ОНБ "Браќа Миладиновци" - Радовиш

Официјална facebook страна на Општинска Народна Билиотека

Operating as usual

01/12/2023

И З В Е С Т У В А Њ Е

Општинска народна библиотека ,,Браќа Миладиновци”-Радовиш заради заштеда во потрошувачката на електрична и топлинска енергија и врз основа на Одлука на Управен одбор на библиотеката поврзана со ова, ги известува корисниците на услуги дека од 04 Декември 2023 година па до крајот на грејната сезона 2023/2024 година, односно до крајот на месец Април 2024 година, ќе работи во една смена во термин од 08.00 до 16.00 часот секој работен ден.

30/11/2023
Photos from ОНБ "Браќа Миладиновци" - Радовиш's post 29/11/2023

ОДБЕЛЕЖАНИ 66 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ

Општинска народна библиотека ,,Браќа Миладиновци" -Радовиш денес со пригодна свеченост ја одбележа 66 годишнината од основањето и постоењето. На свеченоста, со музичка содржина свој придонес дадоа членови на музичката секција при ООУ ,,Крсте Петков Мисирков" од Радовиш предводени од професор Александар Ицов а со сценски драмски приказ насловен како ,,Т'га за југ" се претстави и драмската секција при истото училиште предводени од професор Томе Постолов.
За соработка и подршка на библиотеката во текот на 2023 година благодарници им беа доделени на: Oпштина Радовиш, ООУ ,,Крсте П. Мисирков", Образовниот центар ,,Едуко", Детската градинка ,,Ацо Караманов" и ТВ ,,Кобра".
Благодарници за соработка и придонес во активностите на библиотеката беа доделени и на тројца професори и тоа: Томе Постолов, Александар Ицов и Јовица Илиќ.
За најдобри читатели за 2023 година прогласени беа: Нада Шлукарова за највозрасен читател, Лила Кукутанова за најактивен читател, Викторија Митева за најдобар млад читател и Срна Ценева за најмлад детски читател.

26/11/2023

Образованието, несомнено, претставува еден од основните постулати, столб на
секое општество, без исклучок. Темелите на инклузивното општество произлегуваат и се аналогија на градењето инклузивно образование, бидејќи неспорен е фактот според
кој од образованието произлегуваат ученици кои утре ќе станат граѓани на државата, носители на севкупните општествени текови, промени и вредности.
Почитувани, бидете дел од Јавната дебата ,,Креирање инклузивна средина".

Термин: 28.11.2023 год.(Вторник)
Време: Од 12:00 до 14:00 часот
Место: Народна библиотека,,Браќа Миладиновци"-Радовиш.

20/11/2023

УЧЕНИЦИ ОД ООУ ,,ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ"- КОНЧЕ ВО ПОСЕТА НА БИБЛИОТЕКАТА

Денес ученици од шестто до деветто оделение од Општинското основно училиште ,,Гоце Делчев" во општина Конче, организирано ја посетија библиотеката во Радовиш. Посетата беше во рамки на одбележување на Месецот на книгата при што учениците се запознаа со работата и улогата на библиотеката во културно-образовното живеење во општините Радовиш и Конче.

Photos from ОНБ "Браќа Миладиновци" - Радовиш's post 16/11/2023

ПРОМОВИРАНА КНИГАТА ,,ДА СЕ УБИЕ СЕБЕ ВО СЕБЕ" ОД АВТОРОТ ДОНЕ ДОНЕВ

Денес, со промоција на книгата ,,Да се убие себе во себе" од поетот, актер и публицист Доне Донев од Кочани, Општинска народна библиотека ,,Браќа Миладиновци" -Радовиш ги заокружи активностите за одбележувањето на Месецот на книгата. За содржините на истата односно петте монодрами посветени на петмина македонски историски личности и дејци, пред присутните зборуваше поетот Борче Панов.

Photos from ОНБ "Браќа Миладиновци" - Радовиш's post 14/11/2023

Во рамки на активностите за одбележување на Месецот на книгата, како и взаемно воспоставената соработка помеѓу ООУ ,, Кирил и Методиј" од село Ораовица и Општинска народна библиотека ,,Браќа миладиновци" - Радовиш, денес во оваа училиште беше одржана средба на учениците со младата поетеса Оливера Марчетиќ, вработена во Општинска народна библиотека ,,Браќа Миладиновци" - Радовиш. На средбата, поетесата Марчетиќ, со топли и одбрани зборови на учениците и ја пренесе нејзината љубов кон книгите и пишаниот збор притоа искажувајќи надеж и верба да некои од учениците еден ден ќе бидат идни поети и автори на бројни дела.

