14/11/2019
Денес 14.11.2019 во 11.00 часот во собранието на општина Ресен се одржа завршниот настан од проектот “Пчеларство – еколошки бизнис за младите” ко-финансиран во рамки на проектот Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан – ReLOaD, финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). На денешниот настан беше промовиран прирачникот "ПЧЕЛАРСТВО прирачник за почетници" пред учесниците во проектот и сите други заинтересирани пчелари во општина Ресен, исто така на учесниците во проектот им беа доделени сертификати за успечно помината обука од проектот “Пчеларство – еколошки бизнис за младите”.
# ReLOaD Regional Programme on Local Democracy UNDP MK Delegation of the European Union, Skopje.