ООУ Орце Николов-с.Ињево

ООУ Орце Николов-с.Ињево Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from ООУ Орце Николов-с.Ињево, School, s. Injevo, Radovis.

ООУ „Орце Николов" с.Ињево се наоѓа во с.Ињево-Радовиш,со подрачни училишта во с.Сулдурци,Воиславци,Калуѓерица,Злеово и Покрајчево
Директор на училиштето: Дончо Ангелов ООУ Орце Николов се наоѓа во с.Ињево-Радовиш.
Во рамките на општинското основно училиште „Орце Николов“ се наоѓаат и пет подрачни основни училишта, при што во три од нив се изведува настава од прво до петто одделение, а во две од нив се изведува настава до деветто одделение. Овие училишта се:
Од прво до петто одделение
Подрачно основно училиште „Орце Николов“ во село Воиславци
Подрачно основно училиште „Орце Николов“ во село Покрајчево
Подрачно основно училиште „Орце Николов“ во село Сулдурци
Од прво до деветто одделение
Подрачно основно училиште „Орце Николов“ во село Злеово
Подрачно основно училиште „Орце Николов“ во село Калуѓерица

Визија на училиштето: Сакаме нашето училиште да биде безбедна и дисциплинирана средина каде учениците со задоволство ќе доаѓаат,затоа што во него наставата ќе биде квалитетно планирана и ќе биде со современи форми и методи на работа прилагодена на потребите и интересите на учениците,наставниците и државата воопшто.

✅🚲
06/06/2026

✅🚲

Детската насмевка е најубавата награда, а вчера таа блескаше насекаде околу нас! Нашите ученици од подрачните училишта в...
06/06/2026

Детската насмевка е најубавата награда, а вчера таа блескаше насекаде околу нас!
Нашите ученици од подрачните училишта во с. Калуѓерица, с. Воиславци и с. Покрајчево со многу радост, креативност и ентузијазам учествуваа во маскенбалот претставувајќи се како „Веселите медузи“, „Веселите готвачи“ и „Манжуретки“.

Зад секоја маска се криеја часови посветена работа, љубов и соработка помеѓу учениците, наставниците и родителите. Нивната заедничка ангажираност создаде вистинска магија исполнета со бои, смеа и незаборавни моменти.
Особено сме горди што преку ваквите активности ја негуваме детската креативност, самодоверба и другарство.

Детската радост, искрените насмевки и среќата во нивните очи се потсетник дека најубавите спомени се создаваат кога сите сме обединети во една заедничка цел – среќно и исполнето детство.
Благодарност до сите ученици, наставници и родители кои со својата љубов, труд и поддршка придонесоа овој ден да биде вистински празник на детската радост!
Jasmina Zifova
#орцетовашиотпријателназнаењетоиуспехот

Играме, возиме, учиме 🚦Учениците од одделенска настава при ООУ „Орце Николов“ с. Ињево, Радовиш денес реализираа вело ра...
02/06/2026

Играме, возиме, учиме 🚦

Учениците од одделенска настава при ООУ „Орце Николов“ с. Ињево, Радовиш денес реализираа вело работилница со низа едукативни и практични активности. Преку симулирање на сообраќајни ситуации на полигон и пешачки премин, бавна велосипедска трка и видео презентација во училница, учениците ги проширија своите знаења за безбедно учество во сообраќајот и правилно управување со велосипед.
🚴‍♀️🚴‍♂️ Со учење низ игра и практика, за побезбедни и поодговорни учесници во сообраќајот! 🚦
#орцетовашиотпријателназнаењетоиуспехот

⛺Учениците од одделенска настава од с. Калуѓерица деновиве уживаат во прекрасно дводневно кампување 🏕️во живописната око...
28/05/2026

⛺Учениците од одделенска настава од с. Калуѓерица деновиве уживаат во прекрасно дводневно кампување 🏕️во живописната околина на манастирскиот комплекс Манастирски комплекс Св. Никола.
👫Преку дружење, престој во природа и заеднички активности, учениците имаат можност на еден поинаков и интересен начин да учат, истражуваат и стекнуваат нови искуства. Наставата во природа претставува прекрасна можност за поврзување на знаењата со реалниот свет, развивање на љубов кон природата, тимски дух, меѓусебна почит и самостојност кај децата.
🏕️Во духот на заедништвото и детската радост, кампувањето поминува во весела атмосфера исполнета со игра, едукација, дружење и незаборавни моменти. Ваквите активности оставаат трајни спомени и придонесуваат за правилен раст и развој на учениците, збогатувајќи го нивното детство со убави искуства и нови пријателства.
🧑‍🏫 Огромна благодарност до одделенските раководители кои како и секогаш посветени кон реализацијата на оваа програма.
👫 Браво за учениците кои учествуваат во секоја активност која се однесува на стекнување на нови знаења и вештини.
Знаењата,воспитувањето не секогаш доаѓаат од учебниците.
✅Исто така голема благодарност и за родителите кои несебично ја поддржуваат оваа програма на нашето училиште.
#орцетовашиотпријателназнаењетоиуспехот

🌞Реализиран еднодневен наставно-научен ден исполнет со многу дружење,многу позитивна енергија ,среќни деца, и најважно  ...
27/05/2026

🌞Реализиран еднодневен наставно-научен ден исполнет со многу дружење,многу позитивна енергија ,среќни деца, и најважно стекнати нови знаења🍀
#орцетовашиотпријателназнаењетоиуспехот

Во свечена и достоинствена атмосфера, исполнета со почит и благодарност, се одржа манифестацијата за доделување на годиш...
22/05/2026

Во свечена и достоинствена атмосфера, исполнета со почит и благодарност, се одржа манифестацијата за доделување на годишни награди за професори и наставници, посветена на оние кои со својата работа, посветеност и знаење оставаат траен белег во образованието.

