03/06/2026
Уште една успешна година за дебатниот клуб World Scholar’s Cup при ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“!
На 15 и 16 мај 2026 година нашето училиште повторно беше дел од регионалната рунда на престижниот меѓународен натпревар World Scholar’s Cup, на која учествувавме со дури 14 тимови составени од ученици од различни одделенија.
Во силна конкуренција учениците покажаа исклучително знаење, критичко размислување, дебатерски вештини и тимска работа, достојно претставувајќи го нашето училиште.
Најуспешни меѓу нашите учесници беа тимот составен од Габриел Никола Петак, Глигор Дединец и Теодора Трајковска, како и тимот на Срна Дамевска, Јоана Стефаноска и Јоана Гривчевска, кои остварија извонредни резултати во повеќе натпреварувачки дисциплини.
Посебна чест за нашето училиште претставува успехот на Срна Дамевска, која беше избрана меѓу шесте најдобри дебатери за учество на Debate Showcase – завршната дебатна ревија на најдобрите учесници.
World Scholar’s Cup е многу повеќе од натпревар. Тој претставува можност учениците да стекнат знаења од различни области, да развиваат вештини за јавно говорење, аргументирање и критичко размислување, но и да градат пријателства со врсници од различни култури и земји.
Горди сме на сите наши ученици кои со својот труд, посветеност и ентузијазам уште еднаш покажаа дека знаењето, тимската работа и љубопитноста се патот до успехот.
Честитки за сите учесници и им посакуваме уште многу идни успеси!