Photos from ОНБ "Браќа Миладиновци" - Радовиш's post 13/11/2023

ОДБЕЛЕЖАН СВЕТСКИОТ ДЕН ЗА БОРБА ПРОТИВ ДИЈАБЕТЕС

Во присутво на поголем број заинтересирани граѓани, денес во просториите на Општинска народна библиотека ,,Браќа миладиновци" - Радовиш во организација на ЈЗУ Здравствен дом Радовиш , а во соработка со Здружението дијабетичарите на општините Радовиш и Конче беше одбележан Светскиот ден на борба против дијабетес. Во рамките на одбележувањето, д-р Панче Николов одржа предавање на тема: Препознавање на раните знаци и симптоми на дијабетес и негово правилно лекување, а екипа од здравниот дом спроведе бесплатна акција за мерење на гликемија.

Photos from ОНБ "Браќа Миладиновци" - Радовиш's post 10/11/2023

УЧЕНИЦИ ОД ООУ ,,КИРИЛ И МЕТОДИЈ" - ОРАОВИЦА ВО ПОСЕТА НА БИБЛИОТЕКАТА

Ученици од Општинското основно училиште ,, Кирил и Методиј" од село Ораовица денес ја посетија Општинската народна библиотека ,, Браќа миладиновци" - Радовиш. Повод за посетата беше одбележувањето на Месецот на книгата и разгледување на библиотеката како и запознавање со работата на истата.

Photos from ОНБ "Браќа Миладиновци" - Радовиш's post 07/11/2023

Денес во посета на Општинска народна библиотека ,,Браќа Миладиновци" -Радовиш беа дечиња од клонот ,,Цветови" при ЈОУДГ Ацо Караманов. Посетата беше во рамките на одбележувањето на Месецот на книгата со цел разгледување на библиотеката и запознавање со работењето на истата.
При посетата, децата на библиотеката и подарија творби изработени од нивните вредни рачиња и креации.

Photos from ОНБ "Браќа Миладиновци" - Радовиш's post 06/11/2023

Во рамки на одбележувањето на месецот на книгата, денес во посета на библиотеката беа дечиња од клонот Изворче при ЈОУДГ Ацо Караманов. Дечињата имаа можност да ја разгледаат библиотеката а од страна на библиотекарките беа запознати со работењето на библиотеката, незјините активности како и со опременоста на детското катче на библиотеката наменето за нивна возраст.
При посетата, децата на библиотеката и подарија лични творби изработени на хартија.

Photos from ОНБ "Браќа Миладиновци" - Радовиш's post 03/11/2023

По повод месецот на книгата, денес во посета на библиотеката беа дечиња од клонот Управна зграда. Дечињата имаа можност да ја разгледаат библиотеката и да се дружат во детското катче на библиотеката наменето за нивна возраст.
Од вредните рачиња на децата беше изработен цртеж и подарен на библиотеката.

Photos from ОНБ "Браќа Миладиновци" - Радовиш's post 03/11/2023

ЗАПОЧНА СО РАБОТА ШАХОВСКАТА СЕКЦИЈА

Во состав на Општинска народна библиотека ,,Браќа Миладиновци"-Радовиш, од денес со работа започна шаховската секција. За почеток, во истата членуваат 14 ученици - љубители на шаховската игра кои со шаховските табли ќе другаруваат двапати неделно. Младите љубители на шахот, шаховската игра и шаховските вештини , на оваа древна игра ќе ги подучуваат искусни шахисти од шаховскиот клуб во Радовиш. Инаку, потребните шаховски табли со фигури, како донација, библиотеката ги обезбеди од Шаховската федерација на Македонија.

31/10/2023

Општинска народна библиотека ,,Браќа Миладиновци"- Радовиш ги известува пријавените ученици за шаховската секција да се јават во библиотеката на 02 Ноември 2023 година во 14.00 часот.

