Frosina T. Remenski, PhD

Frosina T. Remenski, PhD Full Professor at Faculty of Security-Skopje, Department of Police Sciences 🇲🇰

01/09/2026

🇲🇰7️⃣🇲🇰 години од формирањето на Агенцијата за национална безбеднист (АНБ)
Нека е честит денот и безбедни годините пред сите вработени и пензионирани кои до сега и од сега, беа/се чесно и професионално посветени на сите предизвици за државата и граѓаните.

30/08/2026

Секој ден мора да го земеш својот крст, да не се негираш себеси, да ги сакаш сите, да го сакаш Христос. Но, не заборавај да се сакаш себеси.

За да се сакаш себеси, мора да се прифатиш, почитуваш и заштитиш себеси. Затоа, држи се подалеку од расправија, проблематични, токсични луѓе кои постојано се расправаат за сè. Ова е од суштинско значење за твоето емоционално, физичко и ментално здравје. Тоа е како да живееш во близина на депонија.

Ако си бил/а повреден/а и живееш во огорченост, почни да простуваш и да се ослободиш од минатите искуства и грешки што си ги претрпел/а. Направи си услуга: не задржувај огорченост, не задржувај отров во твоето срце.

Биди сочувствителен/а. Научи да сочувствуваш. Стави се во чевлите на другите луѓе.

Не станувај морбидно врзан/а за луѓето. Научи да се чувствуваш удобно со себе во осаменост. Оние кои не се чувствуваат удобно со себе се завидливи и љубоморни. Ослободи се од критиките и осудите на другите луѓе. Оние кои се задоволни со себе не се караат со другите, не го обвинувај целиот свет за своите грешки или неправди. Самосожалувањето е поудобно од признавањето на одговорноста.

Бидете трпеливи и никогаш не губете надеж: важните работи се случуваат со текот на времето. Ако нешто не се случило, тоа значи дека сè уште не е вистинското време.

Секој ден носи различен дар: не заборавајте да го одвиткате.

Не постои единствен рецепт за успех, но постои една суштинска состојка: страста.

Секогаш верувајте во Господ и никогаш не ја потценувајте моќта на молитвата и верата 🙏

02/08/2026
🇲🇰 🎼 🇮🇹 МАКЕДОНСКА ВЕЧЕР ВО РИКАЛДОНЕ !Ова не беше “само уште една Македонска вечер”. Ова беше настан што ќе остане запи...
26/07/2026

🇲🇰 🎼 🇮🇹 МАКЕДОНСКА ВЕЧЕР ВО РИКАЛДОНЕ !

Ова не беше “само уште една Македонска вечер”. Ова беше настан што ќе остане запишан во историјата на македонско-италијанското дружење и единство. Од година во година се рушат рекорди на посетеност на оваа братска вечер. Трета година присуствувам на оваа значајна манифестација што е дел од културната програма на Рикалдоне и можам да потврдам дека оваа година посетеноста и сплотеноста беше врвна и видлива за сите - повеќе од 2.000 Македонци на едно место - Рикалдоне !

🥇 Ова е најголема награда за трудот на Здружението “Заедно”, претседателот Златко Милчовски и македонската екипа и доказ дека македонското срце чука силно, каде и да е !

Рикалдоне беше исполнет со македонска песна, ора, насмеани лица и прекрасна атмосфера. Музиката одекнуваше до доцна во ноќта, а заедништвото и позитивната енергија се чувствуваа на секој чекор. Ова беше вечер што ги обедини Македонците и италијански пријатели во едно големо семејство.

Благодарност до Здруженето “Заедно”, градската администрација и Градоначалничката Лаура Бруна, до градоначалничниците на Општина Македонска Каменица и Општина Делчево - Иван Гоцевски и Соња Стаменкова, верното КУД „Вера Јоциќ“ од М.Каменица и КУД „Камен Мост“ од Канели кои настапуваат години наназад, на музичарите, на Стојне Николова, на Благоја Груевски, на волонтерире и на македонската екипа која даде сеʼ од себе оваа вечер за паметење да биде организирана беспрекорно.

