“ЖАБЕЦ“ претставува прв и единствен едукативен центар за деца што ги промовира темите екологија и заштита на животната средина. Овие теми ќе служат како база преку која децата ќе учат за разни други реални и модерни теми и ситуации, во кои децата ќе бидат главните ликови од кои ќе произлезе позитивна промена, во било која област од секојдневното живеење.
• Групи и возраст на деца:
Детскиот едукативен центар “Жабец“ е наменет за сите мали и големи деца, на возраст од 6-12 години.
• Социјална мисија:
Детскиот едукативен центар “Жабец“ се разликува од останатите едукативни центри во тоа што во своето работење предвидува подобрување и унапредување на разни социјални проблеми и предизвици, преку:
а) Изучување на теми што ги нема во редовната настава во училиштата, а се од огромна важност за: морален, социјален, физички и еколошки развој на децата
б) 33% од профитот на центарот ќе се насочува кон едукативни активности наменети за деца од ранливи категории (деца без родители, деца на самохрани родители, деца од фамилии кои се наоѓаат во тешка економска ситуација, итн.)
• Избор и комбинација на теми и активности:
- Екологија
- Спорт
- Социјални вештини
- Правилен раст и развој
- Здрава исхрана
- Јога за деца
- Уметност
• Организирање на активности во природа:
- Еднодневни прошетки (Водно, Матка, парк)
- Повеќедневни летни и зимски еко кампови
• Комуникација со родители:
- Неделна, месечна, годишна комуникација (испраќање на фотографии од реализираните работилници и инфо што е сработено)
- Месечна и годишна евалуација од страна на: децата, едукаторите, родителите
- Електронски билтен: кој ќе биде испратен до сите родители, два пати годишно.
• Локација:
- Часовите ќе се реализираат во просториите на најстарата биолошка институција во земјава - Природонаучниот музеј на Македонија, кој се наоѓа веднаш до Зоолошката градина, во Скопје.
• Термини:
- Понеделник и среда, од 18,00-19,30 и од 19,30-21,00.
За повеќе информации околу работењето на центарот, условите за упис, термините и се останато што ве интересира, ве охрабруваме да не контактирате.
Податоци за контакт:
Никола Нешкоски
Едукатор
Тел. 078 365 902
Е-пошта: [email protected]
Филип Ѓорчевски
Едукатор
Тел. 072 225 058