20/05/2026
Драги наши пензионери, ве поканувам на едно патување низ времето!
Во четврток, на 21 мај, со почеток од 19 часот, сите заедно да прошетаме по некогашното скопско корзо, покрај Ристиќева палата, поранешниот хотел „Македонија“, „Кенан“, „Ванила“ и „Громби“, местата каде се создаваа најубавите спомени.
Ќе ве потсетиме на времињата кога најважно беше да видиш некого и да бидеш виден, кога еден дискретен поглед значеше повеќе од илјада пораки на мобилен , а попладневните прошетки беа вистински настан во градот.
Вечерта ќе ја заокружиме со игранка во свечената сала на училиштето „Димитар Миладинов“ (поранешно „Браќа Рибар“).
Повелете на „Носталгија за корзо, сеќавање за едно убаво време“, настан што ќе ве врати во младоста.