ООУ „Браќа Миладиновци“- Пробиштип

ООУ „Браќа Миладиновци“- Пробиштип Основното училиште "Браќа Миладиновци" се наоѓа во Про?

16.5.2026 година Државен рецитаторски натпревар!✨️✨️✨️
28/05/2026

16.5.2026 година Државен рецитаторски натпревар!✨️✨️✨️

Државен натпревар по географија 13.5.2026 година 👏👏👏
28/05/2026

Државен натпревар по географија 13.5.2026 година 👏👏👏

Кога едноставно си ја сакаш професијата и кога секое утро со ентузијазам влегуваш во училницата која станува нераскинлив...
27/05/2026

Кога едноставно си ја сакаш професијата и кога секое утро со ентузијазам влегуваш во училницата која станува нераскинлив дел од твоето секојдневие и учениците стануваат твое пошироко семејство, успехот тука доаѓа сам по себе, а кога својата љубов кон професијата ќе ја надградиш со многу обуки,проекти и надвор од училиштето ,тогаш неминовно следува заслужена награда која не дошла сама по себе ,туку во неа се вложени многу одрекувања, лични одложувања на важни нешта. Како училиште денес може да се пофалиме и да го истакнеме звањето наставник - советник кое заслужено го доби нашата колешка Маја Митевска -Поцева за нејзиното долгогодишно вложување и напредување во воспитно - образовниот процес.Таа е прворангирана на ниво на нашата Општина со високи 210 поени кои се резултат на посветеноста, упорноста и љубовта кон професијата. Честитки од нашето училиште за колешката Маја Митевска Поцева и посакуваме уште многу успешни образовни приказни за неа и за целиот наш колектив.

Денес во ПУ Злетово, идните првачиња влегоа за првпат во училницата, која од септември ќе биде нивниот втор дом. Наставн...
27/05/2026

Денес во ПУ Злетово, идните првачиња влегоа за првпат во училницата, која од септември ќе биде нивниот втор дом. Наставничката Бранка Бошкова Стефановска и нејзините ученици им посакаа срдечно добредојде .👬👫👭🧑‍🤝‍🧑

Поетски успеси на нашите ученици од V одделение од ПУ Злетово и нивната наставничка Билјана Адраманова на Меѓународниот ...
23/05/2026

Поетски успеси на нашите ученици од V одделение од ПУ Злетово и нивната наставничка Билјана Адраманова на Меѓународниот поетски фестивал ,,Охридски бисер на поезијата 2026".Им посакуваме уште многу успешни поетски приказни.🍀🍀🍀

Со посебна чест и гордост денес го одбележавме ликот и делото на браќата Кирил и Методиј, македонски и сесловенски просв...
22/05/2026

Со посебна чест и гордост денес го одбележавме ликот и делото на браќата Кирил и Методиј, македонски и сесловенски просветители и им оддадовме заслужена почит во ПУ Злетово. За нас, Македонците, делото на Кирил и Методиј има особено значење. Тие се дел од нашето културно и духовно наследство, симбол на просветата, единството и напредокот. Нивната порака одекнува и денес -образованието е најсилното оружје, а знаењето е пат кон подобра иднина. Наш аманет е да го продолжиме нивниот пат, патот на образованието, воспитувањето и создавање генерации кои ќе бидат носители на знаење, добрина и човечност.
Вечна им слава.

,,20 Мај" -Денот на пожарникарите 🚒датум кој не потсетува за важноста на овие храбри луѓе за нормалното функционирање на...
19/05/2026

,,20 Мај" -Денот на пожарникарите 🚒датум кој не потсетува за важноста на овие храбри луѓе за нормалното функционирање на нашето секојдневие. Со својата хуманост, храброст, пожртвуваност тие секојдневно го жртвуваат својот живот за безбедноста на нашите животи. Честит Ден на пожарникарите и благодарност за вашата посветеност! Денес нашите пожарникари изведоа показни вежби пред учениците од Vа, Vб и Vп одделение и нивните наставнички Валентина Китанова, Станка Јаначковска и Жаклина Јачевска со што уште еднаш ја покажаа својата умешност и подготвеност за справување со кризни ситуации.

https://www.facebook.com/share/1bA6kRAbCt/                                                            Добредојдовте идни...
13/05/2026

https://www.facebook.com/share/1bA6kRAbCt/ Добредојдовте идни првачиња! Вашиот прв чекор во нашето училиште нека биде само почеток на една убава приказна што ќе ја напишеме заедно!🏤🍀👫

Успеси на Државниот натпревар по англиски јазик!🍀🍀🍀
11/05/2026

Успеси на Државниот натпревар по англиски јазик!🍀🍀🍀

🇲🇰 9 Мај – Ден на победата над фашизмот и Ден на Европа 🇪🇺Денес оддаваме почит на мирот, слободата и единството.Нека 9 М...
08/05/2026

🇲🇰 9 Мај – Ден на победата над фашизмот и Ден на Европа 🇪🇺

Денес оддаваме почит на мирот, слободата и единството.
Нека 9 Мај нѐ потсети дека со заедништво, почит и солидарност градиме подобра иднина за сите.

Да ги негуваме вредностите на мирот, толеранцијата и напредокот. ✨ Учениците од 5а и 5б одделение со нивните наставнички Валентина Китанова и Станка Јаначковска денес положија цвеќе пред бистата на Јаким Стојковски. Нека му е вечен споменот✨️ и на сите други херои кои го положија својот живот за нашата слобода!

Address

Улица Гоце Делчев, бр. 2
Probistip
2210

Telephone

(032)483-085

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when ООУ „Браќа Миладиновци“- Пробиштип posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share