Мастер студии по уставно право

Мастер студии по уставно право Мастер студии по уставно право на Правниот факултет ,,Јустинијан Први" во Скопје

На Правниот факултет ,,Јустинијан Први” при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје, почнувајќи од учебната 2008/2009 година се организираат магистерски студии по уставно право во согласност со ЕКТС системот. Станува збор за современа и реномирана интердисциплинарна програма која претставува успешен спој на правните и политиколошките науки имајќи предвид дека нуди знаења од уставното право и политичкиот систем.

1. Кој може да се запише на магистерските студии по УСТАВНО ПРАВО?
На магистерските студии по уставно право на Правниот факултет ,,Јустинијан Први” во Скопје може да се запишат студенти кои завршиле прв степен на:
- Правни студии
- Политички студии
- Студии по новинарство
- Односи со јавност
- Други општествени науки

2. Како е организирана наставата на магистерските студии по УСТАВНО ПРАВО?
На мастер студиите по уставно право предаваат наставници избрани на Катедрата по уставно право и политички систем, и тоа:
- Проф. д-р Рената Дескоска
- Проф. д-р Тања Каракамишева-Јовановска
- Проф. д-р Марика Ристовска
- Проф. д-р Јелена Трајковска-Христовска
- Проф. д-р Александар Спасеновски
- Доц. д-р Денис Прешова
- Доц. д-р Марко Кртолица

Притоа, треба да се напомене дека мастер студиите по уставно право се организирани преку интерактивни предавања, симулации, дебати, посети на државни институции, предавања на гостински-предавачи (адвокати, судии, амбасадори, професори од странски универзитети), како и организирање на пракса во рамките на судовите, адвокатските друштва, државната и јавната администрација.

3. Во кои области магистерските студии по УСТАВНО ПРАВО нудат знаења?
Магистерските студии по уставно право нудат можност студентите да ги специјализираат своите знаења во областа на:
- Заштита на човековите права пред редовните судови;
- Заштита на човековите права пред Уставниот суд на Република Северна Македонија;
- Заштита на човековите права пред Европскиот суд за човекови права;
- Организација и функционирање на централните институции во Северна Македонија;
- Организација и функционирање на локалната самоуправа во Северна Македонија;
- Организирање и функционирање на политичките институции на Европската унија;
- Изборниот систем, изборите и политичките кампањи;
- Политичките партии и партиските системи;
- Цивилното општество;

4. Каков научен назив се стекнува по завршувањето на студиите по УСТАВНО ПРАВО?
По завршувањето на магистерските студии по уставно право студентите се стекнуваат со назив:
- Магистер по право од областа на уставното право.

5. Какви можности за напредок и вработување овозможуваат магистерските студии по УСТАВНО ПРАВО?
По комплетирањето на мастер студиите по уставно право, студиите овозможуваат големи можности за вработување и напредок бидејќи ја отвораат вратата за:
- Полагање на правосуден, нотарски или извршителски испит;
- Продолжување на образованието на третиот циклус студии.

Како и вработување во:
- Државната и јавната администрација;
- Редовното судство;
- Уставниот суд;
- Адвокатурата;
- Цивилното општество (домашни и меѓународни НВО);
- Приватниот сектор.

👉 На 26.12.2025 година, во рамките на предметот Политички систем, студентите на правни студии од втората група, ја извед...
29/12/2025

👉 На 26.12.2025 година, во рамките на предметот Политички систем, студентите на правни студии од втората група, ја изведоа и втората симулација на политичкиот систем на Соединетите Американски Држави.

🇺🇸 За време на симулацијата студентите имаа можност подетално и попрактично да се запознаат со поставеноста и функционирањето на политичкиот систем на САД.

📣Притоа, студентите симулираа и претседателски и потпретседателски дебати меѓу кандидатите на Републиканската и Демократската партија. Така, во рамките на симулацијата беа дебатирани прашања поврзани со економската политика, имиграциската политика, меѓународната политика и политиката на контрола на оружјето. Со тоа, студентите имаа можност да дебатираат на едни од најактуелните прашања во американската политика.

➡ Студентите, кои ја изведоа симулацијата покажаа исклучителна посветеност, креативност, одлични ораторски способности и аргументирано дебатирање. Изведбата на симулацијата уште еднаш покажа дека на Правниот факултет „Јустинијан Први“ студираат студенти со кои Факултетот може да се гордее.

👏 Честитки до сите учесници!

👉 За време на наставата по предметот Политички систем, студентите на правни студии од првата група ја спроведоа симулаци...
25/12/2025

👉 За време на наставата по предметот Политички систем, студентите на правни студии од првата група ја спроведоа симулацијата на политичкиот систем на Соединетите Американски Држави.

