11/06/2021
Прекрасно интервју за македонските природни убавини со фотографот Наце Попов Македонски, кој знае да ги долови на волшебен начин.
Наце Попов: Македонската природа е рај за очи - Блен.мк
Таа твоја мисија очигледно допре и до мене 😊. Имено, поттикот за ова интервју беа твоите фотографии на Фејсбук за проектот Macedonia from the Air. Што е целата идеја и до каде ...
27/04/2021
https://highlanderadventure.com/lake-ohrid/mk-mk
⛰️ Планинари, хајкери, љубители на планините – искористете ја велигденската понуда и станете дел од првиот HIGHLANDER настан кај нас.
🐐 5 дена на Јабланица, 100 километри за совладување, 4 леднички езера за поминување и милион спомени за паметење.
🥚 Од 29.04. до 03.05. имаме велигденски попуст од 10% за сите што се подготвени да ја доживеат авантурата на својот живот.
➡️➡️➡️ Код за попуст: VL @21
✍️ Регистрирајте се на: https://highlanderadventure.com/lake-ohrid/en-us/register-overview
25/03/2021
🌊 ТЕ ВОДАМ НА ЕЗЕРО И НА ГРАД ВО НЕГОВА БЛИЗИНА СО СКРИЕНА УБАВИНА
🏤 Ресен - толку мал, а толку убав. Прошетај низ неговите тесни улички со стара архитектура која на почетокот на 20. век се градела по урнек на архитектурата на Виена и Париз.
🎨 Посети го некогашниот Сарај на Нијази бег, импозантното неокласицистичко здание, кое денес е дом на најзначајните културни добра на Преспа: музејски збирки со наоди од археолошките локалитети, ликовни дела на Кераца Висулчева и изработки од познатата Ресенска керамичка колонија.
🍎 Купи си ресенски јаболка и седни под дебелата сенка на некое старо дрво да си каснеш и помисли на езерото, кое иако не се гледа, во ресен силно се осеќа.
☕ А, потоа, дозволи ми да те водам во некое локално кафуле, бар или ресторан – во Ресен или во околните селца. Дозволи ми да ти откријам уште непознати работи за целата Преспа и да ти го направам престојот незаборавен.
🌐 Твојот онлајн туристички водич: www.lakes.mk
📸 Фотографија: Ivanco Mariceski
20/03/2021
🌊 ЈА ПРЕПОЗНАВАШ СТРУГА? САКАМ ДА ТЕ ВОДАМ НИЗ УБАВИНИТЕ НА НАШИОТ ПРЕУБАВ ЕЗЕРСКИ ГРАД
🚶♂️ Прошетајте низ градската чаршија на Струга во утринските часови и напијте се кафе на утринското сонце.
📖 Појдете до Мостот на поезијата, помислете на таа т’га за југ што знае секого од нас да го облее кога не е таму и на тоа колку е убаво што во моментот ја нема.
Свртете се кон езерото и видете го излевањето на реката од него. Почувствувајте ја силата на двете води и спокојот што го носи таа.
Можеш да го посетиш и Природонаучникот музеј Николај Незлобински, можеш да го посетиш малиот амам Халвети теќе или останатите делови од познатиот римски пат Виа Егнација...
☕️ А, потоа, дозволи ми да те водам во некое локално кафуле, бар или ресторан. Дозволи ми да ти откријам уште непознати работи за Струга и да ти го направам престојот незаборавен.
🌐 Твојот онлајн туристички водич: www.lakes.mk
Фотографија: pixelsbyab
14/03/2021
🌊 САКАМ СЕКОГАШ ДА ТЕ ВОДАМ ДО ЕЗЕРО И ОДНОВО И ОДНОВО ВО ОХРИД!
👁 Знаеш дека мора да ги видиш:
Самуиловата тврдина
Црквата Св. Јован Канео
Богатото археолошко наоѓалиште Плаошник
Манастирот Св. Наум
Музејот на вода „Заливот на коските“
Старата охридска чаршија
🚶♀️ Знаеш дека мораш да прошеташ:
Низ старата охридска чаршија
По шеталиштето крај брегот на езерото
Низ охридските ридски улички
💤 А сакаш ли да откриеш некое ново место за кое не си ни сонувал дека го има во Охрид? Дозволи ми да те водам и да ти го направам престојот во Охрид незаборавен.