Photos from ОНБ "Браќа Миладиновци" - Радовиш's post 28/10/2023

ВТОРИОТ ДЕН ОД КАРАМАНОВИТЕ СРЕДБИ РЕЗЕРВИРАН ЗА ПРОМОЦИИ НА ТРИ КНИГИ

Општинската народна библиотека ,,Браќа миладиновци" -Радовиш, денес во рамките на вториот ден од јубилејните 50 Карамановите поетски средби, беше место каде се собраа повеќе познати поети од Македонија и странство. Во рамките на ова, промовирани беа трите наградени книги по претходно распишаните конкурси. Од страна на Проф. Д-р Даниела Андоновска Трајковска промовирани беа: Наградената книга од странски автор а тоа е книгата ,,Замисли правта да припаѓаше само на другата страна" од авторот Јури Талвет од Естонија и најдобрата дебитантска книга под наслов ,,Апосемична мимикрија" од младата поетеса Димитра Десанивска - Ставрев од Битола.
Најдобрата книга од домашен автор под наслов ,,Поинаков сон" од авторот Ивица Челиковиќ, ја промовираше поетот Борче Панов, а воопшто за творештвото на Ацо Караманов и јубилејот 50 години на оваа поетската манифестација, зборуваше -Доне Донев, артист, публицист и поет.

Photos from ОНБ "Браќа Миладиновци" - Радовиш's post 27/10/2023

ЗАПОЧНУВААТ 50 ЈУБИЛЕЈНИ ,,КАРАМАНОВИ ПОЕТСКИ СРЕДБИ"

Photos from ОНБ "Браќа Миладиновци" - Радовиш's post 20/10/2023

ОДРЖАНА РАБОТИЛНИЦА ЗА ВОВЕДУВАЊЕ НА ДЕЦАТА ВО ШАХОВСКАТА ИГРА

Во организација на Општинска народна библиотека ,,Браќа Миладиновци" - Радовиш, а во соработка со Шаховската федерација на Македонија, денес за наставници од основните училишта од општините Радовиш и Конче во библиотеката беше одржано предавање за воведување на децата во шаховската игра.
На крајот од работилницата, на учесниците на истата и беа доделени сертификати а на училиштата како донација од Шаховската федерација и беа доделени по неколку шаховски табли. Инаку, на работилницата присуствуваа и претставници на Шаховскиот клуб од Радовиш со чија помош библиотеката ќе работи со новоформираната шаховска секција при библиотеката.

Photos from ОНБ "Браќа Миладиновци" - Радовиш's post 19/10/2023

ПРОМОВИРАНА КНИГАТА ,,КАКО ДА ГО ПОТТИКНЕМЕ ДЕТЕТО НА ГОВОР"

Општинска народна библиотека ,,Браќа Миладиновци" - Радовиш во рамките на одбележувањето на месецот на книгата, денес организираше промоција на книгата ,,Како да го поттикнеме детето на говор" од авторката Слаѓана Трајкова, дипломиран дефектолог - мастер логопед.
Навраќајќи се кон содржините на книгата, авторката Трајкова напомна дека истата е пред се наменета за воспитно-наставните кадри и родителите кои се соочуваат со проблемите со говорот кај децата во раните детски години. Потенцирајќи дека проблемите во говорот кај децата пред се се генетски но и социјални, таа укажа на потребата за секој родител како и воспитно-наставниот кадар што повеќе да работат со децата при оформувањето на нивниот говор и вербалното комуницирање во средината во која живеат.

17/10/2023

Почитувани,
Општинска народна библиотека ,,Браќа Миладиновци" - Радовиш Ве кани на промоција на книгата ,,Како да го поттикнеме детето на говор" од авторката Слаѓана Трајкова, наша сограѓанка која работи на превенција, дијагноза и третман на говор, јазик и глас кај деца и возрасни (нарушување на нартикулација на гласовите кај деца, развојни јазични нарушувања, развојни дисфункции, пелтечење, забавен
говорен развој, забавено прозборување, проблеми во
читање, проблеми во пишување и др.).
Авторката Трајкова има завршено Дефектолошки факултет – Логопедија во Белград – Р. Србија, а е автор на повеќе стручни трудови, записи и текстови поврзани за говорно – јазичните нарушувања кај деца и возрасни.

