Факултетско студентско собрание на Медицински факултет - Скопје

Факултетско студентско собрание на Медицински факултет - Скопје

Share

Официјална фејсбук страна на Факултетското студентско собрание на Медицински факултет- Скопје

04/04/2023

Драги колеги,

Чест и задоволство ни е да најавиме панел дискусија помеѓу еминентни доктори од нашиот факултет на тема „Здравје за сите, секогаш и секаде“, со фокус на примарната превенција.

Нашите панелисти ќе ги споделат своите искуства и знаења за да разговараат за предизвиците и можностите во обезбедувањето квалитетна здравствена заштита за секого, без оглед на нивното потекло или социо-економски статус.

Примарната превенција ќе биде една од најважните теми на дискусијата, каде што ќе се нагласи значењето на превентивната здравствена заштита за одржување на добро здравје, а особено ќе се разгледаат начини за подобрување на пристапноста до превентивните услуги, како и препораки за здрави навики и животен стил.

Оваа панел дискусија е одлична можност да се дознае повеќе за важноста на примарната превенција и да се идентификуваат начини за подобрување на здравствената заштита за сите.

Голема благодарност оди до панелистите:

Проф. Д-р Марија Вавлукис, ЈЗУ Универзитетска клиника за кардиологија
Проф д-р Игор Спироски од Институт за јавно здравје
Проф. д-р Соња Бојаџиева ЈЗУ Универзитетска клиника за педијатрија
д-р Катерина Ковачевиќ од Центарот за семејна медицина
Асс. д-р сци Гордана Петковска ЈЗУ Универзитетска клиника
за радиотерапија и онкологија
Асс. Д-р Татјана Прошева, ЈЗУ Универзитетска клиника за ендокринологија

Линк за пријавување: https://forms.gle/DBB7RmbH9HhQnCxR7

Здружение на студенти по медицина - ЗСМ
EMSA - Macedonia ReBorn
Macedonian Medical Students' Association (MMSA Macedonia)

16/12/2022

🥰

https://www.facebook.com/100801514873107/posts/671695241117062/?mibextid=Nif5oz

По јавниот апел од страна на студентите кој резултираше и со онлајн петиција, барањето и притисокот од УСС, МОН се согласи за изедначување на стипендиите✌️

Решивме уште еден суштински проблем на студентите и продолжуваме со активна работа🙌

Благодарност до сите медиуми, организации и засегнати страни кои застанаа рамо до рамо со студентите за решавање на овој случај❤️

18/11/2022

Почитувани колеги,

Спремете се за опуштање по напорната втора колоквиумска недела што ни следи.

🩺 Комисијата за култура на ФССМЕДФ ве поканува на пост колоквиумска дружба.

📍Место: PublicLab (поранешно Hibou Bar)
🗓️ Датум: 2-ри декември (петок)
🕘 Почеток: 21:00ч

🙅 Влезот не се наплаќа
🥳 Се погриживме да обезбедиме пијачки по студентски цени
🎉 Очекуваме да донесете добро расположение

✨ Резервациите може да ги направите во порака на Instagram профилот на ФССМЕДФ - .medf
‼️Направете си ја резервацијата што поскоро, местата се ограничени

Со среќа на колоквиумите и се гледаме наскоро! 👩🏻‍⚕️👨🏽‍⚕️

https://fb.me/e/5eP3Ql5rS?mibextid=N4tvPT

15/11/2022

https://www.facebook.com/100801514873107/posts/649802166639703/

Студентите се обединија!

УСС при Уким, ШТУЛ, ФОН, АМЕРИКАН, ФОП, УКЛО, УГД и движењето Студентски отпор обединето ќе ги бараат своите права!

Оваа борба е заедничка и само сплотени и заедно ќе успееме да ги заштитиме нашите права и барања.

Ве очекуваме во четврток, по повод Меѓународниот ден на студентите, со почеток во 17:30 часот, да излеземе сите заедно, сплотени на голем студентски марш, каде тргнувајќи од Влада па до МОН ќе го завршиме нашиот марш и јасно и гласно ќе ги искажеме нашите барања, а тоа се:

Издвојување на средства од буџетот за:

1. Подобри услови во студентските домови
2. Изземање на студентите од антикризните мерки
3. Целосно спроведување на законот за студентски оброк и зголемување на сумата
4. Изедначување на стипендиите
5. Подигнување на квалитетот на образованието
6. Дигитализација

Ги повикуваме сите кои се вклучени активно во образованието меѓу кои, средношколци, професори, декани и ректори да ни дадат поддршка и да се приклучат на маршот!

Ајде сите заедно да се избориме за нашите студентски права и подобар студентски стандард!

Споделете, Ве очекуваме во што поголем број!

