СУГС „Георги Димитров“ - Скопје

СУГС „Георги Димитров“ - Скопје Средно училиште во Скопје кое реализира гимназиски и стручни наставни програми

🎭✨ Вечер исполнета со емоции, музика и неверојатна енергија!Средношколскиот мјузикл “The Music Man Jr” ни приреди вистин...
27/05/2026

🎭✨ Вечер исполнета со емоции, музика и неверојатна енергија!
Средношколскиот мјузикл “The Music Man Jr” ни приреди вистинско сценско доживување — многу талент, искрени емоции и настапи што долго ќе се паметат.
👏 Големо браво за сите ученици и професорките Марина Иванова,Јасмина Беличанска и Миле Наумовски кои заедно со учениците ни покажаа како се создава магија на сцена!

21/05/2026
Одлична атмосфера на овогодинешниот отворен ден на училиштето на кој учениците и нивните наставници на креативен начин и...
20/05/2026

Одлична атмосфера на овогодинешниот отворен ден на училиштето на кој учениците и нивните наставници на креативен начин им ги покажаа најважните елементи од училишниот живот во Георги на деветтоодделенците како да се учи на интересен начин, но и да се другарува и расте под менторство на наставниците.

Ги отвoраме вратите од училиштето да ви ги покажеме можностите за учење и развој на вашите потенцијали. Но, ги отвoраме ...
19/05/2026

Ги отвoраме вратите од училиштето да ви ги покажеме можностите за учење и развој на вашите потенцијали.
Но, ги отвoраме и нашите срца и желба за соработка за да се дружиме и растеме заедно🥰
Ве очекуваме во среда, во нашето училиште🍀

Нашата ученичка Александра Митеска од  II 7 клас говореше во име на учениците за тоа како го замислуваат но и живеат учи...
15/05/2026

Нашата ученичка Александра Митеска од II 7 клас говореше во име на учениците за тоа како го замислуваат но и живеат училиштето како безбедна средина а во името на родителите Викторија Аврамовска Мадиќ, како член на советот на родители од II година во нашето училиште го потенцираше значењето на родителската вклученост во градењето на позитивната училишна клима.
Заклучокот од излагањето на сите говорници беше јасен, секој член од системот е одговорен за неговата успешност.

Со голема гордост споделуваме дека нашите вредни ученици од тимот на Црвен Крст под менторство на училишниот педагог зед...
14/05/2026

Со голема гордост споделуваме дека нашите вредни ученици од тимот на Црвен Крст под менторство на училишниот педагог зедоа учество во овогодинешниот проект „Црвен крст во акција - Промоција на хумани вредности“ (ПХВ)! 🤝 ❤️
Преку низа креативни активности, работилници и собирни акции покажаа огромна ангажираност, тимски дух и емпатија.
Благодарение на поддршката од сите хумани граѓани, со собраните средства купени се фрижидери и повеќенаменски миксер наменети за болницата за белодробни заболувања кај децата КОЗЛЕ . 🎁 ✨
Уште еднаш докажавме дека малите дела, направени со многу љубов, прават голема промена во заедницата!
🙏 Големо БЛАГОДАРНОСТ до сите кои ја поддржаа оваа акција и им помогнаа на нашите ученици да донесат насмевки таму каде што е најпотребно.

Кога ќе видите вакви лица(разочарани) за освоено трето место на државно првенство, тогаш разбирате дека кај нас во Георг...
13/05/2026

Кога ќе видите вакви лица(разочарани) за освоено трето место на државно првенство, тогаш разбирате дека кај нас во Георги Димитров единствена опција е само првото место.
Нивните лица говорат за тоа дека тие го дадоа својот максимум за овој голем и значаен пласман но сепак амбициите беа поголеми.
Голем поздрав и до четворицата играчи кои беа отсутни на оваа утакмица но само од причина дека се повикани да играат за државната репрезентација.
Сепак, сите заедно тие се екипата која го освои првото место на Град Скопје и третото место во државата.
Чекаме нови предизвици и нови освоени места⚽️🏆

На 9.5.2026,  учениците од III-6 и III-7 ОХА подрачје од СУГС „Георги Димитров“ - Скопје на симулација на судење одржана...
12/05/2026

На 9.5.2026, учениците од III-6 и III-7 ОХА подрачје од СУГС „Георги Димитров“ - Скопје на симулација на судење одржана на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, организирана од ЕЛСА Македонија, се ставија во улогите на оштетен, обвинител, обвинет, адвокат, судија, сведок и вештак.
Честитки до идните носители на правосудството за феноменалниот перформанс.
Ментори: Александар Давидовски, професор по предметот Вовед во правото и Димитар Георгиев, поранешен ученик во СУГС „Георги Димитров“ - Скопје и Директор за академски активности во ЕЛСА Македонија

🎶 Бродвеј пристигнува во Скопје и Битола! 🎷По повод 250-годишнината на Америка, American Corners ви го носат култниот бр...
08/05/2026

🎶 Бродвеј пристигнува во Скопје и Битола! 🎷
По повод 250-годишнината на Америка, American Corners ви го носат култниот бродвејски мјузикл „The Music Man Jr.“ од Мередит Вилсон — добитник на шест Tony Awards! 🌟
„The Music Man Jr.“ ги содржи некои од најпознатите песни од музичкиот театар и приказна исполнета со хумор, топлина и старомансна романтика. Приказната го следи Харолд Хил — шармантен и брзозборлив продавач кој ги убедува жителите на Ривер Сити, Ајова, да купат инструменти и униформи за детски оркестар што ветува дека ќе го формира. Но има еден проблем — тој не разликува тромбон од виолински клуч! Неговите планови да избега со парите се комплицираат кога ќе се вљуби во Мериан — библиотекарката на градот… ❤️

Мјузиклот ќе го изведуваат ученици од средните училишта: „Никола Карев“, „Георги Димитров“, „Раде Јовчевски-Корчагин“ и „Орце Николов“.

Режијата и подготовката за сцената се на професорите: Јасмина Беличанска, Марина Иванова и Миле Наумовски, со асистенција во кореографија и режија од ученичките Александра Митеска и Калина Стипцарова. ✨

📍 Изведби: 🎭 26 и 27 мај во 20:00 часот — Драмски театар Скопје 🎭 5 јуни во 19:00 часот — Дом на култура Битола.

Се гледаме! 🎶✨

Учениците и наставниците од нашето училиште активно се вклучија во „Еко час“ во рамки на акцијата „Генералка викенд 2026...
08/05/2026

Учениците и наставниците од нашето училиште активно се вклучија во „Еко час“ во рамки на акцијата „Генералка викенд 2026“.
Засадивме цвеќиња, ја уредивме цветната градина и го исчистивме училишниот двор , придонесувајќи за поубава, почиста и поздрава животна средина.
Одговорни професори: Ана Костовска, Маргарита Генчиштанова и Горан Дејановиќ.
Со мали чекори создаваме големи промени!

#ЕкоЧас2026 #ГенералкаВикенд2026 #ЕкоУчилиште

Address

Улица Варшавска бр. 3 Карпош
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 07:30 - 19:30
Tuesday 07:30 - 19:30
Wednesday 07:30 - 19:45
Thursday 07:30 - 19:30
Friday 07:30 - 19:30

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when СУГС „Георги Димитров“ - Скопје posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The School

Send a message to СУГС „Георги Димитров“ - Скопје:

Shortcuts

Share

Category