дарители во Македонскиот дарителски регистар за коскена срцевина во рамките на Skopski Maraton заедно со студентите од EMSA - Macedonia ReBorn. Ви благодариме на сите што го посетивте нашиот штанд и што станавте дел од Регистарот.
Биди срцевина, биди херој! 🩸+🩸=❤️