15/08/2025
✨Дизајнерот има клучна улога во постигнувањето на зелени, одржливи и циркуларни економии🌍 Во фазата на дизајнирање, при дефинирање на формата на производот, се дефинираат материјалите кои би се користеле, а со тоа и производните процеси кои можат да се применат. Понатаму тоа го условува производството, транспортот и секако влијае на (не)можноста производот да се реупотреби, репроизведе, рециклира или компостира. ♻️
🌱Во предметот Еко дизајн студентите се запознаваат со основите на дизајнирањето на нови производи и притоа грижејќи се за животната средина.
Студентите работат на проектни задачи во кои треба да дизајнираат функционални и естетски производи, а притоа да го намалат штетното влијание на животната средина. Како би го реализирале тоа студентите покрај стандардните алатките во процесот на дизајнирање користат алатки и техники кои се дел од стратегии за еко дизајн. 🌿
Во продолжение погледнете ги студентските проекти, на следните студенти:
📍Јана Ѓоргиевска,
📍Марина Климоска,
📍Ана Трпевска,
📍Анастасија Боневска,
📍Теодора Ѓеорѓиевска, Ивана Јовановска, Сара Коваческа, Андреа Новева
📍Јана Тасева,
📍Кристина Маринковска,
📍Катерина Ристовска,
📍Анастасија Зинзовска, Ива Јованчева, Марко Ристовски, Петар Палески
📍Матеа Анишиќ, Матеа Каратошева, Јована Спасковска
🎯Повеќе информации околу студиската програма можете да најдете на линкот во био или интернет страната на Машинскиот факултет - Скопје.