👮🏼‍♀️🇮🇹 Карабинерите и сите задолжени за редот оваа вечер, дадоа потврда дека манифестацијата поминала во најдобар ред и без никакви нарушувања на јавниот ред и мир. Голема благодарност до Карабинерите од Рикалдоне 🙏

🇲🇰🇮🇹 Благодарност и до италијанските и македонските медиуми кои ја пренесоа оваа прекрасна приказна и покажаа дека “Македонската вечер” во Рикалдоне станува препознатлив настан што ги поврзува луѓето, културите и традициите.

🇲🇰 Продолжуваме да ја чуваме македонската традиција, јазикот, песната и културата, каде и да сме. Да покажеме на идните генерации дека корените не се забораваат, туку се негуваат со љубов, братство, гордост и заедништво.

Ви благодарам од срце до новата средба во Рикалдоне 🙏

🇲🇰📝🇮🇹 Конзуларен ден во Видор!Вчера 25 јули, имавме успешен конзуларен ден во Видор. Соработката на Генералниот конзулат...
26/07/2026

🇲🇰📝🇮🇹 Конзуларен ден во Видор!

Вчера 25 јули, имавме успешен конзуларен ден во Видор. Соработката на Генералниот конзулат и Центарот за култура „Скудриње“ вроди со плод и отвори перспективи за соработка на повеќе полиња во интерес на нашите државјани. Започнуваме редовна соработка за конзуларни денови во најбараните периоди во годината - јули и декември.

Во седиштето на центарот и во нивна претходна одлична коорганизација извршивме услуги на наши државјани кои имаа потреба од конзуларни документи. Во Видор и околните места живеат и работат околу 4000 нашинци од Скудриње, Маврово и Ростуше, и Центар Жупа. Доказ за тоа е редовната автобуска линија на Балкан турс со која патуваат голем број нашинци. Така беше и вчера кога испративме голема група Македонци на пат за дома.

🤝 Конзуларниот ден беше одлична можност да се разговара со нашиот советник во Општина Видор, Салим Курто со кого за ноември договараме конкретен настан, официјална посета и средба со градоначалникот и општинската администрација, македонско културно претставување и отварање на патот кон збратимување помеѓу италијанските и македонските општини. Деталите остануваат да зреат до видливост на радост на сите до ноември.

Благодарност за соработката на:
- Салим Курто
- Ќанија Азизи
- Ќифлија Куртоски
- Исмаили Омер
- Ајрули Зулбер
- Музамер Мурати
- Имамот Ашим Ибраими

🇲🇰 Македонската заедница во Видор, во сите околни општини, во сите региони каде што живеат и работат се призната, препознаена и интегрирана заедница која важи за чесна, вредна, непроблематична, солидарна и гостопримлива. Придонесува во економскиот развој, а се повеќе станува дел и од општествено-политичкиот живот на градовите со советници.

Благодарам за гостопримството и соработката 🙏🤲

🇲🇰 🇮🇹 Вистинско братство, патриотизам, љубов и ентузијазам се епитетите што ги носат членовите на македонското Здружение...
24/07/2026

🇲🇰 🇮🇹 Вистинско братство, патриотизам, љубов и ентузијазам се епитетите што ги носат членовите на македонското Здружение „Заедно“ (Insieme) од Рикалдоне.
Без трудот и ентузијазмот што го покажуваат години наназад, невозможно е да се одговори на предизвикот - да се биде дел од обемната културна програма Л'Исола ин Колина во во организација на Општината Рикалдоне, да се послужи традиционална македонска храна, популарна помеѓу Италијанците и сите други заедници. „Кај нашите Македонци се јаде добро / I nostri macedoni mangiano bene“ се зборови кои многу често се слушаат помеѓу Италијанците кои масовно ги посетуваат културните настани во Рикалдоне секоја година.

🇲🇰🇲🇰🇲🇰 Нашата - „Македонска вечер“ помина во одлична организација и атмосфера. Присуствуваат близу 2000 гости и сите беа опслужени од рацете на вредната екипа Македонци кои во својата прегратка ги примаат сите добри луѓе. Македонскиот штанд не е само место за македонска храна во Рикалдоне, тоа е место каде што се извира и се чувствува топлина, радост, блискост, се слуша добар збори и се гледа огромен ентузијазам од кој може да се учи и да се научи. Од почеток до крај, до финално чистење и миење на просторот, оваа екипа, заедно со нивните деца ги испратија сите присутни со топол поздрав до следно видување - искрено и братски.