11/10/2023

Предавањето е од отворен карактер за сите заинтересирани граѓани.

Photos from ОНБ "Браќа Миладиновци" - Радовиш's post 06/10/2023

Светската недела на детето на достоен начин и со бројни пораки за подобар и правичен живот на децата изработени од вредните раце на стотина деца од Образовниот центар ЕДУКО, денес беше одбележана во Општинската народна библиотека Браќа Миладиновци" - Радовиш. Денешново творење и прекрасните изработки од децата од Едуко, во иднина, секојдневно ќе бидат поттик за посериозно и посветено продолжување со активностите за подобрување на состојбата на правата на децата на секој план. Благодарност до припадниците на Образовниот центар Едуко за денешнава заедничка активност со надеж за понатамошна взаемна соработка помеѓу библиотеката и едукативниот центар.

Photos from ОНБ "Браќа Миладиновци" - Радовиш's post 29/09/2023

Општинска народна библиотека ,,Браќа Миладиновци" - Радовиш, денес беше домаќин на библиотекари од неколку библиотеки и домови на култура од Југоисточниот регион на Македонија. Работната средба беше во организација на Библиотекаското здружение на Македонија и беше една од повеќето средби за реализација на проектот ,,Како до подобри услови за работа на библиотеките и до подобра норматива за вршење на библиотечната дејност". Проектот е финансиран од Министерството за култура а дел од проектот е и собирањето податоци за библиотеките во Македонија кои ќе се искористат во изготвувањето на Светската мапа на библиотеки на IFLA.
Инаку, досега вакви средби беа одржани во останатите региони во Македонија со поголем број од јавните и училишните библиотеки.

01/09/2023

Општинска народна библиотека ,,Браќа Миладиновци" - Радовиш, на првачињата и на останатите ученици, наставниците и професорите им го честита започнувањето на новата учебна година 2023/24.

26/08/2023

Пристигнаа најновите изданија од Издавачката куќа ,,Арс Ламина" од Скопје.

Photos from ОНБ "Браќа Миладиновци" - Радовиш's post 16/08/2023

АМБАСАДОРКАТА НА САД, ВО ПОСЕТА НА БИБЛИОТЕКАТА

По повод Меѓународниот ден на младите и Светскиот ден на хуманитарноста, денес во посета на Општинската народна библиотека ,,Браќа Миладиновци" -Радовиш беше амбасадорката на Соединетите Американски држави во Македонија, госпоѓа Ангела П. Агелер.
Во рамките на посетата, Амбасадорката Агелер имаше работна средба и дискусија со млади претставници од невладиниот сектор, ученици и студенти од Радовиш, а се разговараше за младинскиот активизам, волонтерството и нивниот ангажман во заедницата. Амбасадорот Агелер, ги охрабри младите да размислуваат за уникатните сили и средства на нивните заедници кои можат да се искористат за позитивни промени и развој.
По дискусиите, вклучувањето на средношколците на сет виртуелна реалност (VR) беше одличен начин да им се обезбеди извонредно и уникатно практично искуство.

Want your school to be the top-listed School/college in Radovis?

Click here to claim your Sponsored Listing.

Location

Category

Telephone

Address


Ulica , Ilindenska" B. B
Radovis
2420

Opening Hours

Monday 07:00 - 19:00
Tuesday 07:00 - 19:00
Wednesday 07:00 - 19:00
Thursday 07:00 - 19:00
Friday 07:00 - 19:00
Other Education in Radovis (show all)
Avto Skola SION Radovis Avto Skola SION Radovis
Radovis

- Од Сион, кој е врв на убавината, Бог заблиста. (Псалм50:2)

Obrazoven Centar EDUCO Obrazoven Centar EDUCO
Radovis, 2420

Образовниот центар EDUCO има за цел образование на деца?

Tehnicar Bezbednosti (B) - Nikola Tesla (Surdulica) Tehnicar Bezbednosti (B) - Nikola Tesla (Surdulica)
Radovis, 17530

Grupa smera: Tehnicar Bezbednosti, skole: Nikola Tesla, Surdulica

Kurs po Germanski jazik Kurs po Germanski jazik
22 Oktomvri Bb
Radovis, 2420