#ОваЕЗаедничкаБорба
#СтудентитеСеОбединија

12/11/2022

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=647540813532505&id=100801514873107

Ги слушаме барањата и прифаќаме конструктивни предлози и критики✌️

Не само што не отстапуваме, напротив направени се промени по основ на точка 3 и додадено е ново барање, односно точка 4 🙌

Како што кажавме
#оваезаедничкаборба✊

03/11/2022

Почитувани колеги,

Со задоволство Ви го најавуваме едукативниот настан насловен како: "Унапредување на оралната хигиена кај студентската популација во РСМ".
Целта на настанот е подигнување на свеста на студентите за значењето на правилното оджување на оралната хигиена која е клучна за оралното и системското здравје во целост.

По тој повод на секој од студентските кампуси ќе биде одржано предавање за правилните техники на одржување на орална хигиена, по кое ќе следат и работилници водени од сертифицирани демонстратори кои ќе извршат обука на присутните студенти. Во склоп на настанот, ќе им биде направена доброволно и визуелизација на денталниот плак, како и проценка на неговата старост. На учесниците ќе им биде поделен и промотивен материјал, односно четки за заби и интердентални четкички од Curaprox Macedonia (Interdental dooel) кои го спонзорираат овој настан.

На нашиот кампус кој ги вклучува Стоматолошки, Медицински и Фармацевтски факултет, ќе се одржи во амфитеатарот на Стоматолошки факултет на 07.11.2022г во 13:00ч.

Ве молиме сите кои сакате да учествувате на работилниците да се пријавите на следниов линк со цел да биде обезбедена четкичка за заби од Curaprox Македонија за секој од вас.

https://docs.google.com/spreadsheets/d/1z_w0uKXoxyS2rIUqEdswy5ugZFQk1m8vP-1Lbe9rMv8/edit?usp=drivesdk

31/10/2022
31/10/2022

Повик за учество – Истражувачка група за благосостојба и однесување на животните

Во рамките на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје се формира истражувачка група составена од студенти на додипломски, постдипломски и докторски студии, како и дипломирани млади истражувачи кои се заинтересирани да спроведуваат истражувања од областа на благосостојба и однесување на животните.
Истражувачката група за благосостојба и однесување на животните ќе соработува и ќе биде дел од UFAW мрежата (Universities Federation for Animal Welfare- https://www.ufaw.org.uk/) од каде ќе добива поддршка за истражувањата на младите истражувачи, а ќе соработува и со други меѓународни асоцијации од областа на благосостојба и однесување на животните.
Состаноците на групата ќе се одржуваат на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје. Се повикуваат сите оние што се заинтересирани да учествуваат во Истражувачката Група за Благосостојба и Однесување на животните да го изразат својот интерес најдоцна до 7-ми Ноември со праќање емаил на Ена Добриќ, ДВМ ([email protected]) и да достават контакт информации за да бидат повикани на првиот состанок на групата.

https://fvm.ukim.edu.mk/%d0%bf%d0%be%d0%b2%d0%b8%d0%ba-%d0%b7%d0%b0-%d1%83%d1%87%d0%b5%d1%81%d1%82%d0%b2%d0%be-%d0%b8%d1%81%d1%82%d1%80%d0%b0%d0%b6%d1%83%d0%b2%d0%b0%d1%87%d0%ba%d0%b0-%d0%b3%d1%80%d1%83%d0%bf%d0%b0-%d0%b7/

29/10/2022

Почитувани колеги,

Ве покануваме на презентација за работата на УСС која ќе се одржи на Фармацевтскиот факултет на 01.11 во Предавална 3 во 16:00 h.

Гостин ќе ни биде претседателот на Универзитетското студентско собрание - Славчо Темелковски кој ќе позборува за работата на самото собрание и што всушност претставива УСС како тело.

Би ни било драго да бидете во што поголем број. 😊

Убав ден и се гледаме во вторник!

Од утре започнуваме со промоција на Универзитетското студентско собрание низ сите факултети! 📖

Целта на оваа активност е пренесување на нашите заложби, идеи, решенија и визија. ✨

Запознавањето со Усс започнува од Филолошкиот факултет во 10 часот. Настаните ке бидат водени од ново избраниот лидер на Усс Славчо Темелковски.📚

Тековно за сите други факултети ќе бидете известени преку нашиот профил.😄

27/10/2022

Солидарноста и работата се одлика на ова студентско собрание✌️

Живееме во духот на хуманоста и да помогнеме онаму каде е најпотребно, затоа на 1 Ноември (Вторник) на Економскиот факултет (Читална) во период од 10-15 часот се спроведува крводарителска акција ❤️

Се гледаме таму 🙌

Want your school to be the top-listed School/college in Skopje?

Click here to claim your Sponsored Listing.

Location

Website

Address


Улица „50 Дивизија“ бр. 6
Skopje