🥇 Признание за трудот и голема благодарност за гостопримството кон сите гости, за:

- Златко и Андријана Милчовски;
- Даниел Стоичев и Ивана Спасовска Стоичева;
- Наташа Младеновска;
- Антонио Младеновски;
- Александар Младеновски;
- Сашко Николовски - Фриц;
- Тошка Николовска;
- Виолета Стоичева Атанасовска;
- Дарко Бабич - Атанасовскаи;
- Силвиа Пиргие;
- Златко Миленковски;
- Даниел Цветковски;
- Христина Цветковска;
- Ленце Ристовска;
- Тони Џука Ристовски;
- Боби Стефановски;
- Гоце Арсов;
- Мануел Ѓоргиев;
- Филип Соколов;
- Ратко Ѓорѓиевски;
- Ангелчо Трифуновски;
- Сања Трифуновска;
- Драган Стоименовски;
- Моника Глигоровска;
- Марјан Веселинов;
- Виктор Соколов;
- Клаудија Горгиева и Нина Данилова (прекрасни водителки на забавниот дел).

Посакувам здравје и слога за сите 🙏

🇮🇹🤝🇲🇰 “Во Рикалдоне, меѓусебното почитување е фундаментално: ние сме заедница каде што нема „ние“ и „тие“. Ние претставу...
23/07/2026

🇮🇹🤝🇲🇰 “Во Рикалдоне, меѓусебното почитување е фундаментално: ние сме заедница каде што нема „ние“ и „тие“. Ние претставуваме еден ентитет“ - изјави г-ѓа Лаура Грациела Бруна, Градоначалничка на Рикалдоне за зла Стампа.

Малку се зборови да се опише големината на г-ѓа Лаура Бруна. Денес упатив писмо за благодарност кон неа и целата општинска администрација за сеʼ што направиле и прават за Македонците во Рикалдоне.
Нејзината отвореност, широкоградост и човекољубие ја прават препознатлив градоначалник кој ги сака, разбира луѓето и ги обединува околу движечки проекти. Соработката со македонското Здружение “Заедно” и членовите на македонска екипа која не е само од Рикалдоне, туку и од Касине, Акви Терме, Канели, Неиве, Асти, Алба и други општини во Пиамонте во провинциите Александрија, Кунео, Асти и други, ја прави г-ѓа Бруна и другите градоначалници посакуван партнер во промоција на македонската култура и традиција.

🇲🇰 Посебно благодарам за отвореноста кон Генералниот конзулат кој втора година по ред, во општинската зграда, под македонско знаме го врши приемот на дел од македонските државјани во Пиамонте за конзуларни услуги.

📌 Односот помеѓу Рикалдоне и Македонската заедница претставува еден од најважните и историски примери за културна интеграција и интеракција во областа Монферато. Овој мал град во покраината Александрија развил уникатен социоекономски систем.
Економската интеграција е длабоко вкоренета во историјата на општината. Македонската заедница се населила во градот пред приближно четириесет години. 200 македонски државјани живеат трајно во градот - значајна бројка со оглед на 600 жители на Рикалдоне. Овој број се дуплира за време на периодот на берба на грозје. Македонската работна сила стана клучна за развојот и поддршката на локалниот винарски сектор, а извонредноста на регионот е поврзана со винаријата Кантина Тре Секоли.

Секоја година, историскиот музички фестивал посветен на Луиџи Тенко - познат како Л'Исола ин Колина - посветува цел ден и вечер на македонската култура.
Настанот вклучува настапи на македонски пејачи и традиционални народни танци, организирани во соработка со фолклорни друштва и локалното здружение “Заедно”.

За време на настанот, најдобрите пиемонтски вина се споени со штанд за храна на кој се служи традиционална македонска кујна.

🇲🇰🙏🇮🇹 Искрена благодарност !

Address

S. Bardovci
Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Frosina T. Remenski, PhD posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share