🇺🇸 Во рамките на симулацијата, студентите симулираа претседателски и потпретседателски дебати меѓу кандидатите на Републиканската и Демократската партија и имаа можност подетално да се запознаат со поставеноста и функционирањето на политичкиот систем на САД.

🗳 Симулацијата имаше интересна изборна разврска. Новиот претседател беше избран со мнозинство гласови од електорскиот колеџ, но со помал број вкупни гласови од публиката. На тој начин, студентите и практично се запознаа со функционирањето на електорскиот колеџ и ги согледаа спецификите на изборот на претседател и потпретседател во САД, вклучително и можноста за претседател на САД да биде избран кандидат за кого се изјаснило мнозинството од електорите, но не и мнозинството од граѓаните на САД кои гласале.

✅ При изведбата на симулацијата, студентите покажаа посветеност, креативност и знаење, како и одлични ораторски способности. На овој начин, студентите успешно ги доближија до публиката најактуелните политички прашања од политичката сцена на САД!

👏 Честитки до сите учесници за нивниот ангажман, посветеност и успешна реализација на симулацијата!

📣 На 145-та сесија на Венецијанската комисија, одржана на 12 и 13 декември во Венеција, раководителката на Катедрата за ...
13/12/2025

📣 На 145-та сесија на Венецијанската комисија, одржана на 12 и 13 декември во Венеција, раководителката на Катедрата за уставно право и политички систем, проф. д-р Рената Дескоска, беше избрана за потпретседателка на ова реномирано експертско тело на Советот на Европа.

✅ Изборот претставува значајно меѓународно признание за професорката, но и за македонската уставноправна наука, имајќи предвид дека проф. д-р Дескоска е првата потпретседателка на Венецијанската комисија која доаѓа не само од Македонија, туку и од држава која не е членка на Европската Унија, ниту од земјите на поранешна Југославија.

➡ Венецијанската комисија е експертско тело на Советот на Европа кое дава правни совети на земјите членки и помага на земјите во усогласувањето на нивните правни системи со европските стандарди во областа на демократијата, човековите права и владеењето на правото.

👏 На професорката и го честитаме изборот и и посакуваме многу успеси во натамошната работа.

🇬🇧 Симулациите на политичките системи продолжуваат и оваа работна недела на Правниот факултет „Јустинијан Први“. Студент...
12/12/2025

🇬🇧 Симулациите на политичките системи продолжуваат и оваа работна недела на Правниот факултет „Јустинијан Први“. Студентите од втората група на правни студии, во рамките на предметот Политички систем, успешно изведоа симулација преку која подетално се запознаа со поставеноста и функционирањето на политичкиот систем на Обединетото Кралство.

👉 Во текот на подготовката и изведбата на симулацијата, студентите покажаа посветеност, креативност и одлични ораторски способности. Изведбата на симулацијата уште еднаш потврди дека на Правниот факултет „Јустинијан Први“ студираат мотивирани и квалитетни студенти со кои Факултетот може да се гордее.

👏 Честитки до сите учесници!

🇬🇧 Традицијата на успешни симулации на политички системи продолжува и оваа учебна година ➡ Студентите на правни студии о...
05/12/2025

🇬🇧 Традицијата на успешни симулации на политички системи продолжува и оваа учебна година ➡ Студентите на правни студии од првата група за време на часовите по Политички систем во текот на оваа недела спроведоа симулација на политичкиот систем на Обединетото Кралство.

📍Притоа, студентите во рамките на симулацијата симулираа лидерски дебати, парламентарни избори, доделување на мандат за формирање на влада, Говорот од тронот, пратеничка дебата во Домот на комуни и распуштање на Домот на комуни. Преку тоа, студентите подетално се запознаа со поставеноста и функционирањето на политичкиот систем на Обединетото Кралство.

✅Симулацијата на политичкиот систем на Обединетото Кралство уште еднаш покажа дека на Правниот факултет ,,Јустинијан Први" студираат креативни, посветени и квалитетни студенти!

👏 Честитки до сите учесници!

➡ Конкурсот за пријавување на Мастер студиите по уставно право е објавен!📋 Во прилог се основните податоци за предметите...
14/10/2025

➡ Конкурсот за пријавување на Мастер студиите по уставно право е објавен!

📋 Во прилог се основните податоци за предметите и можностите кои ги отвораат Мастер студиите по уставно право!

