ООУ "Крсте Петков Мисирков" - Радовиш

ООУ "Крсте Петков Мисирков" - Радовиш Основно Општинско Училиште "Крсте Петков Мисирков" - Р?

Нашите ученици го претставија училиштето во најубаво светло. Голема благодарност до сите присутни гости.  Посебна чест с...
21/11/2022

Нашите ученици го претставија училиштето во најубаво светло. Голема благодарност до сите присутни гости. Посебна чест со своето присуство ни укажа нашето збратимено училиште од Р. Србија . Со Голема посветеност и упорност и во не баш едноставни економски услови размената на ученици и наставници и по трет пат после четириесет години е реализирана. Делата остануваат да зборуваат и да сведочат за тоа што заминало. Се друго се непотребно изговорени зборови. Македонија се сака со дела. Не со празни зборови. Бидејќи секоја вистина излегува на виделина. И само делата се вистина.

Освоено првоо место на фудбалската екипа на нашето училиште ООУ"Крсте Петков Мисирков" Радовиш.                         ...
15/11/2022

Освоено првоо место на фудбалската екипа на нашето училиште ООУ"Крсте Петков Мисирков" Радовиш. Денес во спортската сала на ООУ "Тошо Арсов" во Штип се оддржа зонски натпревар помеѓу екипите на основните училишта " Крсте Петков Мисирков" Радовиш со училиштата ООУ"Никола Вапцаров" Струмица и ООУ" Димитар Влахов" Штип. Нашата фудбалска екипа беше подобра од своите врсници. Со освоеното прво место нашата фудбалска екипа се пласира со учество на понатамошните натпреварувања- регион. Да им посакаме успех на нашите ученици и менторот Дарко Милентијевиќ во понатамошните натпреварувања.

Успешно завршен проект! ООУ"КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ Е ЦЕЛОСНО КЛИМАТИЗИРАНО!
12/11/2022

Успешно завршен проект! ООУ"КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ Е ЦЕЛОСНО КЛИМАТИЗИРАНО!

Денес започнуваме со реализација на еден современ проект кој подразбира надополнување на системот за греење. Во секоја у...
05/11/2022

Денес започнуваме со реализација на еден современ проект кој подразбира надополнување на системот за греење. Во секоја училишна просторија се вградени инвертер клими кои ќе ја надополнуваат топлината во зимскиот период . Воедно засекогаш ќе го решиме проблемот со топлината во потоплите месеци земајќи во предвид дека најголем број училници се изложени на сончева страна. Ова се надоврзува со проектот на општина Радовиш во кој е вклучено нашето училиште за постигнување фотоволтаични панели за самостојно произведување на електрична енергија. Со гордост може да кажеме дека ООУ.Крсте Петков Мисирков добива прекрасни и современи услови за работа за ефикасна реализација на воспитно образовниот процес.

Денес 1.11.2022 година во спортската сала на ООУ „Крсте Петков Мисирков“ се одржа Општински натпревар во кошарка за осно...
01/11/2022

Денес 1.11.2022 година во спортската сала на ООУ „Крсте Петков Мисирков“ се одржа Општински натпревар во кошарка за основни училишта - женски на кој ООУ „Крсте Петков Мисирков“ го освои првото место. Честитки до учениците и менторот. Продолжете да редите успеси.

Денес во спортската сала во ООУ „Крсте Петков Мисирков“ се одржа Општински натпревар во кошарка машки за основни училишт...
26/10/2022

Денес во спортската сала во ООУ „Крсте Петков Мисирков“ се одржа Општински натпревар во кошарка машки за основни училишта. Прво место ООУ Никола Карев, Второ место ООУ Крсте Петков Мисирков, Трето место ООУ Орце НИколов

Горди сме што официјално го започнавме Еразмус  проектот со нашето збратимено училиште од општина Јалова заедно со дирек...
28/09/2022

Горди сме што официјално го започнавме Еразмус проектот со нашето збратимено училиште од општина Јалова заедно со директорот Абдула. Овие денови на нашите часови ги имаме учениците и наставниците по англиски јазик кои заедно со нашите ученици ја следат наставата, разменуваат идеи и искуства.

Свечен прием на првачињата за учебната 2022-23 година.
02/09/2022

Свечен прием на првачињата за учебната 2022-23 година.

29/08/2022

Почитувани родители и ученици! Веќе ги броиме деновите до почетокот на учебната година. Свечениот прием на првачињата ќе биде на 01.09. (четврток) во 10 часот . Учениците од трето, петто, седмо и деветто одделение ќе дојдат на настава ПРВА смена од 7 и 30 часот. Учениците од второ, четврто, шесто и осмо одделение ќе дојдат на настава од 13 и 30 часот. Ве очекуваме со радост! Директор Лујза Спасова

Со големо задоволство информираме дека ООУ" Крсте Петков Мисирков" го доби Грандот за опремување на Сензорна соба со кој...
27/07/2022

Со големо задоволство информираме дека ООУ" Крсте Петков Мисирков" го доби Грандот за опремување на Сензорна соба со која многу ќе се олесни инклузијата на учениците со секаков вид на пречки во развојот, во воспитно- образовниот процес. Сензорната соба ќе биде опремена преку Проектот " Биди Ин, биди инклузивен, биди инклудиран" кој е финансиран од Европската Унија и има за цел градење на инклузивно општество каде секое дете ќе има можност да го исполни својот потенцијал.Со тоа ООУ" Крсте Петков Мисирков" е на вистинскиот пат да прерасне во современо, инклузивно училиште што ќе овозможи секое дете да учи и се развива според своите можности и потенцијали. Веќе сме сигурни дека учебната година ќе ја започнеме со уште подобри услови за работа!

Address

Radovis
2420

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when ООУ "Крсте Петков Мисирков" - Радовиш posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The School

Send a message to ООУ "Крсте Петков Мисирков" - Радовиш:

Shortcuts

Share