30/06/2015
Што е сензорна дисфункција?
Сензорната дисфункција е состојба при која мозокот не е во состојба да ги процесира сензорните информации од надворешната средина на начин кој овозможува нивно правилно разбирање. Оваа состојба се манифестира со несоодветна реакција на сензорните дразби од надворешната средина (мирисни, звучни, тактилни и др.).
Погрешната интерпретација на надворешната и внатрешната информација резултира со неадекватен одговор и однесување, кое често пати погрешно се интерпретира од околината.
Ако детето не може правилно да ја прими и разбере информацијата од надворешната средина, на пример различен звук, нежен допир, тогаш не само што ќе има проблем со неговата реакција која нема да биде во соогласност со јачината на звукот или допирот туку тоа ќе дејствува и на неговите емоции, концентрацијата ќе го афектира учењето.
Овие проблеми не мора секогаш да се јават во склоп на некое растројство (сензорна дисфункција, аутизам, ADHD) едноставно може да се јават и кај деца кои немаат таква дијагноза. Има многу причини за настанување на овие симптоми и не мора секогаш причината да биде невролошка, на пример може да се јави при: настинка, умор, ненадејна промена во животот итн.
Која е целта на сензорната интеграција?
Да се подобри способноста за процесирање и интегрирање на сензорната информација и да се создаде подобрена самостојност и учество во секојдневните животни активности, играта и училишните обврски.
Што е Snoezelen (Сензорна соба)?
Snoezelen или контролирана мулти сензорна стимулација потекнува од Холандија во 70-тите години со цел да се докаже дека околината влијае на однесувањето. Името Snoezelen доаѓа од холандските зборови (snuffelen ) истражува, бара и doezelen (спие, дремнува).
Snoezelen е недирективна терапија која делува на основните сетила за вид, слух, допир и мирис. Преку хармонично и контролирано изложување користи светлосни ефекти, бои, звуци, музика и мириси. Snoezelen собата е соба која е специјално опремена и каде природата, интензитетот и количината на стимулусот е контролирана.
Може да се постави така што се стимулираат повеќе сетила (multisensory) или фокусот да е само на едно сетило (single sensory focus). Целта на ова активност е да се постигне баланс помеѓу релаксацијата и активноста во рамки на сигурна и адаптирана средина. Предноста на Snoezelen е дека за ова терапија не е потребна вербална комуникација и може да се користи и кај лица кои неможат да зборуваат. Овозможува стимулација на оние кои не реагираат на околината, кои не зборуваат и до кои неможеме да допреме.
Дизајн
Snoezelen може да се опише како еден магичен свет. Уште од самиот влез ве пленуваат опојните мириси, осветлените туби со меурчиња, ѕвезденото небо и пријатната музика. Со мноштво сензорна стимулација и можности Snoezelen постигнува голем успех. Креира
атмосфера, ги мотивира децата и возрасните да учат , го намалува стресот, овозможува одвелкување на внимание. Како вид на терапија помага со зближување на луѓето, ги намалува потешкотиите.
Snoezelen се користи кај аутизам, растројства во развојот, деменција, повреди на мозокот како и за мали деца. Најчести истражувања се клиничките студии кои покажуваат дека во Snoezelen средината намалена е вознемиреноста и стереотипното однесување за 50%, а агресивното однесување и самоповредувачкото однесување за 75%.
Благодетите на Snoezelen се користат во училишта, градинки, дневни центри, психијатриски институции и центри за рехабилитација. Се користи како педагошка и терапевтска мерка. Овие соби се посебно дизајнирани да предизвикуваат кај луѓето, одмор, мир, добросотојба, задоволство и радост. Пријатното опкружување навраќа пријатни спомени. Со ова се зголемува потенцијалот за развивање на идеи.