Бибиверзум

Бибиверзум „Бибиверзум“ е дел од големата образовна платформа на „Светот на Биби”.

Што е Бибиверзум?
Образовниот центар „Бибиверзум“ е дел од големата образовна платформа „Светот на Биби“. Образовната платформа интегрира многу образовни алатки и ресурси за воспитување и образование на децата. Печатени и дигитални изданија, сликовници, боенки, училиштен прибор, играчки, друштвени игри, облека и уште многу други производи. Сите тие ќе бидат дел од програмата во „Бибиверзум“, во која ќе ги интегрираме и ќе ги користиме со цел децата да го запознаваат животот, да го доживуваат неговото богатство, да ги почувствуваат и да влезат во неговите убавини, да се соочуваат со неговите спротивности и промени, постепено да го согледуваат своето место во реалноста.

„Бибиверзум“ е место каде што фокусот е да се зајакне мотивацијата на децата за длабинско учење, да се создаде стимулативна и креативна средина за радост кон учењето, да се зајакнат размислувањето и учењето за учење. Затоа ќе применуваме различни концепти на учење согласно индивидуалните потреби на децата, користејќи ги анимациите со ликовите од „Светот на Биби“.

Програмата има воспитни и образовни цели. Образовните цели се однесуваат на когнитивната сфера на личноста, на усвојување знаења и развој на способностите и вештините, а воспитните цели се посветени на конативната и афективната сфера на личноста, на формирање ставови и уверувања, вредносни ориентации, морални особини на личноста, развој на чувствата, емоционалната интелигенција. Програмата се базира на хуманистичките теории, педагошко-психолошките процеси за развој на личноста на детето и има интегриран, отворен и холистичкиот пристап во раното учење и развој кај децата.

ПОДДРШКА ЗА ДОМАШНИТЕ ЗАДАЧИ

Со секоја активност е планирана и домашна задача, затоа силно ги поддржуваме семејствата што избираат нивното дете да ги извршува своите домашни задачи. По секоја активност се издвојуваат околу 30 минути за работа на задачите. (Децата можат да работат на задачите во кое било време.) Во зависност од возраста на детето, можеби ќе им треба повеќе или помалку време. Доколку сметате дека домашната задача создава непотребен стрес врз вашето дете или семејство, или ако сте незадоволни од видот или количината на доделени домашни задачи, ве охрабруваме да стапите во контакт со наставникот и да поразговарате.

КОМУНИКАЦИЈА СО СЕМЕЈСТВОТО Отворената комуникација е многу важна за градењето искрен однос помеѓу вас и „Бибиверзум“. Ве охрабруваме и ве замолуваме секогаш да комуницирате за вашите потреби и проблеми веднаш штом се појават.

21/07/2025
Работилница во Capitol Mall & Residence 🥳🥳🥳
16/07/2025

Работилница во Capitol Mall & Residence 🥳🥳🥳

🎤 Кој вели дека сцената е само за големи?

В недела, таа им припаѓа на најгласните, најразиграните и најкреативните малечки! 🎶✨ Спремете се за Бибиверзум караоке-забава и креативна работилница. Капитол мол ќе биде место каде што се пее, се игра, се црта и се смеe!

📅 20 јули (недела);
🕛 12:00 часот;
📍 Capitol Mall & Residence – 2 кат.

🎈 За сите дечиња, нивните родители и сите кои веруваат дека играта е најголемата магија на детството! Ве чекаме! 🎤💥

💛
14/10/2024

💛

На 14 октомври, пред шест години, Биби почна да ги освојува јутјуб-просторот и детските срца.💛

Започнавме срамежливо, но сигурни дека сме на вистинскиот пат - создавајќи го ликот на малото палаво девојче со црна коса, сини очи, секогаш подготвено за авантури и за учење. На почетокот таа беше само лик кој ја красеше страницата за добри родители Deca.mk, но набрзо посакавме да биде повеќе од тоа. Посакавме Биби да им стане најдобра другарка на децата! И после шест години среќни сме што успеавме во тоа. 🥳

Ви ветуваме уште многу минути радост, уште многу редови приказни, сето тоа зачинето со многу љубов за децата - нашата верна публика.

