09/09/2026
🏃♀️❤️ ОУ „Лазо Ангеловски“ дел од „No Finish Line Skopje“! ❤️🏃♂️
Денес нашето училиште уште еднаш покажа дека спортот, заедништвото и хуманоста одат рака под рака!
Во рамки на хуманитарниот настан „No Finish Line Skopje“, кој се одржува во Аеродром, учествуваа дури 540 наши ученици од V до IX одделение, кои со огромен ентузијазам, позитивна енергија и хуманост беа дел од оваа прекрасна иницијатива. ❤️
Под менторство на наставниците по физичко и здравствено образование:
Петар Ацески, Марјан Куцулоски, Бошко Кентер, Далибор Савевски, Кристијан Шумковски и Марио Петрушевски, нашите ученици испратија силна порака дека секој чекор може да значи многу за некого.
Ова не е трка за медал – ова е трка за здравје, солидарност и надеж. Секој изминат километар е придонес за помош на Детската болница „Козле“. ❤️
👏 Горди сме на нашите ученици кои уште еднаш покажаа дека ОУ „Лазо Ангеловски“ секогаш е дел од хуманите настани и секогаш е таму каде што треба да се даде поддршка, да се помогне и да се направи добро дело.
🏃♀️ Трчаме за здравје.
❤️ Чекориме за хуманост.
🙌 Заедно правиме разлика!