16/05/2026
Во текот на вчерашниот ден, 15.05.2026 - петок, во Скопје се одржаа 4-тите Мини Олимписки игри, во организација на MKD Olympic Team, на кои учество земаа околу 480 ученици и 40 наставници од четири основни училишта на кој учествуваше и нашето училиште ООУ „Браќа Рамиз Хамид“.
Нашите ученици беа предводени од наставниците по физичко и здравствено образование. Настанот помина во одлична атмосфера, исполнета со спортски дух, фер-плеј, меѓусебна почит и активно навивање од сите учесници. Учениците имаа можност да ги покажат своите спортски способности, да развиваат тимска работа, соработка и пријателство, како и да ги промовираат вистинските олимписки вредности. Игрите не претставуваа само спортски натпревар, туку и празник на младоста, дружењето и спортот.
Особен успех за нашето училиште постигна нашиот ученикот Љатиф Асан од VIII одделение, кој беше прогласен за апсолутен победник на Мини Олимписките игри, освојувајќи го првото место со најголем број освоени поени. Со своите резултати, спортски дух и залагање, тој достојно го претстави нашето училиште.
Како дел од настанот, на училиштата им беше донирана спортска опрема и дополнителна опрема за потребите на наставата. Колективот на наставници по физичко и здравствено образование од ООУ „Браќа Рамиз Хамид“ изразува благодарност до организаторите за успешно реализираниот настан и можноста нашите ученици да бидат дел од една ваква позитивна и значајна спортска манифестација. Честитки упатуваме до сите наставници и учесници, продолжете со истата енергија и позитивен дух, а на нашиот ученик му честитаме за освоеното I место и му посакуваме уште понатамошни успеси. Децата се нашата иднина.
https://www.facebook.com/share/18rLxELtnH/