Славиме 6️⃣ години! Јееј! 🥳🥳🥳

Среќен Ден на наставниците! 🍀
05/10/2024

Среќен Ден на наставниците! 🍀

Среќен Ден на наставниците! 🌟 Ви благодариме за вашата несебична посветеност, мудрост и љубов. Вие сте нашата инспирација и сила за подобро утре!

🇲🇰 Честит празник! 🇲🇰
08/09/2024

🇲🇰 Честит празник! 🇲🇰

Среќен почеток на учебната година! 📒
02/09/2024

Среќен почеток на учебната година! 📒

Среќно, другарчиња! 💛
Среќен почеток на учебната година! 📒

Одбројуваме… 1 ден до првиот ден на училиште! 📚
01/09/2024

Одбројуваме… 1 ден до првиот ден на училиште! 📚

Драги ученици, утре започнува вашата нова авантура полна со игри, учење и нови пријателства. Драги родители, утре е денот кога вашите малечки ќе го направат првиот чекор кон новите успеси. Подгответе ги за овој посебен ден со многу љубов и поддршка! 🍀

Одбројуваме… 2 дена до првиот ден на училиште! 📚
31/08/2024

Одбројуваме… 2 дена до првиот ден на училиште! 📚

Одбројуваме…
Два дена до почетокот на новата учебна година!

Мили дечиња, училиштето и наставниците ве очекуваат со многу игри и многу ново знаење.

Драги родители, помогнете им на вашите малечки да се подготват со насмевка и радост, да бидат сигурни и подготвени за новите предизвици што ги очекуваат.

Одбројуваме… 3 дена до првиот ден на училиште! 📚
30/08/2024

Одбројуваме… 3 дена до првиот ден на училиште! 📚

Три дена до почетокот на новата учебна година! Јееј! Другарчиња, училиштето е место каде што ќе откривате нови светови! Драги родители, потсетете ги вашите дечиња колку е важно учењето и дека секој ден е исполнет со нови можности за успех и радост.

Одбројуваме… 4 дена до првиот ден на училиште! 📚
29/08/2024

Одбројуваме… 4 дена до првиот ден на училиште! 📚

Одбројуваме… Четири дена до 2 септември!

Мили ученици, подгответе се за нови игри, песнички и учење!

Драги родители, ова е одличен момент заедно да го организирате училишниот прибор и да ги поттикнете вашите дечиња да размислуваат за сите нови нешта што ќе ги научат. Јипи-рипи! 🍀

Одбројуваме… 5 дена до првиот ден на училиште! 📚
28/08/2024

Одбројуваме… 5 дена до првиот ден на училиште! 📚

Пет дена до почетокот на новата учебна година!

Драги ученици, се ближи времето за нови училишни авантури! Јипи-рипи!

Драги родители, охрабрете ги вашите деца да ги споделат своите очекувања и подгответе ги за сè што ги очекува во училница. 🍀📚📝

Ултрамегаспецијален викенд е пред нас! 🥳🥳🥳
27/08/2024

Ултрамегаспецијален викенд е пред нас! 🥳🥳🥳

Викенд дружење со Биби и Боби во Vero Center! 🎉

🗓️ 31 август од 11:00 до 14:00 часот:
Работилници со Биби и Боби 🤩

🎤 1 септември во 12:00 часот:
Концерт на Биби и Боби 🥳

Веро Центар ги отвора вратите за сите деца и нивните родители за викенд исполнет со радост и возбуда. Со Биби и Боби, почетокот на новата учебна година ќе биде уште посреќен! 🎒✨

Address

БУлица Јане Сандански бр. 113 Б, влез 1, кат ПР, број 5
Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Бибиверзум posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The School

Send a message to Бибиверзум:

Shortcuts

Share

Category