ООУ ,,Коста Рацин" с. Подареш

ООУ ,,Коста Рацин" с. Подареш Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from ООУ ,,Коста Рацин" с. Подареш, Elementary School, с. Подареш, Radovis.

📌Пофалени ученици за континуирано одличен успех и исклучителни залагања во образовниот процес ✨🍀♥️🏆🎉
15/06/2026

📌Пофалени ученици за континуирано одличен успех и исклучителни залагања во образовниот процес ✨🍀♥️🏆🎉

ПолуматурантиГенерација 2025/2026 💫💫💫
12/06/2026

Полуматуранти
Генерација 2025/2026 💫💫💫

Честитки за Ученикот на генерацијата 🍀❤️💫
12/06/2026

Честитки за Ученикот на генерацијата 🍀❤️💫

11/06/2026

💫Драги наши деветтоодделенци среќно кон нови успеси 🍀🍀🍀

Драги наши полуматуранти!Денес, со последното училишно ѕвонче не заврши само учебната година, туку заврши и основното об...
10/06/2026

Драги наши полуматуранти!
Денес, со последното училишно ѕвонче не заврши само учебната година, туку заврши и основното образование за вас. Денешниот ден е еден од оние кои остануваат врежани во меморијата како пресвртница. Денес искачувате едно скалило погоре.
Гледајќи ве денес пред нас, не гледаме само ученици кои завршиле основно образование, туку гледаме личности подготвени да го освојат светот.
„Образованието е најмоќното оружје со кое можете да го промените светот.“ – Вие веќе го поседувате тоа оружје.
Драга генерацијo,
Патот што претстои нема секогаш да биде лесен, но не плашете се од предизвиците. Секоја пречка е лекција, а секој успех е потврда за вашиот труд. Ова училиште секогаш ќе биде ваш дом и неговите врати ќе останат отворени за вашите идни победи.
Ви посакуваме:
• Храброст - да ги следите вашите желби.
• Истрајност - кога патот ќе стане стрмен.
• Човечност - која ќе ја носите како свој најголем белег.
Ви честитаме за постигнатиот успех. Ние секогаш ќе го чуваме вашиот грб, а вие чекорете кон нови успеси.
Среќно кон нови предизвици, среќно кон нови радости и уште поголеми успеси !
🫶🫶🫶🫶🫶🫶🫶🫶🫶🫶🫶🫶🫶🫶🫶

📌Наставничкиот совет на ООУ "Коста Рацин" Подареш, на денешниот состанок за УЧЕНИК НА ГЕНЕРАЦИЈАТА 2025-2026 ја прогласи...
10/06/2026

📌Наставничкиот совет на ООУ "Коста Рацин" Подареш, на денешниот состанок за УЧЕНИК НА ГЕНЕРАЦИЈАТА 2025-2026 ја прогласи Анастасија Илиева од 9 одд.
♦️Во текот на основното образование, Анастасија се истакна со својата посветеност, одговорност, трудољубивост и желба за постојано напредување. Нејзините одлични резултати не се случајност, туку плод на многу труд, упорност и љубов кон учењето.
✨Покрај одличните оценки, Анастасија беше пример за добро однесување, почит кон наставниците и соучениците и активно учество во училишниот живот. Со својата позитивна енергија, искреност и подготвеност да помогне, таа остави прекрасен впечаток кај сите што имаа можност да работат и да се дружат со неа.
💫Титулата ученик на генерација е заслужено признание за нејзиниот успех и вложен труд. Убедени сме дека и во иднина ќе продолжи да постигнува значајни успеси и ќе биде гордост за своето семејство, наставниците и училиштето.🍀🍀🍀
♦️На Анастасија ѝ посакуваме многу здравје, среќа, нови знаења и исполнување на сите нејзини желби и цели. Нека ова признание биде поттик за уште поголеми достигнувања во иднина.♥️♥️♥️

🎓🌟 Честитки за заслужениот успех! 🌟🎓

🏆По објавувањето на КОНЕЧНИТЕ РЕЗУЛТАТИ од Државниот натпревар по македонски јазик, кој што се одржа на 7.6.2026 година ...
09/06/2026

🏆По објавувањето на КОНЕЧНИТЕ РЕЗУЛТАТИ од Државниот натпревар по македонски јазик, кој што се одржа на 7.6.2026 година во Скопје на Филолошки факултет "Блаже Конески" со големо задоволство сакаме да ја споделиме радоста дека победнички ја завршуваме оваа учебна година!

🥇 ПРВО МЕСТО и 87 бода за Анастасија Илиева од 9 одделение

🥈Антонела Димитрова од 7 одделение 82 бода II награда

🥉Леона Димитрова од 6 одделение 76 бода III награда

- ментор на учениците Анета Јанковиќ

🍀Резултатите и победата на Државен натпревар е огромен успех кој заслужува посебно признание за вложениот труд, знаење и упорност.

БРАВО девојчиња, честитки за прикажаниот успех ❤️❤️❤️
💫"Коста Рацин" има со што да се гордее
🫶🫶🫶

06/06/2026

🐬🐬🐬🐬🐬🐬🐬🐬🐬
🧜🧜🧜🧜🧜🧜🧜🧜🧜

✨Вчера, 5 јуни 2026 година Радовиш дишеше во ритамот на боите, звуците, танцот, насмевките и детскиот џагор🎉🎉🎉💃Меѓу сите...
06/06/2026

✨Вчера, 5 јуни 2026 година Радовиш дишеше во ритамот на боите, звуците, танцот, насмевките и детскиот џагор🎉🎉🎉
💃Меѓу сите шарени и весели маски на МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕТСКИ КАРНЕВАЛ РАДОВИШ 2026 беа и "Латино папагали" -маска од ООУ "Коста Рацин" Подареш и маска "Морски свет" од ПОУ"Коста Рацин" Јаргулица. Прекрасни со своите изведби, кореографии и креации беа наградени со ПРВО место за "Морски свет" и ВТОРО место за "Латино папагали".
💫Браво за нашите вредни ученици и креативни наставници🍀🎉🍀🎉🍀🎉🍀🎉

Address

с. Подареш
Radovis

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when ООУ ,,Коста Рацин" с. Подареш posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The School

Send a message to ООУ ,,Коста Рацин" с. Подареш:

Shortcuts

Share