📆Рокот за пријавување е до 15.10.2025 година

👉 Начинот на пријавување и запишување е достапен на следниот линк: https://pf.ukim.edu.mk/informaczija-za-rokovi-za.../

📍Двегодишните Мастер студии по уставно право се организирани во четири семестри! Притоа, првите три семестри студентите ...
12/10/2025

📍Двегодишните Мастер студии по уставно право се организирани во четири семестри! Притоа, првите три семестри студентите имаат можност да слушаат и полагаат задолжителни и изборни предмети, додека, пак, четвртиот семестар е посветен на пишувањето и одбраната на магистерската теза.

🔎 Во прилог може да најдете повеќе информации околу структурата на Мастер студиите по уставно право!

📣 Конкурсот за пријавување на Мастер студиите по уставно право е објавен!🗓 Рок за пријавување: 1–15.10.2025 година👉 Начи...
11/10/2025

📣 Конкурсот за пријавување на Мастер студиите по уставно право е објавен!

🗓 Рок за пријавување: 1–15.10.2025 година

👉 Начинот на пријавување и запишување е достапен на следниот линк: https://pf.ukim.edu.mk/informaczija-za-rokovi-za-prijavuvane-i-zapishuvane-na-vtor-cziklus-studii/

✨ Избери магистерски студии што ја градат твојата иднина! ✨

📚 Правен факултет „Јустинијан Први“ - Скопје @нуди повеќе од 15 различни студиски програми на мастер студии, отворени за дипломирани студенти од сите високообразовни институции во државата и странство.

🗓 Рок за пријавување: 1–15.10.2025 година

👉 Начинот на пријавување и запишување е достапен на следниот линк: https://shorturl.at/da4w5

🚀 Обликувај ја својата професионална иднина со нас – Јустинијан Први те очекува!

👇👇👇
15/05/2025

👇👇👇

➡Во рамките на предметот Уставно право, студентите на правни студии од втората група имаа можност да го проследат предав...
30/04/2025

➡Во рамките на предметот Уставно право, студентите на правни студии од втората група имаа можност да го проследат предавањето на професорката Cynthia M. Horne на тема ,,Evaluating Post-Communist Vetting Measures: What is too late and what is too long for lustration as transitional justice?".

🔎Предавањето претставуваше можност студентите да научат повеќе за примената и влијанието на механизмот на лустрација врз демократската консолидација во пост-комунистичките држави во Европа. Студентите го проследија предавањето со внимание и активно се вклучија во дискусијата со прашања и коментари.

✅Во рамките на Мастер студиите по уставно право посебно внимание се посветува на проблемите и предизвиците на демократските транзиции. Доколку сакаш да научиш повеќе како примената на транзиционата правда влијае врз демократската консолидација во пост-конфликтните и пост-репресивните општества, тогаш Мастер студиите по уставно право се вистинскиот избор за тебе.

📍Во текот на вчерашниот ден, во рамките на предметот Уставно право, студентите на правни студии од третата група, беа во...
16/04/2025

📍Во текот на вчерашниот ден, во рамките на предметот Уставно право, студентите на правни студии од третата група, беа во организирана посета на Собранието на Република Северна Македонија.

✅ За време на посетата студентите имаа можност да слушнат повеќе за историјата на парламентаризмот во нашата држава, организацијата и работата на Собранието, како и неговите основни надлежности. Дополнително, преку организирана обиколка на зградата на Собранието, студентите ги посетија најрепрезентативните простории на нашето Собрание.

➡Доколку сакате да знаете повеќе за историскиот настанок на парламентите, нивниот состав, положба, организација, улога и надлежности, тогаш Мастер студиите по уставно право се вистинскиот избор за тебе!

👉 Во текот на вчерашниот ден во рамките на предметот Уставно право, студентите на правни студии од втората група имаа мо...
09/04/2025

👉 Во текот на вчерашниот ден во рамките на предметот Уставно право, студентите на правни студии од втората група имаа можност да го проследат предавањето на професорот David Siegel на тема ,,Што ја ограничува извршната власт во САД: правото или политиката?”

🗯 Студентите го проследија предавањето со големо внимание и интерес. Воедно, преку поставување на прашања студентите активно учествуваа во предавањето и дискусијата. Со тоа, студентите на Правниот факултет ,,Јустинијан Први" уште еднаш покажаа дека поседуваат пошироки знаења и дека активно ги следат политичките случувања во државата и светот.

✅ Доколку сакаш да научиш повеќе за различните модели на организација на власта преку конкретни примери, тогаш те очекуваме на Мастер студиите по уставно право!

Address

Гоце Делчев бр. 9б
Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Мастер студии по уставно право posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The School

Send a message to Мастер студии по уставно право:

Shortcuts

Share