EDUKIDO® е уникатна програма на едукативни активности за деца од 3 до 12 години и одлична забава со LEGO® коцки. EDUKIDO ® го подржува развојот на децата и им помага да стекнат вештини кои што лесно ќе може да ги користаат за време на часовите во училиште како и во секојдневниот живот. Нашата цел е да обликуваме кај децата истражувачки однос кон светот и да го ослободиме потенцијалот што се крие в
о секое дете - без наметнати обрасци и стереотипно размислување. Сметаме дека искуството е најдобриот начин за развој, затоа на децата им овозможуваме услови за креативна игра, експериментирање и носење заклучоци од своите експерименти.
Во нашиот едукативен центар -Skopje, децата сами ќе одговараат на прашањата: „Зошто грее сонцето? “, „Зошто слонот има сурла? “, „Зошто има ден и ноќ? “, „Зошто има годишни времиња? “,„Како се прават облаците? “ Зошто птицата не паѓа кога не мавта со крилјата? - Користејќи LEGO® коцки тие ќе градат знаење!
Знаењето е важно во EDUKIDO. Важни се интересните содржини, учењето на нови вештини и стимулирањето независно размислување. Но, најважнo од сé, е забавата и радоста што доаѓа од неа. EDUKIDO® потикнува:
√ развој на креативно и логичко размислување
√развој на нови вештини за решавање на проблеми и задачи
√ развој на моторика и когнитивни вештини
√ развој на социјални и комуникациски вештини
√ развој на самодоверба за изразување на својата оригиналност
√ развој на нова перцепција за себе и светот околу нас
√ развој на позитивни емоции и успех кај детето
√ учење основи на технологија и роботика
Преку редовни часови, еднократни работилници и иновативни роденденски забави
Нашето мото е: Играта е најдобриот поттик за учење!
Додека си играат, децата го напуштаат стереотипниот пристап кон учењето. Сакаме да ја развиеме нивната љубопитност и да покажеме дека стекнувањето нови знаења може да биде возбудливо, дека можат да учат и размислуваат на различни начини.
Сакаме да ја срушиме постоечката бариера помеѓу хуманистичките и техничките науки и да ја замениме со размислување и љубопитност. Сакаме децата да ја развијат својата имагинација и способност да решаваат проблеми во програма која не наметнува шеми и шаблони. Преку игра сакаме да ја поткнеме синергијата помеѓу креативноста и логиката кај децата. Edukido-Sкopje е дел од докажан франшизен ситем EDUKIDO®-Полска, со над 25 годишно искуство во областа на воннаставни активности, со 60 филијали во Полска, 3 филијали во Хрватска и првата филијала во Р.С Македонија.
© 2021 EDUKIDO® Сите права се задржани. LEGO® е трговска марка на LEGO® групација. Оваа програма, маркетинг материјали и веб страна не се спонзорирани, aвторизирани или подржани од LEGO® групацијата.