На настанот од нашето училиште со признанието за најдобар наставник беа одликувани наставниците Ratce Ristova и Todor Stefanov кои во текот на изминатата година се истакнаа со професионалност, иновативност, успешна работа со учениците и значаен придонес во развојот на воспитно-образовниот процес.

Честитки за колегите и успешна работа во понатамошниот воспитно образовен процес,со кои успеси ќе бидеме сите како колектив горди.

📚 Образованието е темел на секое успешно општество, а наставниците се неговата најголема сила.

📚Нашата ученичка Божица Коцева од IX² од нашето подрачно училиште во с.Калуѓерица, под менторство на наставничката по Ма...
22/05/2026

📚Нашата ученичка Божица Коцева од IX² од нашето подрачно училиште во с.Калуѓерица, под менторство на наставничката по Македонски јазик Снежана Лазаревска освои трета награда на литературниот конкурс организиран од СОУ „Димитар Мирасчиев“ – Штип.
Доделувањето на дипломите се оддржа во НУБ,,Гоце Делчев"Штип, при што на покана на институцијата,директорот на нашето училиште ја подигна наградата.

📚Ова признание е доказ дека пишаниот збор има моќ да допре до срцата, да пренесе емоции и да остави трага. Горди сме што талентот, креативноста и љубовта кон литературата на нашите ученици се препознаваат и вреднуваат.

✅Нека ова биде поттик за уште многу инспиративни творби, бидејќи секој напишан збор носи дел од душата на авторот. Честитки за успехот и посакуваме уште многу награди и успеси во иднина!
#орцетовашиотпријателназнаењетоиуспехот

Во нашето подрачно  училиште во с.Калуѓерица со нашиот училишен Специјален едукатор и рехабилитатор успешно се реализира...
21/05/2026

Во нашето подрачно училиште во с.Калуѓерица со нашиот училишен Специјален едукатор и рехабилитатор успешно се реализираше едукативна работилница на тема „Инклузија на деца со попреченост“, со цел кај учениците да се развива свеста за важноста од еднаквоста, прифаќањето и почитувањето на различностите.
Преку интересни активности, разговори и заедничка работа, учениците имаа можност подобро да разберат дека секое дете заслужува љубов, поддршка, внимание и еднакви можности за учење и дружење. Работилницата придонесе за поттикнување на емпатијата, другарството и меѓусебната почит, испраќајќи силна порака дека инклузијата е пат кон похумано и посреќно општество за сите.
Заедно учиме дека различностите не нè разделуваат, туку нè збогатуваат.
#орцетовашиотпријателназнаењетоиуспехот

Во просториите на нашето училиште со учениците од одделенска настава беше реализирано едукативно предавање по изборниот ...
21/05/2026

Во просториите на нашето училиште со учениците од одделенска настава беше реализирано едукативно предавање по изборниот предмет „Учам за моето здравје“.

Предавањето беше реализирано од страна на лекари стоматолози од ПЗУ „Д-р Зорица“ — Д-р Зорица А. Ефтимов и специјалист ортодонт Гордана С. Чаракчиева.

Учениците имаа можност да се запознаат со важноста на оралната хигиена, правилната грижа за забите и стекнувањето здрави навики уште од најрана возраст.

Им благодариме на предавачите за одвоеното време, стручноста и прекрасната соработка со нашето училиште.

📢 На 09.05.2026 (сабота) се одржа  државниот натпревар по англиски јазик во ООУ ,,Лазо Ангеловски" - Скопје. 🇬🇧На него з...
09/05/2026

📢 На 09.05.2026 (сабота) се одржа државниот натпревар по англиски јазик во ООУ ,,Лазо Ангеловски" - Скопје. 🇬🇧
На него зема учество нашата ученичка Валентина Јованова од шесто одделение под менторство на наставничката по англиски јазик Ратка Ристова Миладинова.
🔝Ученичката Валентина Јованова освои 87 поени (II награда). 📝👏
И' посакуваме многу успех и среќа и во иднина! 🍀🍀🍀
#орцетовашиотпријателназнаењетоиуспехот

Address

S. Injevo
Radovis
2420

Opening Hours

Monday 09:00 - 20:00
Tuesday 09:00 - 20:00
Wednesday 09:00 - 20:00
Thursday 09:00 - 20:00
Friday 09:00 - 20:00

Telephone

+38971253497

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when ООУ Орце Николов-с.Ињево posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The School

Send a message to ООУ Орце Николов-с.Ињево:

Shortcuts

Share

Category