09/09/2026
🎓 ВТОР УПИСЕН РОК НА ИНСТИТУТОТ ЗА ХЕМИЈА! 🧪
Доколку сè уште ја избираш својата идна професија, Институтот за хемија ти нуди можност да избереш студиска програма што ќе ти отвори врати кон различни професионални области.
📢 Во вториот уписен рок има слободни места за редовни студенти на следните студиски програми:
🔬 Применета хемија – аналитичка биохемија
📌 23 места во државна квота + 5 места со кофинансирање
Со оваа студиска програма стекнуваш знаења и практични компетенции за работа во биохемиски лаборатории во медицински установи, како и во индустриски лаборатории, вклучително и лаборатории на фармацевтски компании.
🧪 Применета хемија
📌 12 места во државна квота + 5 места со кофинансирање
Студиската програма ти овозможува да стекнеш компетенции за работа во различни индустриски лаборатории и во широк спектар на дејности каде што се применуваат хемиските знаења и анализи.
👩🏫 Наставна хемија
📌 9 места во државна квота
Програма наменета за оние кои сакаат своето знаење по хемија да го пренесуваат на новите генерации, со можност за професионална реализација во средните училишта.
✨ Избери ја хемијата – наука со знаење, практични вештини и широки можности за професионална реализација!