🌐 Твојот онлајн туристички водич: www.lakes.mk
📷 Фотографија: Adventure Macedonia
09/03/2021
🌊 ДОЗВОЛИ МИ ДА ТИ ПОКАЖАМ КАКО ДА УЖИВАШ ВО ПРЕСПАНСКОТО ЕЗЕРО
И низ Преспанско Езеро сакам да те водам прво од кајче. Да ги видиш Баба, Галичица, Плакенска, Бигла и Горбач, да го видиш Голем Град, да ги видиш крајбрежните селца.
☀️ Да го сетиш сонцето како те милува, ветрето како те гали, да почнеш да мислиш на големиот крап што плива некаде длабоко под тебе и малите нивички што веројатно се насекаде околу тебе.
Па да посакаш денот да нема крај и уживањето да трае вечно – како и убавината на ова наше природно богатство.
☕️ А, потоа, кога ќе се вратиш на копно, дозволи ми да те водам во некое локално кафуле, бар или ресторан. Дозволи ми да ти откријам уште непознати работи за езерото и за Преспа и да ти го направам престојот незаборавен.
🌐 Твојот онлајн туристички водич: www.lakes.mk
📸 Фотографија: Ivanco Mariceski
08/03/2021
Честит 8 Март!
Па догодина сите да го славиме покрај езеро 😉
02/03/2021
🌊 АЈДЕ ДА ТЕ ВОДАМ ДА ГО ЗАПОЗНАЕШ ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО, АМА НА МОЈ НАЧИН
🛶 Качи се на кајче или на брод и уживај во ветрето што те гали на површината на езерото.
🌥 Погледни кон небото – небото никогаш не било поубаво и попространо.
🦢 Види ги галебите и лебедите и замисли се над тоа што е вистинска слобода.
💎 Погледни низ проѕирната вода и провери до каде ти досега окото. Помисли дали некогаш си видел почиста вода...
🍽 А кога ќе се вратиш на копно, дозволи ми да те водам во некое локално кафуле, бар или ресторан. Дозволи ми да ти откријам уште непознати работи за нашето најпознато езеро.
🌐 Твојот онлајн туристички водич: www.lakes.mk
Фотографија: Amer Demishi
29/01/2021
Take only memories, leave nothing but footprints! ❄️☃️🥾👣
08/12/2020
ГО СЛАВИМЕ ДЕНОТ НА СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ
📖 Св. Климент Охридски, ученикот на браќата Кирил и Методиј, кој ја продолжил нивната мисија за ширење на словенската писменост, каде и да шетал, најмногу сакал кога во Охрид се враќал.
🏰 Богатото археолошко наоѓалиште Плаошник дава слика токму за почетоците на христијанството и улогата на Охрид како центар на сесловенската писменост, каде што во 9. век Св. Климент ја основа Охридската книжевна школа, уште попозната како „Прв словенски универзитет“.
Свети Климент токму на ова место ја имал изградено својата црква, каде што самиот си го подготвил гробот кога го почувствувал бремето на годините и наближувањето на судниот час. Денес, на тоа место стои црквата „Свети Климент и Пантелејмон“, каде што почиваат моштите на светецот онаму каде што и првично биле положени во 916 година, годината на неговата смрт.
🌐 За Св. Климент, Плаошник, Охрид и за целиот регион, постете го нашиот „сè во едно“ туристички водич: www.lakes.mk
30/11/2020
www.lakes.mk
🔎 Патувај на Преспанското или Охридското Езеро и откривај ги културните и природните убавини во околината!
Со поддршка од здружението Коцка подготви веб платформа каде што се мапирани новите можности за (аван)тура, културно-историските локалитети, природните убавини, гастрономската разновидност, и капацитетите за сместување во дестинацијата Охрид, Струга и Преспа!
👉 Повеќе информации на: https://lakes.mk/
Lakes.mk
#ПатувајиОткривај
#ЕУсоТЕБЕ #Влада #СветскаБанка
20/11/2020
🌊 ВИКЕНДОВ ОДИТЕ НА ОХРИДСКО ИЛИ ПРЕСПАНСКО?
Повелете на www.lakes.mk и видете што се нуди овој наш езерски регион.
На нашиот сè во едно туристички водич можете да најдете:
🧳 Каде да се сместите
⛪ Што да посетите
⛵ Како да се забавувате
🌮 Каде да јадете и пиете
Ако Охридско и Преспанско не ви се дестинација викендов, зачувајте си ја нашата веб-страница за во иднина. Сигурно ќе ви се најде 😉